WR 134
Податоци од набљудување Епоха 2000 Рамноденица 2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 10м [1] | 14,193с
Деклинација | 36° 10′ [1] | 35,07″
Прив. величина (V) | 8.08[2] |
Особености | |
Развојна фаза | Волф-Рајеова |
Спектрален тип | WN6-s[3] |
U−B Боен показател | −0.44[2] |
B−V Боен показател | 0.00[2] |
Променлив тип | Алгол[4] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −5.128[5] млс/г Дек.: −8.323[5] млс/г |
Паралакса (π) | 0.5418 ± 0.0308[5] млс |
Оддалеченост | 6.000 ± 300 сг (1.800 ± 100 пс) |
Апсолутна величина (MV) | -5.09[3] |
Податоци | |
Маса | 18[3] M☉ |
Полупречник | 5.25[3] R☉ |
Сјајност | 407,000[3] L☉ |
Температура | 63,100[3] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
WR 134 — променлива Волф-Рајеова ѕвезда на растојание од околу 6000 светлосни години од Земјата во соѕвездието на Лебед, опкружена со слаба меурчеста маглина, која е развеана од интензивното зрачење и брзиот ветар од ѕвездата. Таа е со полупречник пет пати поголем од полупречникот на Сонцето, но поради температурата над 63.000 К, таа е 400.000 пати посветла од Сонцето.
WR 134 е една од трите ѕвезди во Лебед забележана во 1867 година, која имала невообичаени спектри кои се состојат од интензивни оддавни линии, наместо нормални непрекинати линии и впивни линии. Ова е еден од првите членови на класата на ѕвезди кои подоцна се наречени Волф-Рајови ѕвезди (WR ѕвезди) по Чарлс Волф и Жорж Раје, кои го забележале нивниот необичен изглед.[6] Станува збор за член на азотната секвенца на WR-ѕвезди, додека другите две ( WR 135 и WR 137 ) се и членови на јаглеродната секвенца, кои исто така имааат OB придружници. WR 134 има спектар со оддавност N III и N IV која е два до пет пати посилна од N V, што доведува до одредување на спектралниот тип WN6. Спектарот исто така покажува силни оддавности на He II и послаби линии на He I и C IV .[7]
WR 134 се класифицира како затемнувачка променлива ѕвезда од типот на Алгол и има ознака V1769 Лебед, но промената не е строго периодична и промените на сјајноста се случуваат во временски периоди од неколку часови до денови. Неколкупати е испитано дали постојат придружници. Морел објавил примарен период од 2,25 денови, но сметал дека промените се должат на вртежна модулација, а не на можноста од постоење на придружник.[8] Рустамов наведува на орбитален период од 1,887 денови со можен придружник К-М џуџе, но со дополнителни оптички промени.[9]
Од WR 134 се оддаваат тврди и меки рендгенски зраци, но изворите не се целосно објаснети. Оддавањето не се совпаѓа со ниедна ѕвезда со таа температура, што е пак недоволно за судири меѓу ветровите помеѓу двете топли ѕвезди, и секој компактен извор, како што е неутронска ѕвезда или ладно џуџе, би биле во невозможна орбита.[10]
WR 134 е за помалку од еден степен подалеку од WR 135 и се верува дека двете се наоѓаат на приближно исто растојание од Земјата во рамките на здружението на ѕвезди Лебед OB3.[11] Двете ѕвезди се сместени во обвивка на водород за кој се смета дека е зафатена од меѓуѕвездената средина кога едната или двете ѕвезди биле на главната низа. Обвиката има пречник од четириесет парсеци и содржи водород со маса од околу 1,830 M☉. Не е познато која од двете ѕвезди е причината за создавањето на обвивката.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Van Leeuwen, F. (2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Sota, A.; Maíz Apellániz, J.; Morrell, N. I.; Barbá, R. H.; Walborn, N. R.; Gamen, R. C.; Arias, J. I.; Alfaro, E. J.; Oskinova, L. M. (2019). „The Galactic WN stars revisited. Impact of Gaia distances on fundamental stellar parameters“. arXiv:1904.04687 [astro-ph.SR].
- ↑ Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ Murdin, P. (2001). „Wolf, Charles J E (1827-1918)“. The Encyclopedia of Astronomy and Astrophysics. стр. 4101. Bibcode:2000eaa..bookE4101.. doi:10.1888/0333750888/4101. ISBN 0333750888.
- ↑ Hiltner, W. A.; Schild, R. E. (1966). „Spectral Classification of Wolf-Rayet Stars“. Astrophysical Journal. 143: 770. Bibcode:1966ApJ...143..770H. doi:10.1086/148556.
- ↑ Morel, T.; Marchenko, S. V.; Eenens, P. R. J.; Moffat, A. F. J.; Koenigsberger, G.; Antokhin, I. I.; Eversberg, T.; Tovmassian, G. H.; Hill, G. M. (1999). „A 2.3 Day Periodic Variability in the Apparently Single Wolf‐Rayet Star WR 134: Collapsed Companion or Rotational Modulation?“. The Astrophysical Journal. 518: 428. arXiv:astro-ph/9901269. Bibcode:1999ApJ...518..428M. doi:10.1086/307250.
- ↑ Rustamov, D. N.; Cherepashchuk, A. M. (2012). „Spectral and photometric studies of the Wolf-Rayet star WR 134 = HD 191765“. Astronomy Reports. 56 (10): 761. Bibcode:2012ARep...56..761R. doi:10.1134/S1063772912100058.
- ↑ Skinner, S. L.; Zhekov, S. A.; Güdel, M.; Schmutz, W.; Sokal, K. R. (2010). „X-Ray Emission from Nitrogen-Type Wolf-Rayet Stars“. The Astronomical Journal. 139 (3): 825. arXiv:0912.1326. Bibcode:2010AJ....139..825S. doi:10.1088/0004-6256/139/3/825.
- ↑ Gervais, Simon; St-Louis, Nicole (1999). „A Large H I Shell surrounding the Wolf-Rayet Star HD 191765“. The Astronomical Journal. 118 (5): 2394. Bibcode:1999AJ....118.2394G. doi:10.1086/301065.
- ↑ Sitnik, T. G.; Lozinskaya, T. A. (2009). „Structure and kinematics of the interstellar medium around WR 134 and WR 135“. Astronomy Letters. 35 (2): 121. Bibcode:2009AstL...35..121S. doi:10.1134/S1063773709020066.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Астрономска слика на денот: WR 134 Ring Nebula (21 јуни 2012 г.)
- Wolf Rayet shells
- NOAO page[мртва врска]