Dio
Dio | |
---|---|
Dio во 2005 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Кортланд, Њујорк , САД |
Жанрови | Хеви-метал |
Период на активност | 1982–2010 |
Издавачи | |
Соработници | |
Мреж. место | www.ronniejamesdio.com |
Dio ― американска хеви-метал група основана во 1982 година од страна на пејачот Рони Џејмс Дио. По напуштањето на Блек Сабат, Рони Џејмс Дио и тапанарот Вини Аписи решиле да основаат нова група која ќе ги задоволи нивните музички амбиции.[1] Го избрале името Dio поради популарноста која Рони веќе ја имал стекнато во музичката индустрија.
Групата се распаднала во 2010 година откако Рони Џејмс Дио починал од рак на желудникот.
Историја на групата
[уреди | уреди извор]Основање, почетоци и прв албум (1982-1983)
[уреди | уреди извор]Во 1982 година, Рони Џејмс Дио и Вини Епис ја напуштиле групата Black Sabbath по претходни несогласувања со другите членови од групата, а во врска со миксирањето на албумот Live Evil.[2] Рони и Вини ја основале групата Дио во октомври 1982 година. Гитаристот Вивијан Кембел, басистот Џими Бејн и клавијатуристот Клод Шнел биле дел од оригиналната постава на групата.
Првиот албум на Dio, „Holy Diver“, бил издаден во мај 1983 година и веднаш постигнал голем успех. Албумот содржел хитови како „Holy Diver“ и „Rainbow in the Dark“, кои станале класика во хеви-метал жанрот.
Промени во составот и следни албуми (1984-1989)
[уреди | уреди извор]Во текот на 1980-тите, Dio продолжиле да издаваат успешни албуми како: „The Last in Line“ (1984) и „Sacred Heart“ (1985).
Во 1985 година имало раздор меѓу Дио и Кемпбел кој кулминирал со отпуштање на Кембел од групата.[3] Кембел во 1987 година бил поканет да се приклучи на Whitesnake.[4] За нов гитарист на групата, како замена за Кемпбел, бил ангажиран Крег Голди.
На 21 јули 1987 година бил објавен четвртиот албум од групата, Dream Evil. По Dream Evil, Голди, сакајќи да продолжи со соло-кариера, ја напуштил групата. [5] Во јуни 1989 година, 18-годишниот Роуан Робертсон бил најавен како замена Голди, но следувале нови промени во групата: Шнел, Бејн и Епис ја напуштиле групата.
Промени (1990–1999)
[уреди | уреди извор]Шнел, Бејн и Епис биле заменети со Јенс Јохансон, Теди Кук и поранешниот тапанар од AC/DC, Сајмон Рајт, соодветно. Новиот состав го издал албумот Lock Up the Wolves во пролетта 1990 година. На почетокот од 1990-тите, популарноста на Dio почнала да опаѓа. Сепак, Рони Џејмс Дио продолжил да работи на нови проекти и да издава нова музика. Во 1993 година, Dio го издале албумот „Strange Highways“, кој доби позитивни критики, но не успеал да ја врати групата на врвот на музичките топ-листи.
Некои обожаватели, албумите направени во овој период (Strange Highways од 1993 година, Angry Machines од 1996 година и албумот во живо Inferno: Last in Live) ги сметаат за најлоши од каталогот на Dio. По разочарувачката продажба на албумот Angry Machines, менаџментот сакал групата да се врати на нивниот претходен стил што било причина за заминувањето на Трејси Џи.[6] Таа била заменета со Крег Голди кој се вратил во групата. Исто така, Епис уште еднаш ја напуштил групата Dio.
Последни години (2000–2010)
[уреди | уреди извор]По враќањето на Крег Голди во групата бил објавен осмиот студиски албум на Dio, Magica (2000), кој многумина го сметале за „повратен албум“ на групата. Голди ја напуштил групата во јануари 2002 година и бил заменет со Даг Олдрич, кој Бејн го запознал додека снимал трибјут албум за Металика. Олдрич не придонел многу за деветтиот албум на Дио, Killing The Dragon кој бил објавен во 2002 година преку Spitfire Records и беше добро прифатен во метал-заедницата. Олдрич останал во групата до април следната година, откако тој, како и Кембел пред него, се приклучил на Вајтснејк, што го поттикнало враќањето на Голди. Набргу потоа, Бејн ја напуштил групата.[7]
Последниот студиски албум на групата, „Master of the Moon“, бил издаден во 2004 година.
Во 2005 година бил објавен албумот во живо, Evil or Divine – Live in New York City.
На 18 ноември 2009 година, била откажана европската турнеја поради хоспитализацијата на Дио. Му бил дијагностициран рак на желудникот и продолжил со лекување.
Рони Џејмс Дио починал на 16 мај 2010 година, од рак на желудник, на 67-годишна возраст. Смртта на Дио значело и крај на постоењето на групата.
Членови на групата
[уреди | уреди извор]Последна постава
- Рони Џејмс Дио – пејач, клавијатури (1982–2010; неговата смрт)
- Крег Голди - гитара, клавијатури (1987-1989, 1999-2001, 2004-2005, 2006-2010)
- Сајмон Рајт – тапани, перкусии (1989–1991, 1998–2010)
- Скот Ворен – клавијатури (1993–2010)
- Руди Сарзо – бас (2004–2010)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- Holy Diver (1983)
- The Last in Line (1984)
- Sacred Heart (1985)
- Dream Evil (1987)
- Lock Up the Wolves (1990)
- Strange Highways (1993)
- Angry Machines (1996)
- Magica (2000)
- Killing the Dragon (2002)
- Master of the Moon (2004)
- Албуми во живо
- Intermission (1986)
- Inferno: Last in Live (1998)
- Evil or Divine – Live in New York City (2003)
- Holy Diver – Live (2006)
- At Donington UK: Live 1983 & 1987 (2010)
- Finding The Sacred Heart: Live In Philly 1986 (2013)
- Live in London, Hammersmith Apollo 1993 (2014)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Saulnier, Jason (March 24, 2012). „Vinny Appice Interview“. Music Legends. Архивирано од изворникот на June 12, 2013. Посетено на May 6, 2013.
- ↑ Goodman, Dean (26 October 2006). „Black Sabbath reunites without Ozzy“. news.com.au. Архивирано од изворникот на October 5, 2009. Посетено на October 13, 2009.
- ↑ „Def Leppard's Vivian Campbell Has No Regrets About His Feud With Ronnie James Dio“. Ultimateclassicrock.com. 11 July 2011. Архивирано од изворникот на 2015-03-02. Посетено на 2015-04-03.
- ↑ „Vivian Campbell Biography“. Viviancampbell.com. Архивирано од изворникот на November 29, 2010. Посетено на January 9, 2009.
- ↑ „Autobiographical Interview with Craig Goldy“. Fullinbl;oommusic.com. Архивирано од изворникот на October 14, 2008. Посетено на January 9, 2009.
- ↑ „Tracy G interview“. Tracyg.com. Архивирано од изворникот на August 28, 2009. Посетено на January 9, 2009.
- ↑ „Killing the Dragon review“. AllMusic. Архивирано од изворникот на August 25, 2023. Посетено на January 9, 2009.
|