Прејди на содржината

Hole (група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Hole
Hole на настап во Public Assembly, Њујорк во април 2013
Животописни податоци
ПотеклоХоливуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1989 (1989)–2002
  • 2009–2012
Издавачи

Hole (транскрипција: Хоул) ― поранешна американска алт-рок- група основана во Лос Анџелес во 1989 година. Групата ја основале пејачката Кортни Лав и гитаристот Ерик Ерландсон. Групата објавила четири студиски албуми и била една од комерцијално најуспешните рок-групи во историјата во кои фронтмен била жена.[4]

Групата се распаднала во 2002 година. Во 2010 година, Hole била возобновена од Лав со нови членови, и покрај тврдењето на Ерландсон дека со тоа го прекршила заедничкиот договор што го имале. Во 2013 година, Кортни Лав го повлекла од употреба името Hole и продолжила да објавува нов материјал како соло-пејачка.

Hole добиле неколку признанија, меѓу кои и четири номинации за Греми награда. Музичките и феминистичките автори ја сметаат групата за најистакната музичка група од 1990-тите која во нивните песни се занимава со родовите проблеми, поради агресивната и насилна лирска содржина на Кортни Лав, која често се однесуваат за претставата за сопственото на тело, родовата злоупотреба и сексуална експлоатација.

Групата Hole била основана откако Ерик Ерландсон се јавил на огласот поставен од Кортни Лав во The Recycler во летото 1989 година.

Лав претходно живеела номадски живот и живеела во различни градови долж Западното Крајбрежје во САД.[5] По неуспешните обиди за основање на група во Сан Франциско (каде што накратко била член на Faith No More) [6] и во Портланд, Лав се преселила во Лос Анџелес, каде била ангажирана како глумица за два филма од Алекс Кокс (Сид и Ненси и Директно во пеколот).[7][8] Ерландсон е роден во Лос Анџелес и дипломирал на Универзитетот Лојола Меримаунт. Работел како сметководител за Capitol Records во времето кога ја запознал Лав.[9]

Лав прво сакала групата да се вика Sweet Baby Crystal Powered by God, но се одлучила за името Hole.[10] За време на интервјуто за Џулс Холанд, таа рекла дека името за групата делумно е инспирирано од цитат од Медеја од Еврипид кој гласел: „Има дупка која пробива директно низ мене“. Таа, исто така, како примарна инспирација за името на групата го навела разговорот со нејзината мајка во кој мајка ѝ и рекла дека не може да го живее животот „со дупка која поминува низ неа“.[11] Лав, исто така, ја признала „очигледната“ генитална референца во името на групата, кое алудира на вагина.

Историја

[уреди | уреди извор]

1989–1991: Први изданија и инди-успех

[уреди | уреди извор]
Woman in dress playing guitar, with a man in background
Лав и Ерландсон настапуваат со Hole, ок. 1989 .

Месеците пред целосното формирање на групата, Лав и Ерландсон пишувале и снимале музика навечер во просторот за проба во Холивуд, изнајмен од Red Hot Chili Peppers;[12] во текот на денот, Лав работела како стриптизета за финансиски да ја поддржи групата и да купи засилувачи за настапите во живо.[13] Кортни Лав ја ангажирала Каролин Ру како тапанар на групата.[11] Групата потоа ангажирала трет гитарист, Мајк Гајсбрехт. На почетокот од 1990 година, Гајсбрехт и Робертс ја напуштиле групата, по што следувало често менување на составот на групата додека конечно не се распаднала.

Во април 1990 година, Hole го издала првиот сингл „Retard Girl“, а во 1991 година го издале синглот „Dicknail“.

Во 1991 година, групата потпишала договор со Caroline Records за да го издаде првиот албум, а Лав сакала Ким Гордон од Sonic Youth да ја продуцира плочата.[14][15] Гордон, импресионирана од сингловите на групата, се согласила да го продуцира албумот, со помош на Дон Флеминг од групата Gumball. Албумот, под наслов Pretty on the Inside, бил издаден во септември 1991 година. Тој бил позитивно примен од андерграунд критичарите[16] и бил вклучен на списокот од „20 најдобри албуми на годината“ според списанието Спин.[17] Албумот бил избран за албум на годината од њујоршкото списание Village Voice.[18]

