Прејди на содржината

BBYO

Од Википедија — слободната енциклопедија
BBYO
ВидНепрофитна организација
Седиште800 осма улица, НВ, Вашингтон ДС 20001 САД.
ДиректорМетју Гросмен
Одбор на директориРут Сузмен
Мреж. местоbbyo.org

BBYO (поранешна Б‘наи Б‘рит младинска организација ) е еврејско движење за тинејџери, организирано како непрофитна организација со седиште во Вашингтон. Организацијата има за цел да го изгради идентитетот на Еврејски тинејџери и нудат програми за развој на водство.[1]

На 19 јуни 2001 година, движењето се раздели од Б’наи Брит Интернешнл, која беше нејзина матична организација, за да се основа како Младинска организација Б’нај Б’рит

BBYO е организиран во т.н чептери налик на локално братство и сестринство. Машките чептери се познати како AZA, и нивните членови се познати како Alephs, а женските чептери како BBG поглавја, а нивните членови познати како BBG. AZA и BBG беа независни организации (со почеток во 1924 и 1944 година соодветно) пред да станат братски и сестрински организации под раководство на Б'наи Б‘рит . Во некои заедници, има заеднички поглавја од BBYO кои позајмуваат традиции од обете организации.

Организацијата е активна во повеќе од 40 региони, во Европа, Јужна Африка, Австралија и Северна Америка. BBYO има повеќе од 25.000 членови и над 250.000 алумни, како и околу 800 волонтерски советници.[1]

BBYO ја поврзува еврејската младина со нивните културни еврејски корени. Користејќи современи технологии и нудејќи иновативни можности, организацијата допира до многу млади луѓе.[1]

Првичниот советник на AZA, Нејтан Мнокин, наскоро ја напушти Омаха за неговиот роден град Канзас Сити, каде што започна слична група со исто име. Групата Омаха избра нов советник, Сем Бебер, кој наскоро ги изложи своите планови за меѓународно младинско движење засновано врз локалниот модел АZA. Во 1924 година, Алеф Цадик Алеф за млади луѓе, сега меѓународно еврејско братство, беше формиран според планот на Кубо, со чептери во Омаха и Канзас Сити кои ги добија првите две повелби. Четири чептери присуствуваа на првиот конгрес во јуни 1924 година, а десет на втората конвенција следното лето.

До 1925 година, АZA се прошири на исток со десетици поглавја низ целата земја. На нагон на Бебер, Б'наи Брит го зеде прашањето за официјално усвојување на АZA за нејзин помлад помошен на нивната национална конвенција во 1925 година. Поддржано од Хенри Монски, кој и самиот се натпреваруваше за претседател на Б'наи Б'рит, конвенцијата усвои извештај на комитетот со кој се потврдува нејзиното одобрување на организацијата под јурисдикција на Б'наи Б'рит. Веднаш по конвенцијата, Извршниот комитет на Б'наи Б‘рит се состана и официјално ја усвои АZA која тогаш стана позната како Алеф Задик Алеф од Б'наи Б'рит.

Во 1944 година, по неколку неуспешни обиди да се започне еврејска младинска група за млади жени, BBG станаа официјално признати и усвоени од Б'наи Брит . Анита Перлман е заслужна за развојот на BBG како Сем Бебер за АZA. За прв пат, АZА и BBG беа обединети под единствена организација, официјално зацврстувајќи ги нивните односи како братско - сестринска организација. Во комбинација, двете младински движења се нарекуваа Младинска организација Б'наи Б'рит, а се роди BBYO.

Иако организацијата се смени многу позади сцената со текот на годините, нејзините оригинални принципи сè уште остануваат вистинити: посветеност на еврејскиот живот, плуралистички пристап, посветеност на општокорисна работа, социјална акција и модел на младинско водство. BBYO продолжува да биде отворен за сите тинејџери кои се идентификуваат себеси како Евреи, без исклучок. Членовите учествуваат во прославување на своите празници и култура на состаноците и програмите, пеат песни што датираат од најраните денови на организацијата, и стекнуваат огромно знаење за водството, како и сопствениот еврејски идентитет. Организацијата продолжува да го одржува и да придонесува кон својот Меѓународен фонд за услуги, инициран на првата меѓународна конвенција. Иако бројот на стручен персонал драматично се зголеми, BBYO продолжува да го одржува демократското водство на младите на секое ниво.

  1. 1,0 1,1 1,2 „BBYO, Inc. | Charleston Jewish Federation“. www.jewishcharleston.org. Посетено на 2019-06-18.