G-Eazy
G-Eazy | |
---|---|
G-Eazy во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џералд Ерл Гилам |
Роден(а) | 24 мај 1989[1] Оукленд, Калифорнија, САД |
Жанрови | Хип-хоп |
Занимања |
|
Период на активност | 2006–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | g-eazy.com |
Џералд Ерл Гилам (англ. Gerald Earl Gillum; роден на 24 мај 1989 година), познат по неговото уметничко име G-Eazy ― американски рапер, музички продуцент и глумец.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Џералд Ерл Гилам бил роден на 24 мај 1989 година во Оукленд, Калифорнија. Студирал на Универзитетот Лојола во Њу Орлеанс, каде што дипломирал на насоката музичка индустрија во 2011 година.[2]
G-Eazy почнал да работи како музички продуцент додека сè уште студирал на Универзитетот Лојола.[3] Станал член на месната хип-хоп група позната под името „The Bay Boyz“, која објавила неколку песни на нивната страница на Мајспејс.[4]
Во 2010 година, G-Eazy добил можност да биде воведен изведувач на концерти од некои добро познати музичари, особено Лил Вејн[5] и Снуп Дог.[6][7] Пред да потпише договор со RCA Records, објавил два независни албума: The Epidemic LP (2009) и Must Be Nice (2012).
На 23 јуни 2014 година, G-Eazy го издал неговиот прв албум со голема издавачка куќа, This Things Happen. Албумот се искачил на трето место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Од албумот го издал синглот „I Mean It“ со кој тој за прв пат се пласирал на американската топ-листа за синглови Billboard Hot 100.
Вториот албум на Гилам, When It's Dark Out, бил издаден на 4 декември 2015 година.[8] На 6 јануари 2016 година, G-Eazy ја започнал неговата втора светска турнеја при што одржал концерти во САД, Европа и Австралија.[9] Неговиот сингл „Me, Myself & I“, во соработка со Бебе Реџа, се искачил на 7-мо место на американскиот Billboard Hot 100.[10]
На 15 декември 2017 година, G-Eazy го издал албумот The Beautiful & Damned.[11] Водечкиот сингл од албумот „No Limit“ (во соработка со Карди Би и ASAP Rocky), се искачил на четврто место на Billboard Hot 100 и до денес е негова песна со највисок пласман на топ-листите. На 5 декември 2017 година, G-Eazy го објавил вториот сингл од The Beautiful & Damned под наслов „Him & I“ во соработка со Холзи , со која во тоа време бил во врска.
Како глумец дебитирал со филмот Hustlers, во кој го глумел Џони, објавен на 13 септември 2019 година.
G-Eazy го објавил неговиот долгоочекуван четврти студиски албум These Things Happen Too на 24 септември 2021 година. Бил поддржан со сингловите „Running Wild (Tumblr Girls 2)“ во соработка со Косиско и „Breakdown“ со Деми Ловато. Албумот послабо се продавал за разлика од неговите претходни албуми.
Албумот Freak Show бил објавен на 21 јуни 2024 година. На албумот му претходеле сингловите „Femme Fatale“ и „Freak Show“. Албумот не успеал да се пласира на топ-листите.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Од 2017 до 2018 година, G-Eazy бил во врска со пејачката Холзи.[12][13] Од 2020 до 2021 година, бил во врска со глумицата Ешли Бенсон.[14]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- The Epidemic LP (2008)
- Must Be Nice (2012)
- These Things Happen (2014)
- When It's Dark Out (2015)
- The Beautiful & Damned (2017)
- These Things Happen Too (2021)
- Freak Show (2024)
Филмографија
[уреди | уреди извор]година | Филм | Улога | Белешки | Уп |
---|---|---|---|---|
2019 година | Hustlers | Џони | Филм | |
2022 година | Take Me to the River: New Orleans | Себе си | Документарец | |
We Were Hyphy | Себе си | Документарец | ||
2023 година | Сам ноќе | Том Монтана | Филм | |
All Souls | Силас | Антагонист |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „G-Eazy news: Rapper's new album 'The Beautiful & Damned' to come out on Dec. 15“. November 16, 2017. Посетено на September 14, 2020.
- ↑ „G-Eazy Biography“. July 2020. Посетено на September 14, 2020.
- ↑ „On the Trail with Christoph Andersson“. On the Trail (англиски). Посетено на April 22, 2017.
- ↑ „Cornell University spotlight“. Cornell University. 2009. Посетено на December 14, 2011.
- ↑ Swan, Rachel (January 12, 2011). „The G-Eazy Life | Music | Oakland, Berkeley & the Bay Area“. Eastbayexpress.com. Посетено на December 14, 2011.
- ↑ Brooklyn Projects. „Interview: G-Eazy“. Brooklynprojects.com. Архивирано од изворникот на October 8, 2011. Посетено на December 14, 2011.
- ↑ „TUCP Spring Concert“. Tulane University Campus Programming. March 15, 2011. Посетено на December 14, 2011.
- ↑ „G-Eazy Details The Creation Of His Sophomore Album. [New Video]“. HNHH. September 29, 2015. Посетено на September 30, 2015.
- ↑ „G-Eazy Tour“. G-Eazy Official Website. Архивирано од изворникот на February 25, 2016. Посетено на February 27, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „G-Eazy Reveals 'The Beautiful & Damned' Release Date, Film Trailer“. Rap-Up. November 8, 2017. Посетено на November 8, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „How G-Eazy Really Feels About Ex-Girlfriend Halsey's Pregnancy“. E! Online. January 29, 2021. Посетено на November 25, 2023.
- ↑ Chiu, Melody (February 9, 2021). „Ashley Benson and G-Eazy Split After Less Than a Year of Dating“. People. Посетено на July 21, 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|