Прејди на содржината

Half-Life 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Half-Life 2
Податотека:HL2box.jpg
Изработувач(и) Valve Corporation
Издавач(и) Vivendi
Valve Corporation
Дистрибутер Electronic Arts
Steam
Серијал Half Life (серијал)
Погон Source engine
Подлоги Microsoft Windows
Xbox
Xbox 360
PlayStation 3
Датум на издавање Microsoft Windows

16 ноември, 2004
Xbox
15 ноември, 2005
Xbox 360
10 октомври, 2007
PlayStation 3
11 декември, 2007

Жанр(ови) Пукачка игра од прво лице
Режим(и) Еден играч
Медиум Компакт диск (ЦД);
ДВД;
симнување од интернет;
Блуреј
Побарувања * 1,2 GHz процесор
Начин на
контролирање
Тастатура, глувче, џојстик (опционално)

Half-Life 2 (македонски: Период на полураспад 2, транскрипција: Халф-лајф 2) — научнофантастична пукачка игра од прво лице издадена од Valve Corporation на 16 ноември 2004 година. Таа излегла после серијата на игри Half-Life. Half-Life 2 го користи т. н. Source game engine (Сорс мотор) и има многу подобра графика од своите претходници. Во Half-Life 2 се игра со истиот човек како и во Half-Life, Гордон Фримен. Дејството се случува некаде во иднината, но сепак градовите во играта изгледаат многу заостанати. Фримен се бори со вонземјанската група Алијанса (Combine) низ еден град Сити 17 кој најверојатно е во Источна Европа. Half-Life 2 ја има титулата „Игра на годината“ во 2004 г. поради нејзината одлична графика, ефекти, интелегенција на ликовите и др. Во 2008 година 6,5 милиони копии од Half-Life 2 биле продадени и ја прави една од најпродаваните игри во светот.

Гејмплеј

[уреди | уреди извор]
Во оваа сцена играчот пука мравки-лавови на плажата. На екранот се глеаат силата на играчот, количеството муниција и силата на неговиот костум

Half-Life 2 е пукачка игра од прво лице. На мониторот се гледа погледот на Гордон Фримен, само оружјето и неговите раце. Во долниот дел на мониторот се глетаат силата, јачината на неговиот ХЕВ костум и муницијата. Додека се менуваат оружјата се гледа и списокот на оружја. Во Half-Life 2 има голем број на оружја. Некои од нив се оружја кои ги има и денес, како што се 9 мм пиштолот и хеблата, додека некои оружја се измислени како што се pulse rifle, кој го користат Алијансата и т. н. „Гравити ган“ (Gravity gun). Гравити ганот (превод Гравитациско оружје) Фримен го добива од Алекс Венс. Тоа е измислено оружје и со негова помош може да се креваат предмети, туркаат возила, земаат и фрлаат работи, а во главата Our Benefactors гравити ганот може да се појача и тогаш со него може да се земаат и луѓе (само непријатели). Исто така во играта има и многу загатки, што исто така ја прави многу интересна. На пример, во третата глава треба да се повлече еден скриен вентил за да се подигне нивото на водата и да продолжиш понатаму и слични загатки.

Мултиплеер

[уреди | уреди извор]

Мултиплеерот (Multiplayer) е друга верзија на играта каде што може обожавателите да се пресметат еден против друг, слично на Counter Strike: Source. Мултиплеерот е сличен како на Half-Lifе и се игра во Half-Life 2 Deathmatch.

Приказна

[уреди | уреди извор]

Half-Life 2 се случува некаде во блиска иднина и почнува во Сити 17. Од таму Гордон Фримен преку телепортерот на Д-р Клајнер треба да се телепортира во лабораторијата на Илај. Но телепортерот се расипува и Фримен е откриен. Тој сам треба да дојде до таму. Со голем отпор преку каналите тој стига во лабораторијата на Илај, но Комбајн ќе ја нападнат лаботаторијата на Илај и Илај ќе биде заробен. После преку малиот град Рејвнхолм Фримен продолжува на брегот да стигне до Нова Проспект, поранешен затвор. Нова Проспект многу потсетува на Алкатраз. Таму Фримен се сретнува со Алекс, ќерка му на Илај и заедно тргаат по потрага на Илај. Ќе го најдат, но Џудит Мосман, нивната пријателка ќе ги предаде. Таа се телепортира себе и Илај во Тврдината, огромна зграда на Алијансата во Сити 17. Потоа и Алекс со Фримен се телепортираат во лабораторијата на Клајнер и оддтаму тргаат да ја нападнат Ситадел. По некое време, Фримен стига до Ситадел, но ќе биде заробен од Д-р Брин, администраторот на Комбајн на земјата. Во последната глава, Фримен ќе го убие Брин, но Тврдината експлодирува. Приказната продолжува во Half-Life 2: Episode One. Играта е поделена на 14 глави.

Музика во играта

[уреди | уреди извор]

Играта има специјално компонирана музика од Кели Бејли, американски композитор. Музиката ја прави атмосферата во играта. Има многу песни, околу 40, а некои се исти од Half-Life бидејќи Кели Бејли ги компонираше песните и за Half-Life. Некои од песните се ремикси на други. Песните од играта може на се купат онлајн од мрежната страница на Valve Corporation.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]