Групата тргнала на европска турнеја во есента 1991 година како поддршка за групата Mudhoney.[10] [19] Од јули до декември 1991 година групата имала и турнеја во САД каде што претежно свиреле во хард-рок и панк-клубови, вклучувајќи ги CBGB и Whisky a Go Go, каде што биле предгрупа на Smashing Pumpkins.[20]

1992–1999: Успех на поп-сцената

[уреди | уреди извор]

1992–1995: Live Through This

[уреди | уреди извор]

Лав и Ерландсон почнале да пишуваат нов материјал за вториот албум на Hole во 1992 година, среде бременоста на Лав со фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн. Лав сакала групата да има помелодичен и контролиран рок-формат и го отпуштила басистот Емери од групата[21], а по него отпуштена била и тапанарката Керолин Ру. Во април 1992 година, за нов тапанар бил ангажиран Пети Шемел, но до крајот на годината не успеала да најде басист; Лав, Шемел и Ерландсон во меѓувреме пишувале нов материјал.[22]

Hole кон крајот на 1992 година потпишала договор за снимање на осум албуми со DGC (подружница на Гефен). Пролетта 1993 година, групата го издала синглот „Beautiful Son“. Пролетта 1993 година, Лав и Ерландсон ја ангажирале басистката од Janitor Joe, Кристен Пфаф,[23] и летото истата година групата била на турнеја низ Обединетото Кралство.

Кортни Лав настапува со Hole на Big Day Out, Мелбурн, 22 јануари 1995 година.

Албумот Live Through This бил објавен на 12 април 1994 година, една недела откако сопругот на Лав, Курт Кобејн, бил пронајден мртов во неговиот дом во Сиетл. Live Through This добил позитивни критики. Магазинот „Спин “ го прогласил за „Албум на годината“.[24][25] Два месеца подоцна, басистката Кристен Пфаф починала од предозирање со хероин на 16 јуни 1994 година.[26] Групата не се распаднала, а како басист се приклучила Канаѓанката Мелиса Ауф дер Маур.

Во септември 1995 година групата го издала првото EP, под наслов Ask for It; на него имало и преработки на песни од Wipers и The Velvet Underground.[27]

1996–1999: Celebrity Skin

[уреди | уреди извор]

Во 1996 година, групата снимила и издала преработка на песната „ <i>Gold Dust Woman</i>“ од Флитвуд Мек за саундтракот на филмот Врана: Град на ангелите (The Crow: City of Angels) (1996).[28] Hole објавила два ретроспективни албума: нивното второ ЕП, насловено The First Session (1997), и нивниот прв компилациски албум, My Body, The Hand Granade (1997).[29][30]

Сниман во период од десет месеци, третиот студиски албум на Hole, Celebrity Skin (1998), имал сосема нов звук за групата. Фронтменот на Smashing Pumpkins, Били Корган, помогнал во усовршувањето на пет од дванаесетте песни на албумот.[31] Лав, која чувствувала дека е во креативна криза, присуството на Корган во студиото го споредила со „наставник по математика кој не сака да ти ги каже одговорите, но те тера сам да ги решаваш проблемите“.[31]

По објавувањето на албумот, Корган за Си-Ен-Ен изјавил дека требало „да му се даде кредит [за пишувањето на целиот албум]“.[32] Ерландсон во интервју за Ролинг Стоун дал одговор за изјавите на Корган: „Работевме на сите работи кои Кортни и јас веќе ги напишавме. Били навистина ги олесни работите, на некој начин ... Јас ќе ја создадев музиката, Кортни веднаш ќе почнеше да смислува стихови, а [Били] ќе помогнеше да се открие сето тоа.“ Ерландсон исто така изјавил: „Кортни ги пишува сите нејзини текстови. Никој друг не ги пишува тие стихови и никој никогаш не ги пишувал.“[33]

Иако Шемел е наведена како тапанар на плочата, таа всушност не придонела за плочата; под притисок на продуцентот Мајкл Бејнхорн таа била заменета со сесискиот тапанар Дин Кастроново.[34] По замената, Шемел ја напуштила групата.[34][35] По заминувањето на Шемел, групата за нивните претстојни турнеи и музички спотови ја ангажирала тапанарката Саманта Малони.[35]

Celebrity Skin бил позитивно примен од критичарите, добил пофалби од музичките периодични изданија како: Rolling Stone, NME и Blender,[36][37] како и рецензија со четири ѕвезди од Los Angeles Times.[38] Албумот се искачил на 9-то место на Билборд 200 и на групата ѝ го донел првиот и единствен сингл број 1, „Celebrity Skin“, кој се нашол на врвот на Alternative Airplay.[39]

