HD 188753
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 54м [1] | 58,37177с
Деклинација | 41° 52′ [1] | 17,5298″
Прив. величина (V) | 7.43[2] |
Особености | |
Спектрален тип | A: G8V[3] |
U−B Боен показател | 0.42[2] |
B−V Боен показател | 0.79[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | -23.5[4] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: -51.32[1] млс/г Дек.: 286.57 [1] млс/г |
Паралакса (π) | 21.63 ± 0.65[1] млс |
Оддалеченост | 151 ± 5 сг (46 ± 1 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 4.17 |
Орбита[5] | |
Главна | HD 188753 A |
Придружник | HD 188753 BC |
Период (P) | 25.63 г. |
Голема полуоска (a) | 0.2587" (11.8 au) |
Занесеност (e) | 0.502 |
Наклон (i) | 31.1° |
Должина (Ω) | 45.7° |
Перицентарска епоха (T) | 1988.1 |
Аргумент на перицентарот (ω) (споредна) | 233.3° |
Полузамав (K1) (главна) | 4.8 км/с |
Полузамав (K2) (споредна) | 3.4 км/с |
Податоци | |
Маса | A: 1.06 ± 0.07[6] M☉ B: 0.96 ± 0.05[6] M☉ C: 0.67 ± 0.05[6] M☉ |
Температура | A: 5,750[3] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
HD 188753 — подреден систем со три ѕвезди приближно на растојание од 151 светлосна година во соѕвездието Лебед. Во 2005 година, беше објавено дека е забележана вонсончева планета во орбита околу главната ѕвезда (означена како HD 188753 А) во системот. Дополнителните набљудувања од независна група во 2007 година не го потврдија постоењето на планетата.[8]
Ѕвездени составници
[уреди | уреди извор]Примарната ѕвезда, HD 188753 А, е слична на Сонцето [9] со маса само за 6% поголема од сончевата и со ѕвездена класификација G8V.[3] Во орбита на растојание од само 12,3 ае [10] од примарната ѕвезда се наоѓа пар на помали ѕвезди кои орбитираат една околу друга со период од 156,0 ± 0,1 денови, и голема полуоска од 0,67 ае и занесеност од 0,1 ± 0,03. Проценетите маси на парот ѕвезди се 0,96 и 0,67 сончеви маси.[10] Тие кружат околу примарната ѕвезда за временски период од околу 25,7 години и орбитална занесеност од околу 0,50.[10] Растојанието на периастронот на оваа орбита е 6.2 ае.[8]
Можна планета
[уреди | уреди извор]Во 2005 година беше објавено дека е забележан планетарен кандидат што кружи околу главната ѕвезда на системот од три ѕвезди. Оваа планета, која ја добила ознаката HD 188753 Ab, била објавена од страна на полски астроном кој работел во САД, д-р Маќеј Конацки.[9] Ова не би била првата позната планета во систем од три ѕвезди - на пример, планетата 16 Лебед Bb била забележана претходно во орбита околу една од составниците на широк троен систем, исто така, во соѕвездието Лебед.
Бидејќи се верувало дека HD 188753 Ab кружи околу ѕвезда во повеќеѕвезден систем, Конацки планетите на овој вид ги имеувал како „Татуински планети“, како родната планета на Лук Скајвокер.[11] Откривањето на оваа планета беше оспорено од страна на Егенбергер и сор.[8][12]
Планетарниот кандидат, жежок Јупитер малку помасивен од Јупитер, се сметало дека ја орбитира ѕвездата HD 188753 А еднаш на секои 80 часа или околу (3,3 дена), на растојание од околу 8 милиони километри, на дваесеттина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Постоењето на HD 188753 Ab во релативно близок систем од три ѕвезди ги предизвика постоечките модели за создавање на планетите. Сегашната идеја е дека џиновските планети се создаваат во надворешните делови на нивниот систем (во орбити слични на оние на Јупитер и Сатурн ). Откако ќе се создадат, некои од овие планети можат да мигрираат блиску до нивните ѕвезди, станувајќи жешки Јупитери. Теоретската потешкотија во разбирањето на HD 188753 Ab е дека секој протопланетарен диск би бил ограничен на околу 1 астрономска единица од основната ѕвезда (поради присуството на секундарните ѕвезди). Па така планетата во системот не би можела да се создаде толку блиску до примарната ѕвезда, а и не може подалеку од 1 астрономска единица поради отсуството на материјал и да мигрира навнатре кон ѕвездата.[13] Една од можностите укажуваше дека планетата се создала пред секундарните ѕвезди да ја достигнат нивната тековна конфигурација. Ова укажува на тоа дека двет секундарни ѕвезди биле уште подалеку отколку што се сега.
