KPD 1930 2752
Податоци од набљудување Епоха J2000.0 (ICRS) Рамноденица J2000.0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 32м [1] | 14,81с
Деклинација | 27° 58′ [1] | 35,5″
Прив. величина (V) | 13,82[1] |
Спектрален тип | sdB D? |
Други ознаки | |
V2214 Cyg, 2MASS J19321480 2758354 | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KPD 1930 2752 — двоен ѕвезден систем кој вклучува ѕвезда бело-сино подџуџе и веројатно бело џуџе со релативно голема маса.[2] Поради природата на астрономскиот систем, е потенцијален кандидат за супернова од типот Ia, вид на супернова кој настанува кога белото џуџе ќе привлеќе доволно голема маса материја за да се доближи до Чандрасекаровата граница, точка при која електронскиот одродувачки притисок нема да биде доволен за да ја поддржува неговата маса. Сепак, пред сето ова ќе имаме соединување на јаглеродот, ослободувајќи доволно енергија за да се надмине силата на гравитација која ја држи ѕвездата, што ќе доведе до појава на супернова.
Вкупната маса на двојниот систем ја поминува Чандрасекаровата граница, правејќи го овој систем еден од најверојатните кандидати за кој се знае дека ќе создадат во иднина супернова од типот Ia.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „KPD 1930 2752“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 28 November 2016. (англиски)
- ↑ Geier, S.; Nesslinger, S.; Heber, U.; Przybilla, N.; Napiwotzki, R.; Kudritzki, R.-P. (2007). „The hot subdwarf B white dwarf binary KPD 1930 2752. A supernova type Ia progenitor candidate“. Astronomy and Astrophysics. 464: 299–307. arXiv:astro-ph/0609742. Bibcode:2007A&A...464..299G. doi:10.1051/0004-6361:20066098.