1999–2002: Последна турнеја и распаѓање

[уреди | уреди извор]

Зимата 1998-1999 година, Hole биле на турнеја за промоција на албумот Celebrity Skin; тие ѝ се придружиле на групата Marilyn Manson која го промовирала албум, Mechanical Animals (1998).[40] Турнејата станала магнет за публицитет, а Hole се повлекле од турнејата по девет концерти, бидејќи поголемиот дел од обожавателите биле од Менсон и поради финансискиот договор за 50/50 помеѓу групите, при што трошоците за производство на Hole биле несразмерно помали од оние на Менсон.[40] Менсон и Лав често меѓусебно се исмејувале на сцената, а Лав ги напаѓала сценските лудории на Менсон, кои вклучувале кинење на Библија за време на настапите: „Знаете, секогаш кога некој ќе ја скине Библијата пред 40.000 луѓе, мислам дека е голема работа“, рекла таа за време на едно интервју во 1999 година.[41] Hole официјално објавиле дека ќе ја напуштат турнејата по лошо прифатениот концерт во арената Роуз Гарден во Портланд, Орегон, кој завршил со исвиркување на групата од страна на фановите на Менсон.[42]

Во октомври 1999 година, Ауф дер Маур ја напуштила Hole и станала басист за турнеја за The Smashing Pumpkins.[43] Саманта Малони исто така се повлекла од групата неколку месеци подоцна.[44] Последното издание на групата бил сингл за филмот Any Given Sunday (1999). Во мај 2002 година Лав и Ерландсон официјално ја распуштиле Hole преку порака објавена на веб-страницата на групата.[44][45] По разделбата, четворицата музичари започнале со свои проекти: Ерландсон продолжил да работи како продуцент и сесиски музичар, а подоцна со контроверзниот уметник Винсент Гало ја основал експерименталната група RRIICCEE.[46] Лав започнала соло кариера и во 2004 година го објавнејзиниот прв албум, America's Sweetheart.[47] Мелиса Ауф дер Маур, исто така, започнала соло кариера и го издала истоимениот деби албум во 2004 година.

2009–2013: Повторно основање

[уреди | уреди извор]
Лав и Мајко Ларкин на настап со Hole на SXSW во Остин, Тексас, 2010 година.

На 17 јуни 2009 година, седум години по распуштањето на Hole, NME објавил дека Лав повторно ја основа групата со гитаристот Мајко Ларкин за да снимат нов албум, на кој Мелиса Ауф дер Маур ќе пее како придружен вокал.[48] Неколку дена подоцна, Мелиса Ауф дер Маур во едно интервју изјавила дека не е запозната за никакво повторно обединување, но рекла дека Лав ја замолила да придонесе за претстоен албум.[49] Како одговор, Ерик Ерландсон во интервју за магазинот „Спин“ изјавил дека не може да има обединување без него во групата и навел дека тој и Лав „имаат договор“.[50]

На 16 март, бил објавен првиот сингл на Hole во последните десет години, насловен како „Skinny Little Bitch“.

Албумот Nobody's Daughter бил издаден на 26 април 2010 година, од дискографската куќа Mercury Records, и бил умерено добро примен од музичките критичари.[51] Ролинг Стоун на албумот му дал три од пет ѕвезди.[52] Гласот на Лав, кој станал осетно побрз, бил споредуван со гласот на Боб Дилан.[53] NME на албумот му дал оцена 6/10, а Роберт Кристгау го оценил со „A−“.[54] За поддршка на албумот, Hole имале интензивна турнеја од 2010 до 2012 година и настапувале во Северна Америка и Европа,[55] како и во Русија[56] и во Бразил.[57]

Во септември 2011 година, Скот Липс се приклучил на групата, како замена за тапанарот Стју Фишер. Во април 2012 година, Лав, Ерландсон, Ауф дер Маур и Шемел настапиле во Public Assembly во Њујорк каде отпеале две песни.[58] Ова било прв пат четворицата членови да настапуваат заедно од 1998 година по заминувањето на Шемел и распаѓањето на групата во 2002 година.[59]

2014–2016: Второ распаѓање

[уреди | уреди извор]
Мелиса Ауф дер Маур, Кортни Лав и Пети Шемел на проекцијата на документарецот Удри силно (2012) во Музејот на модерна уметност, Њујорк

