Campus network
Кампус мрежата, корпоративната мрежа или КМ е компјутерска мрежа составена од меѓусебно поврзување на локалните мрежи (LAN-ови) во ограничена географска област.[1][2] Мрежната опрема (преклопници, насочувачи) и преносните медиуми(оптичко влакно, телефонски кабел, Cat5 кабли итн) се секогаш во сопственост (на кампус закупецот / сопственикот: претпријатие, универзитет, влада итн).[3]
Во случај на универзитетска кампус заснована мрежа, најверојатно мрежата ќе поврзува различни кампус згради вклучувајќи; академски оддели, универзитетски библиотеки, студентски сали за престој.
Универзитетски кампуси
[уреди | уреди извор]Во случај на колеџ или универзитет, областа со кампус мрежа најверојатно ќе интерконектира различни кампус згради, вклучувајќи административни згради, академски згради, универзитетски библиотеки, студентски кампус центри, сали за престој, гимназии, и други оддалечени структури, како конференцијални центри, технолошки центри и институти за обука.
Корпоративни кампуси
[уреди | уреди извор]Слично како Универзитетската кампус мрежа, и корпоративните кампус мрежи служат за поврзување на згради. Такви примери се мрежите на Googleplex и кампусот на Microsoft. Кампус мрежите се меѓусебно поврзани со висока брзина на Ethernet оперативни врски преку оптички влакна како што се Gigabit Ethernet и 10 Gigabit Ethernet.
Трендови
[уреди | уреди извор]Во минатото, мрежните дизајнери имаа само ограничен број на хардверски опции(насочувачи или разводни кутии)при купувањето на технологија за нивните кампус мрежи. Следствено, беше реткост да се направи хардверска грешка. Неодамна локалното вмрежување беше револуционирано од експлозивната употреба на LAN преклопувањето со податочната врска, за да се зголемат перформансите и да се обезбеди поголем опсег за да се извршуваат нови мрежни податочни апликации. LAN преклопниците ги обезбедуваат овие перформанси(зголемување на опсегот и пропусната моќ) за работните групи и локалните опслужувачи.
Пример за Трендови
[уреди | уреди извор]Третиот мрежен слој е потребен во мрежата за да ги интерконектира вклучените работни групи и да обезбеди услуги кој вклучуваат заштита, квалитет на сервисот и управување со сообраќајот. Рутирањето ги интегрира овие вклучени мрежи, дава сигурност, стабилност и потребна контрола за да се изградат функционални мрежи.
Вториот мрежен слој е обезбеден од LAN преклопници, а третиот мрежен слој од насочувачи. Сè повеќе овие две мрежни функции се интегрираат во заеднички платформи. Преклопниците со повеќе слоеви кои обезбедуваат функционалност од вториот и третиот мрежен слој, сега веќе се појавуваат на пазарот.
Со доаѓањето на технологиите, како: LAN преклопување, и виртуелните LANs(VLANs), градењето на кампус мрежи станува се покомплексно отколку во минатото.
Референца
[уреди | уреди извор]- ↑ Edwards, Wade. CCNP Complete Study Guide (642-801, 642-811, 642-821, 642-831). Sybex. © 2005
- ↑ Long, Cormac. IP Network Design. McGraw-Hill/Osborne. © 2001.
- ↑ Gary A. Donahue (јуни 2007). Network Warrior. O'Reilly. стр. 5.