Обидот да се потврди откривањето не планетата било неуспешно. Во 2007 година, екипата од Женевската опсерваторија изјави дека тие поседуваат доволно голема прецизнос за да ја забележат потенцијалната планета но не биле успешни во потрагата.[8] Конацки на ова изјавил, дека прецизноста на дополнителните мерења не била доволна за да го потврди или негира постоењето на планетата и дека планира да објави дополнителни истражувања во 2007 година.[12] Но до ден денес, не се објавени никакви дополнителни податоци.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Leeuwen, F. (November 2007). „Validation of the new Hipparcos reduction“. Astronomy and Astrophysics. 474 (2): 653–664. arXiv:0708.1752. Bibcode:2007A&A...474..653V. doi:10.1051/0004-6361:20078357.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Nicolet, B. (October 1978). „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 34: 1–49. Bibcode:1978A&AS...34....1N.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Dodson-Robinson, Sarah E.; et al. (January 2011). "A Spitzer Infrared Spectrograph Study of Debris Disks Around Planet-host Stars". The Astronomical Journal. 141 (1): 11. arXiv:1010.3292. Bibcode:2011AJ....141...11D. doi:10.1088/0004-6256/141/1/11.
- ↑ Evans, D. S. (June 20–24, 1966). „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“. Во Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.). Determination of Radial Velocities and their Applications, Proceedings from IAU Symposium no. 30. University of Toronto: International Astronomical Union (објав. 1967). стр. 57–63. Bibcode:1967IAUS...30...57E.
- ↑ Marcadon, F.; Appourchaux, T.; Marques, J. P. (2018). „Asteroseismic and orbital analysis of the triple star system HD 188753 observed by Kepler“. Astronomy and Astrophysics. 617: A2. arXiv:1804.09296. Bibcode:2018A&A...617A...2M. doi:10.1051/0004-6361/201731628.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Pfahl, Eric (December 2005). „Cluster Origin of the Triple Star HD 188753 and Its Planet“. The Astrophysical Journal. 635 (1): L89–L92. arXiv:astro-ph/0509490. Bibcode:2005ApJ...635L..89P. doi:10.1086/499162.
- ↑ „HD 188753 -- Spectroscopic binary“. SIMBAD. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2011-12-15.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Eggenberger, A.; et al. (May 2007). "No evidence of a hot Jupiter around HD 188753 A". Astronomy and Astrophysics. 466 (3): 1179–1183. arXiv:astro-ph/0702574. Bibcode:2007A&A...466.1179E. doi:10.1051/0004-6361:20066835.
- ↑ 9,0 9,1 Peplow, Mark (July 13, 2005). "The triple sunset that should not exist". Nature. doi:10.1038/news050711-6. Retrieved 2011-12-15.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Portegies Zwart, Simon F.; McMillan, Stephen L. W. (November 2005). "Planets in Triple Star Systems: The Case of HD 188753". The Astrophysical Journal. 633 (2): L141–L144. arXiv:astro-ph/0509767. Bibcode:2005ApJ...633L.141P. doi:10.1086/498302.
- ↑ Tindol, Robert (July 13, 2005). "First Planet Under Three Suns Is Discovered". Caltech Media Relations. Archived from the original on October 27, 2009. Retrieved 2011-12-16.
- ↑ 12,0 12,1 Maciej Konacki(July 2007). "An extrasolar giant planet in a close triple-star system HD188753". Nature. 436 (7048): 230–233. Bibcode:2005Natur.436..230K. doi:10.1038/nature03856. PMID 16015323.
- ↑ Hatzes AP; Wuchterl G (2005). „Astronomy: giant planet seeks nursery place“. Nature (journal). 436 (7048): 182–3. Bibcode:2005Natur.436..182H. doi:10.1038/436182a. PMID 16015311.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Schirber, Michael (2005-07-13). „Triple Sunset: Planet Discovered in 3-Star System“. SPACE.com. Посетено на 2008-06-23.
- „NASA Scientist Finds World With Triple Sunsets“. Slashdot. 2005-07-13. Посетено на 2008-06-23.
- HD 188753 на WikiSky: DSS2, SDSS, GALEX, IRAS, Водород α, Рендгенски, Астрофото, Ѕвездена карта, Статии и слики
Координати: 19ч 54м 58,37с, 41° 52′ 17,5″