Гугл
Вид | комерцијална |
---|---|
Дејност | Интернет |
Основано | 4 септември 1998 |
Основачи | Сергеј Брин, Лери Пејџ |
Седиште | Маунтин Вју , |
Клучни личности | Сундар Пичаи (CEO) |
Производи | интернет, софтвер |
Сопственик | Alphabet Inc. |
Вработени | 114.096 |
Мреж. место | google.com |
Google Inc. или гугл — американска корпорација специјализирана за интернет-пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други услуги. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главното седиште на компанијата, познато под името Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.
Историјат
[уреди | уреди извор]Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнувале неофицијално во јануари 1997 година, на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнувале со работа на 7 септември 1998 година, започнувајќи со својот интернет пребарувач. Потоа, тие успеале својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја, како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео-формати и слично.[1][2]
Името на фирмата
[уреди | уреди извор]Името Google претставува игра на зборови, т.е. тоа е изведено од зборот „гугол“ (googol) - математички термин за број, претставен со единица и 100 нули. Поради популарноста на пребарувачката машина, во англискиот јазик се појавил неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“. Овој збор е додадена во Оксфордскиот англиски речник и во Merriam-Webster.
Gmail
[уреди | уреди извор]Gmail е веб-заснован поштенски клиент. Корисниците имаат возможност да добиваат електронски писма од други локални клиенти. Како и други дополнителни функционалности, која ја прави услугата на Google популарна и лесна за користење.
Операции и финансиски резултати
[уреди | уреди извор]Во 2018 година, регулаторните тела на Европската комисија за заштита на конкуренцијата ѝ изрекле казна на „Алфабет“ (Alphabet), фирмата-мајка на „Гугл“, во висина од 4,6 милијарди евра. Казната била изречена поради злоупотреба на оперативниот систем „Андроид“ во наметнувањето на интернет-пребарувачот „Гугл Хром“ (Google Chrome) и на системот за апликации „Гугл плеј“ (Google Play). Претходно, во 2017 година, „Гугл“ бил принуден да плати казна од 2,5 милијарди евра.[3]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Google.com
- Страница на компанијата (англиски)
- Официјален Google блог (англиски)
- За потеклото на Google (англиски)
- Google Истражување (англиски)
„Гугл“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Brin, Sergey; Page, Lawrence (1998). „The anatomy of a large-scale hypertextual Web search engine“ (PDF). Computer Networks and ISDN Systems. 30 (1–7): 107–117. CiteSeerX 10.1.1.115.5930. doi:10.1016/S0169-7552(98)00110-X.
- ↑ Barroso, L.A.; Dean, J.; Holzle, U. (April 29, 2003). „Web search for a planet: the google cluster architecture“. IEEE Micro. 23 (2): 22–28. doi:10.1109/mm.2003.1196112.
We believe that the best price/performance tradeoff for our applications comes from fashioning a reliable computing infrastructure from clusters of unreliable commodity PCs.
- ↑ Мирослав Саздовски, „Пет милијарди долари казна за Гугл од страна на Европската Унија“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 80.
|