Прејди на содржината

Rockstar Games

Од Википедија — слободната енциклопедија
Rockstar Games, Inc.
ВидФилијала на Take-Two Interactive
ДејностВидеоигри
Основано1998
ОсновачDan Houser
Jamie King
Sam Houser Уреди на Википодатоците
Седиште,
Клучни личности
Сем Хаузер (претседател)
Ден Хаузер
ПроизводиGrand Theft Auto, Midnight Club, Manhunt, Max Payne, Bully, Red Dead
СопственикTake-Two Interactive
Матично претпријатие
Take-Two Interactive
Мреж. местоwww.rockstargames.com

Rockstar Games (студиото е познато како Rockstar Games NYC) е британска компанија за изработка и издавање на видеоигри со седиште во Њујорк, во сопственост на Take-Two Interactive. Како марка е најпозната по серијалите Grand Theft Auto, Max Payne, Midnight Club и Red Dead, како и употребата на отворен свет во нивните игри. Се состои од студија кои ги купувале и преименувале, а некои од нив ги создале самите. Rockstar Games била основана во Њујорк во 1998 година од страна на британските продуценти на видеоигри Сем Хаузер, Ден Хаузер, Тери Донован, Џејми Кинг и Гери Форман.[1][2]

Седиштето на Rockstar Games се наоѓа на Бродвеј во населбата Сохо во Њујорк, во просториите на Take-Two Interactive.

Филмови1 Година Жанр
Фабрика за фудбал 2004 Драма
Неделен возач 2005 Документарец
Белешки
  1. Rockstar Games ги пишува како извршни продуценти
  1. Лора Ејвери (2005). Newsmakers: the people behind today's headlines :2004 cumulation. стр. 212. Gale Research, 2005.
  2. „Rockstar Games“. 2009-03-31. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2009-03-31.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Студија