Smaky
Smaky е линија од претежно 8-битни лични сметачи со придружен оперативен систем проф. Жан-Даниел Нику и неговите колеги од Федералната политехничка школа во Лозана, Швајцарија започнувајќи од 1974 г. Овие сметачи се користеле во техничката школа и во швајцарските улилишта. Името е кратенка од зборовите „SMArt KeYboard“, бидејќи матичната плоча и другите делови се сместени во едно исто куќиште заедно со тастатурата.
Првите три модели, Smaky 1, Smaky 2 и Smaky 4, се засноваат на микрообработувачот Intel 8080 (Smaky 3 е недовршен прототип). Во 1978 Smaky почнал да го користи 8-битниот обработувач Zilog Z80. Во овој период Smaky произведувале и преносен сметач сличен на Osborne.
Во 1981 подлогата е сменета на 32-битниот обработувач Motorola 68000. За овој сметач е изработен и нов оперативен систем наречен „Psosз“, кој се користел во сите наредни модели.
Развојната дејност на Smaky завршила во 1995 г. Во 2000 г. е направен емулатор на Smaky за Microsoft Windows.
Модели
[уреди | уреди извор]-
Smaky 4 (прототип)
-
Глувче за Smaky
-
Smaky 6
-
Smaky 100
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Smaky“ на Ризницата ? |
- Smaky - Историја на информатиката во Швајцарија Архивирано на 30 октомври 2007 г. (англиски)
- Fosfat (библиотека FOS и додаток FUSE за GNU/Linux) (англиски)
Оваа поврзана со сметачите статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |