Прејди на содржината

Tyga

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tyga
Tyga на настап во 2019
Роден(а)Мајкл Реј Стивенсон
19 ноември 1989(1989-11-19)(34 г.)
Комптон, Калифорнија, САД
Занимање
  • Рапер
  • текстописец
Активен период2004–денес
ТВ програм(и)Kingin' with Tyga
СопружникЏордан Крег (в. 2010; div. 2011)[1]
ПартнерБлек Чајна (2011–2014)
Деца1

Мајкл Реј Стивенсон [2] (англ. Michael Ray Nguyen-Stevenson; роден на 19 ноември 1989 г. во Комптон, Калифорнија), познат по естрадното име Tyga (македонски се изговара: Тајга), [3] ― американски рапер. По многу независни изданија, Tyga во 2008 година потпишал со Young Money Entertainment, Cash Money Records и Republic Records. Неговиот прв албум со голема издавачка куќа Careless World: Rise of the Last King бил објавено во 2011 година. На албумот, меѓу другите биле и песните „Rack City“, „Faded“ (со Лил Вејн), „Far Away“ (со Крис Ричардсон), „Still Got It“ (со Дрејк) и „Make It Nasty“. По успехот со овој албум ги објавил Hotel California (2013) и Fan of a Fan: The Album (2015), во соработка со пејачот Крис Браун.

Поради несогласувања со Young Money, следниот албум на Tyga, The Gold Album: 18th Dynasty бил независно издаден на 23 јуни 2015 година. Извршен продуцент на албумот бил Кање Вест, а тоа бил дотогаш најслабо продаван албум со продадени 5.000 еквивалентни единици на албуми во првата недела.[4]

По период на стагнација, неговиот сингл од мај 2018 година, „Taste“ (со Офсет), се искачил на 8-то место на Billboard Hot 100, и тоа бил негов прв сингл во Топ 40 по „Ayo“ со Крис Браун во 2015 година. Во 2019 година го објавил неговиот седми албум Legendary.[5]

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Мајкл Реј Стивенсон е роден на 19 ноември 1989 година, во Комптон, Калифорнија,[6] Живеел таму додека не „наполнил околу 11, 12 години“, па се преселил во соседниот град Гардена. [7] Потекнува од родители од Јамајка и Виетнам.[8] На неговата музика во детството покрај другите влијаеле: Fabolous, Lil Wayne, Cam'ron и Eminem.[9]

На 10 јуни 2008 година, Tyga го издал својот прв независен албум, No Introduction.[10] Една песна од овој албум, „Diamond Life“, била користена во видео игрите Need for Speed: Undercover и Madden NFL 2009, како и во филмот Fighting од 2009 година.

Кон крајот на 2008 година, Tyga потпишал договор со Young Money Entertainment од Лил Вејн, кој во тоа време бил подружница на Cash Money Records. Tyga објавил многу микстејпи, и со пејачот Крис Браун го објавил Fan of a Fan. Песната „Deuces“ била издадена како водечки сингл на микстејпот и на 26 август 2010 година стигнала до 14 место на Billboard Hot 100 и на прво место на Billboard Hot R&B/Hip-Hop Songs. Песната била номинирана и за најдобра рап соработка на 53-тото доделување на Греми наградите.[11] [12] Песната, се нашла и на листата на песни на четвртиот студиски албум на Крис Браун, FAME.

Во 2009 година, учествувал во снимањето на заедничкиот албум на членовите на Young Money Entertainment  - We Are Young Money .

На 21 февруари 2012 година, Tyga го издал својот втор соло албум Careless World: Rise of The Last King. Како подготовка за албумот, Tyga во декември 2011 година го издал микстејпот #BitchImTheShit.

На 21 јули 2017 година, Tyga го издал својот петти студиски албум, BitchImTheShit2, продолжение на неговата микстап од 2011 година #BitchImTheShit.

На 16 февруари 2018 година, Tyga го издал својот шести студиски албум, Кјото. Албумот бил поддржан од критичарите, но слабо се продавал, и станал прв негов албум кој не успеал да се пласира на топ листите.[13] [14]

На 16 мај 2018 година, Tyga го објавил синглот „Taste“ со Offset од Migos. Песната станала хит, и една од најпопуларните песни за летото 2018 година и се искачила на 8-мо место на американскиот Billboard Hot 100. Песната се смета за катализатор за враќањето на Tyga во мејнстрим музичкиот центар по речиси 5 години слаба продажба и негативни критики, и се смета за негова „камбек“ снимка.[15] [16] [17]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • No Introduction (2008)
  • Careless World: Rise of the Last King (2012)
  • Hotel California (2013)
  • The Gold Album: 18th Dynasty (2015)
  • BitchImTheShit2 (2017)
  • Kyoto (2018)
  • Legendary (2019)

Албуми во соработка

  • Fan of a Fan: The Album (2015)

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Греми награди

  • 2011: Најдобра рап/песна соработка - Deuces со Крис Браун и Кевин Мекол (номиниран)

Американски музички награди

  • 2012: Омилен рап/хип-хоп изведувач (номиниран)
  1. „Tyga Was Once Married to Jordan Craig, Mother of Tristan Thompson's Son“. E! News. May 18, 2019.
  2. Micheal Ray Stevenson at California Birth Index.
  3. „Thank You God Always=Tyga“. T-Raww (Tyga) on Twitter. February 14, 2010. Посетено на October 8, 2012.
  4. Smith, Trevor (July 4, 2015). „Charts Don't Lie: July 4th“. HotNewHipHop.com. Посетено на July 4, 2015.
  5. „Tyga Didn't Plan To Make An Album, But Couldn't Deny The Party Vibe Of "Legendary". HotNewHipHop.com. June 7, 2019. Посетено на June 9, 2019.
  6. Jeffries, David. „Artist Biography [Tyga]“. AllMusic.com. Посетено на February 17, 2015.
  7. „Tyga: Yes, I'm From Compton“. Power 106 Los Angeles YouTube channel. December 21, 2012. Посетено на February 28, 2015.
  8. „Tyga talks about his Vietnamese and Jamaican origin“. TygaTygaTv YouTube channel. June 18, 2011. Посетено на June 2, 2013.
  9. „Interview: Tyga Talks Upcoming Album "Hotel California," G.O.O.D. vs. YMCMB, and Why Blogs Are Corny Now“. Complex. October 8, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-27. Посетено на June 2, 2013.
  10. (April 7, 2008).
  11. „Chris Brown & Tyga - Fan Of A Fan Hosted by DJ Ill Will & Dj Rockstar // Free Mixtape @“. Datpiff.com. May 17, 2010. Архивирано од изворникот на 2023-02-03. Посетено на August 12, 2011.
  12. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100“] Проверете ја вредноста |url= (help). Billboard.com. Посетено на August 12, 2011.
  13. „Review "Kyoto" Proves Tyga Should Stick To Rapping, Dammit“. HipHopDX. March 22, 2018. Посетено на April 10, 2018.
  14. „Tyga: Kyoto Album Review“. Pitchfork. Посетено на April 10, 2018.
  15. Празен навод (help)
  16. „How Tyga Pulled Off the Year's Biggest Comeback“. Complex.com. Посетено на April 2, 2020.
  17. Norwin, Alyssa (January 17, 2019). „Tyga Fires Back At Soulja Boy's Diss With Proof That HE Actually Had The Bigger Comeback In 2018“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Tyga's channel on YouTube