На 28 декември 2013 година, Лав објавила две фотографии со Ерландсон на Фејсбук и Твитер, со натпис: „И ова штотуку се случи ... 2014 ќе биде многу интересна година.“[60] Лав, исто така, ја означила Мелиса Ауф дер Маур, како и поранешниот менаџер на Hole, Питер Менш, во објавата, алудирајќи на помирување со Ерландсон и можно повторно обединување во 2014 година.[61][62]

На 2 април 2014 година, Ролинг Стоун објавил дека поставата од групата која ја снимила песната Celebrity Skin повторно се обединила (со Пети Шемел наместо Саманта Малони).[63] Ролинг Стоун погрешно објавил дека следниот соло-сингл на Кортни Лав, „Wedding Day“ е резултат на оваа повторна средба. Набргу потоа, Лав рекла: „Можеби се смиривме, но нема да има брак. Тоа е многу кршливо, можеби ништо не се случи, а сега групата се префрла мене“.[64] На 1 мај, во интервју за Pitchfork, Лав разговарала за можноста за повторно обединување, а исто така изјавила дека било „грешка“ објавувањето на Nobody's Daughter како албум нa Hole во 2010 година. „Ерик беше во право - некако го поткусурив името, иако законски ми е дозволено да го користам. Треба да ја зачувам „Hole“ за составот што сите сакаат да го видат и да имам јајца да ја ставам „Nobody's Daughter“ под мое име“.[65][66][67]

