Прејди на содржината

Need for Speed

Од Википедија — слободната енциклопедија
Need for Speed

Жанр(ови) Трки
Изработувач(и) * Criterion Games (2010–13)
Издавач(и) Electronic Arts
Прво издание The Need for Speed
31 август 1994
Последно издание Need for Speed: Unbound
2 декември 2022

Need for Speed е серија аркадни симулации на возење. Беше објавен од Electronic Arts и развиен од различни студија (EA Black Box, Criterion Games и Ghost Games). Првото издание беше објавено во 1994 година и го доби името по познатиот цитат од филмот Топ Ган. Сите изданија имаат тркачки возила и различни патеки за трка, додека некои вклучуваат полициска потера. Од Need for Speed: High Stakes исто така е можно козметички и механички да се измени возилото.

Need for Speed ​​е најуспешната тркачка видео игра во светот и една од најуспешните франшизи за видео игри. Досега се продадени над 150 милиони копии на игри од оваа франшиза.