MWC 349
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 32м [1] | 45,493с
Деклинација | 40° 39′ [1] | 36,75″
Прив. величина (V) | 13,15[2] |
Особености | |
Развојна фаза | [ѕвезда [B(e) |
Спектрален тип | Bpe B0-1.5 I B0 III[3] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −9 ± 2[3] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 30,2[2] млс/г Дек.: −14,4[2] млс/г |
Оддалеченост | 4.560 сг (1.400[4] пс) |
Апсолутна величина (MV) | −6,7 / −7,3[4] |
Податоци | |
Маса | 38[3] M☉ |
Сјајност (болометриска) | 400.000 / 630.000[4] L☉ |
Температура | 24.000 ± 4.000[3] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
MWC 349 — двојна (најверојатно, троен) ѕвезден систем во соѕвездието Лебед. неговите својства и одлики се уште се во дебата и е можно да станува збор за масивна високосјајна ѕвезда или многу млада сјајна Хербигова Ae/Be-ѕвезда. MWC 349 е исто така променлива ѕѕвезда со ознака V1478 Лебед.
MWC 349A и B и третата ѕвезда
[уреди | уреди извор]MWC 349 е раздвојна двојна ѕвезда, при што двете составници се на растојанија од 2,4 лачни секунди. Првичната, MWC 349A, е B[e]- ѕвезда, каде B е спектралниот тип а [e] ги означува забранетите оддавни линии. Неговиот спектар има недостаток од впивливи одлики и е променлива ѕвезда но е класифицирана како B0-1.5 од суперџиновската сјајна класа. Втората, MWC 349B, е џиновска ѕвезда од спектрален тип B0III.[4]
Предложено е дека во близина има и трета ѕвезда, со помала маса во блиска орбита околу MWC 349A, најверојатно на растојание од 12–13 ае од ѕвездата со орбитален период од 9 години. оваа ѕвезда не езабележана но би фо објаснила чудните особености на системот.[4]
Особености
[уреди | уреди извор]MWC 349B е налик на вообичаена врела џиновска ѕвезда, но MWC 349A е многу невообичаена ѕвезда. Таа е суперџиновска B[e]-ѕвезда, што значи дека е сјајна ѕвезда со голема загуба на маса и диск на материјал во орбита околу ѕвездата. Овие одлики ги споделува со ѕвездите пред главната низа и развиените многу масивни ѕвезди, и не е јасно во која категорија спаѓа MWC 349A.[5][6]
MWC 349 е еден од најсјајните радиоизвори на небото и 2 cm набљудувања укажуваат на маглина во облик на песочен часовник.[3] Таа исто така има мнугу слаба инфрацрвена маглина со иста насока и геометрија, но 400 пати поголема (полупречник од 5 парсеци). Невоовичаено е прикажувањето на водородна рекомбинациони масери иласери, протолкувани дека се со потекло од дискот.[4]
една теорија е дека MWC 349A е високосјајна развиена ѕвезда слична на сјајна сина променлива ѕвезда (LBV), со апсолутна величина некаде меѓу −6,7 и −7,3, и болометриска сјајност неколку илјади пати поголема од онаа на Сонцето.[4] Таа е променлива ѕвезда наведена во Општиот каталог на променливи ѕвезди како променлива ѕвезда од типот на S Златна Рипка поради неправилната сјајност и спектрални промени.[7] Далечната поврзаност со MWC 349B и нејзината оддалеченост од ѕвездородните области кои нормално би биле местата во кои сјајните ѕвезди се вообичаена појава. Една можност е дека целокупниот систем бил исфрлен и Лебед OB2 и двете составници станале слободни поради загубата на маса на MWC 349A.[4]
Друга теорија пак тврди дека MWC 349A сè уште не е ѕвезда на главната низа. Пак е масивна ѕвезда опколена со диск на материјал, но тој материјал не бил исфрлен од ѕвездата, и сјајноста е пониска отколку во случајот со помасивните равиени ѕвезди. Компактната природа на материјалот кој впива и ја зрачи повторно енергијата од ѕвездата укажува дека е неверојатно дека станува збор за крајно сјајна ѕвезда.[6]
Потекло
[уреди | уреди извор]MWC 349 можно е да е ѕвезда „бегалка“ исфрлена од блиското, масивно ѕвездено здружение Лебед OB2. Масата на главната составница на системот, MWC 349A, се претпоставува дека кога била создадена ѕвездата била 40 пати поголема од масата на Сонцето, но ѕвездениот развој ја оставил со само 20-25 сончеви маси, дестабилизирајќи го системот и предизвикувајќи MWC 349B да не е повеќе гравитациски сврзана ѕвезда.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Zacharias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: The Second U.S. Naval Observatory CCD Astrograph Catalog (UCAC2)“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 1289. Bibcode:2003yCat.1289....0Z.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Zacharias, N. (2012). „The fourth US Naval Observatory CCD Astrograph Catalog (UCAC4)“. VizieR On-line Data Catalog. 1322. Bibcode:2012yCat.1322....0Z.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Aret, A; Kraus, M; Šlechta, M (2015). „Spectroscopic survey of emission-line stars – I. B[e] stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 456 (2): 1424. arXiv:1511.07270. Bibcode:2016MNRAS.456.1424A. doi:10.1093/mnras/stv2758.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Gvaramadze, V. V; Menten, K. M (2012). „Discovery of a parsec-scale bipolar nebula around MWC 349A“. Astronomy & Astrophysics. 541: A7. arXiv:1203.2953. Bibcode:2012A&A...541A...7G. doi:10.1051/0004-6361/201218841.
- ↑ Báez-Rubio, A; Martín-Pintado, J; Thum, C; Planesas, P (2013). „A non-LTE radiative transfer model to study ionized outflows and disks. The case of MWC349A“. Astronomy & Astrophysics. 553: A45. arXiv:1307.3896. Bibcode:2013A&A...553A..45B. doi:10.1051/0004-6361/201219889.
- ↑ 6,0 6,1 Sallum, S; Eisner, J. A; Hinz, P. M; Sheehan, P. D; Skemer, A. J; Tuthill, P. G; Young, J. S (2017). „Improved Constraints on the Disk around MWC 349A from the 23 m LBTI“. The Astrophysical Journal. 844: 22. arXiv:1706.05010. Bibcode:2017ApJ...844...22S. doi:10.3847/1538-4357/aa7855.
- ↑ Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/gcvs. Originally published in: 2009yCat....102025S. 1. Bibcode:2009yCat....102025S.
Дополнителна литература
[уреди | уреди извор]- Danchi, W. C; Tuthill, P. G; Monnier, J. D (2001). „Near-Infrared Interferometric Images of the Hot Inner Disk surrounding the Massive Young Star MWC 349A“. The Astrophysical Journal. 562: 440. Bibcode:2001ApJ...562..440D. doi:10.1086/323530.