Времеплов

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Pretty on the Inside (1991)
  • Live Through This (1994)
  • Celebrity Skin (1998)
  • Nobody's Daughter (2010)
  1. Kallen 2012, стр. 78.
  2. Hogg 2001, стр. 42.
  3. Anderson 2007, стр. 213.
  4. Carson, Lewis & Shaw 2004.
  5. Marks 1995.
  6. Behind the Music 2010.
  7. „Courtney Love: Force of Nature“. BBC News Worldwide. February 4, 2003. Архивирано од изворникот на March 6, 2016.
  8. „It Came From Kuchar“. The A.V. Club. June 15, 2010. Архивирано од изворникот на November 4, 2013.
  9. Mason, Darryl (1995). „Hole: A New Lease of Life“. The West Australian (January).
  10. 10,0 10,1 Brite 1998.
  11. 11,0 11,1 Al & Gus (September 1990). „Hole“. Flipside. Los Angeles, California. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „flipside“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  12. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  13. „The First Time With ... Courtney Love“. BBC Radio 6. October 12, 2014. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 15, 2014.
  14. Cracked, George (April 2002). „The Noise Rock: F.A.Q.“. Monochrom: Cracked Webzine. Архивирано од изворникот на December 8, 2010. Посетено на February 1, 2011.
  15. „Pretty on the Inside“. CD Universe. Посетено на June 30, 2010.
  16. Q. "Review: Pretty on the Inside by Hole".
  17. Spencer, Lauren (December 17, 1991). „20 Best Albums of the Year“. Spin. стр. 122.
  18. Strong & Peel 2002.
  19. Crawford 2014.
  20. Cromelin, Richard (December 19, 1991). „Pop Music Review: Pumpkins, Hole Unleash Frustrations“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на November 8, 2012. Посетено на September 15, 2011.
  21. Courtney Love.
  22. Cooper, Leonie (March 24, 2011). „10 Things We Learn About Kurt Cobain And Courtney Love From Hit So Hard“. NME. Архивирано од изворникот на March 12, 2017. Посетено на March 27, 2011.
  23. „Janitor Joe“. AllMusic. Архивирано од изворникот на June 22, 2012. Посетено на October 29, 2013.
  24. „Live Through This“. Tower Records. Архивирано од изворникот на June 4, 2011. Посетено на April 23, 2011.
  25. „Live Through This review“. NME: 22. December 24, 1994.
  26. Murakami, Kery (July 12, 1994). „Hole Bassist Died Of Drug Overdose“. The Seattle Times. Архивирано од изворникот December 28, 2013. Посетено на December 28, 2013.
  27. „Hole - Ask For It“. Stereo Review. Popular Music. CBS Magazines. 61: 108.
  28. Thompson 2000.
  29. Предлошка:Cite AV media notes
  30. Love, Courtney (June 14, 1997). „Hole Lotta Love“. Melody Maker. Holborn Publishing Group, IPC Magazines Ltd. 74: 7. ISSN 0025-9012. ProQuest 1103607.
  31. 31,0 31,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име int.
  32. Brandes, Wendy (September 4, 1998). „Hole flaunts survival with polished Celebrity Skin“. CNN. Архивирано од изворникот на December 2, 2002.
  33. Празен навод (help)
  34. 34,0 34,1 Zulaica, Don (August 5, 2005). „Lived Through That: Patty Schemel“. DRUM!. Архивирано од изворникот на September 15, 2010.
  35. 35,0 35,1 Hit So Hard (2011) Documentary.
  36. „Hole : Celebrity Skin – Album Reviews“. NME. August 4, 1998. Архивирано од изворникот на June 6, 2011. Посетено на July 20, 2011.
  37. Празен навод (help)
  38. Hilburn, Robert (September 6, 1998). „Love Adds Glow To 'Skin'. Los Angeles Times. Посетено на May 20, 2011.
  39. Празен навод (help)
  40. 40,0 40,1 „Hole Walks Out On Tour, Manson Injury Postpones Several Dates“. MTV News. March 15, 1999. Архивирано од изворникот на December 20, 2014.
  41. Courtney Love.
  42. Ryan, Joal (March 9, 1999). „Courtney Love Lost in Portland“. E! Online. Архивирано од изворникот на July 29, 2012. Посетено на July 22, 2011.
  43. Peck, Jamie (September 12, 2014). „Melissa Auf der Maur: 'I've always turned a blind eye to cynicism“. The Guardian. Архивирано од изворникот на March 11, 2017. Посетено на March 10, 2017.
  44. 44,0 44,1 Празен навод (help)
  45. „Hole at AllMusic.com“. AllMusic. Архивирано од изворникот на December 25, 2011. Посетено на March 15, 2010.
  46. Fagan, Mark (November 30, 2007). „Man of a Thousand Faces: Vincent Gallo“. The Austin Chronicle. Посетено на December 28, 2017.
  47. Phillips, Amy (February 23, 2004). „A big juicy fuckup for hissyfit-having little girls who hate being little girls“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на March 7, 2004. Посетено на November 9, 2015.
  48. „13 things we learn in this week's NME“. NME. June 17, 2009. Архивирано од изворникот на December 1, 2017.
  49. Michaels, Sean (June 23, 2009). „Courtney Love's Hole reunion questioned by former bassist“. The Guardian. Архивирано од изворникот на January 22, 2018.
  50. Peisner, David (July 9, 2009). „Q&A: Hole's Eric Erlandson“. Spin. Архивирано од изворникот на October 11, 2012.
  51. Wappler, Margaret (April 27, 2010). „Album review: Hole's 'Nobody's Daughter'. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на May 1, 2010. Посетено на May 20, 2010.
  52. Празен навод (help)
  53. Petrusich, Amanda (April 27, 2010). „Nobody's Daughter“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на January 11, 2015. Посетено на July 11, 2011.
  54. „Robert Christgau: CG: Hole“. Robert Christgau. Архивирано од изворникот на July 1, 2013. Посетено на July 11, 2011.
  55. Празен навод (help)
  56. „Courtney Love Goes for a Picnic“. The Moscow Times. July 22, 2011. Посетено на February 5, 2018.
  57. „Courtney Love storm off Brazilian stage over Kurt Cobain photo“. New York Post. November 14, 2011. Посетено на February 5, 2018.
  58. Johnston, Maura (April 14, 2012). „So, The Mid-'90s Lineup of Hole (Including Courtney Love) Reunited At Public Assembly Last Night“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на December 22, 2012.
  59. Празен навод (help)
  60. Празен навод (help)
  61. Празен навод (help)
  62. Martins, Chris (December 30, 2013). „Courtney Love Teases 2014 Hole Reunion, Promises 'Interesting' Year“. Spin. Архивирано од изворникот на December 31, 2013.
  63. Празен навод (help)
  64. McCormick, Neil. „Courtney Love interview: 'There will be no jazz hands on Smells Like Teen Spirit'. The Telegraph. Архивирано од изворникот на May 14, 2014. Посетено на April 6, 2014.
  65. Pelly, Jenn (May 1, 2015). „Interviews: Courtney Love“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на March 14, 2016. Посетено на May 2, 2014.
  66. Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
  67. Beaumont-Thomas, Ben (April 3, 2014). „Courtney Love reforms classic Hole line-up“. The Guardian. Архивирано од изворникот на April 7, 2014. Посетено на April 5, 2014.

 

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]