Време во Нов Зеланд
Часовен појас | Стандардно време | Летно време |
---|---|---|
Нов Зеланд | UTC 12:00 | UTC 13:00 |
Четемски Острови | UTC 12:45 | UTC 13:45 |
Токелау | UTC 13:00 | |
Кукови Острови | UTC-10:00 | |
Ниуе | UTC-11:00 | |
Моменталното време во Нов Зеланд е: {{time}} — грешка при пресметување на времето и датумот (dst) (помош) | ||
Моменталното време на Куковите Острови е: 23:03 4 ноември 2024 | ||
|
Нов Зеланд има две часовни појаси. Главните острови користат новозеландско стандардно време (NZST), 12 часа понапред од координираното универзално време (UTC), додека пак оддалечените Четемски Острови користат четемско стандардно време (CHAST), 12 часа и 45 минути пред UTC.
Во текот на летото (точни датуми подолу) се практикува летно сметање на времето кога часовниците се поместуваат за еден час нанапред. Така, новозеландското летно време (NZDT) е 13 часа понапред од UTC, а Четемското летно време (CHADT) е 13 часа и 45 минути понапред од UTC.
Росовата Зависност на Антарктикот го следи новозеландското време (NZST/NZDT), заедно со станиците Мекмердо и Амундсен-Скот.
Покрај ова, Нов Зеланд има зависни територии со две различни часовни појаси кои лежат на другата страна од меѓународната датумска граница:
- Куковите Острови и Токелау се наоѓаат во појасот UTC−10 и не практикуваат летно сметање. Така, тие се 22 или 23 часа зад Нов Зеланд, или со други зборови, новозеландското време без еден ден плус 1 или 2 часа.
- Ниуе UTC−11.
Летно сметање
[уреди | уреди извор]Започнувајќи од 2007 г. во Нов Зеланд летното време започнува од последниот ден недела во септември до првиот ден недела во април.
Стандарди
[уреди | уреди извор]Стандардот за време во Нов Зеланд е во надлежност на Лабораторијата за мерни стандарди, дел од претпријатието Industrial Research Limited. Точното време се прогласува на повеќе начини, како емитување на тонови на Радио Нов Зеланд, точно време по телефон и мрежен временски протокол (NTP).
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Лабораторија за мерни стандарди Архивирано на 9 јули 2010 г. (англиски)
- „Часовни појаси во Нов Зеланд“. Statoids. (англиски) (англиски)
- Страница за летно сметање на времето - Министерство за внатрешни работи на Нов Зланд (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Времемерење“ - Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд (англиски)
|