B.o.B
B.o.B | |
---|---|
B.o.B во 2023 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Боби Реј Симонс Помладиот |
Роден(а) | 15 ноември 1988 Винстон-Салем, Северна Каролина, САД |
Потекло | Детакур, Џорџија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 2006–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | shopbobbyray.com |
Боби Реј Симонс Помладиот (англ. Bobby Ray Simmons Jr.; роден на 15 ноември 1988), естрадно познат како B.o.B ― американски рапер и музички продуцент. Светска слава постигнал откако неговиот прв сингл „Nothin' on You“ (во соработка со Бруно Марс ) од 2009 година се искачил на врвот на американската Billboard Hot 100 топ-листа и бил номиниран за „Запис на годината“, „Најдобра рап-песна“ и „Најдобра рап или песна во соработка“ на 53-тото доделување на Греми наградите.
Неговите следни синглови: „Airplanes“ (со Хејли Вилијамс од Paramore) и „Magic“ (со Риверс Куомо) се искачиле на второ и на десетто место на Billboard Hot 100, соодветно.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]1988–2006: Рани години и почетоци на кариерата
[уреди | уреди извор]Боби Реј Симонс Помладиот е роден на 15 ноември 1988 година во Винстон-Салем, Северна Каролина, а детството го поминал во Џорџија.[2] Свирел на труба во училишна група во основно училиште.[3][4] Додека бил во деветто одделение склучил договор за снимање и решил да го напушти училиштето.
Во 2002 година, се запознал со неговиот ментор и коменаџер Би-Рич и му продал еден од своите први битови на Сити, музичар од издавачката куќа Slip-N-Slide Records. Во 2006 година B.o.B потпишал со подружницата од Atlantic Records, Rebel Rock, на чие чело бил продуцентот од Флорида, Џим Џонсин.[5][6] Покрај неговата соло продуцентска кариера, B.o.B бил дел од продукциската/рап група HamSquad.[7]
2007–2008: Стекнување популарност и микстејпи
[уреди | уреди извор]B.o.B почнал да се здобива со популарност на почетокот од 2007 година. Тој го привлекол вниманието со синглот „Haterz Everywhere“ кој се искачил на петто место на американската Billboard Bubbling Under Hot 100 Singles топ-листа.[8] Уште еден сингл, "I'll Be in the Sky", објавен во 2008 година стигнал до 15-то место на истата топ-листа. B.o.B неговата прва голема соработка ја имал со раперот T.I., при што заедно со раперот Лудакрис ја испеале песната „On Top of the World“ за албумот Paper Trail (2008).
Во 2007 и 2008 година, B.o.B објавил четири микстејпи: The Future (2007), Cloud 9 (2007), Hi! My Name is B.o.B (2008) Who the F#*k is B.o.B? (2008) и два миниалбума: Eastside (2007)[9] и 12th Dimension (2008).[10]
2009–2010: Поширока популарност и прв албум
[уреди | уреди извор]На 22 јуни 2009 година, B.o.B го издал неговиот петти микс под наслов B.o.B vs. Bobby Ray. Во текот на летото 2009 година, B.o.B им се придружил на новите рапери Кид Кади и Ашер Рот на концертната турнеја „The Great Hangover“.[11][12]
На 13 јануари 2010 година, B.o.B го најавил неговиот прв студиски албум под работен наслов The Adventures of Bobby Ray кој се очекувало да биде објавен на 25 мај 2010 година. За да го промовира албумот, B.o.B објавил микс под наслов May 25.[13] May 25 бил објавен на 1 февруари 2010 година и добил пофалби од критичарите.[14] На микстејпот имало гостувања од: Џеј Кол, Ашер Рот, Плејбој Тре, Чарлс Хамилтон и Бруно Марс. Бруно Марс гостувал и на бонус нумерата и деби-синглот од B.o.B, „Nothin' on You “.[15] Поради успехот на микстејпот и синглот „Nothin' on You“, датумот на издавање на неговиот прв албум бил презакажан за 27 април 2010 година.[16] Следеле уште три сингла: „Don't Let Me Fall“ (објавен на 6 април 2010), „Airplanes“ (13 април 2010; во соработка со Хејли Вилијамс) и „Bet I“ (20 април 2010; во соработка со T.I. и со Плејбој Тре).
Албумот BoB Presents: The Adventures of Bobby Ray бил издаден од Atlantic Records и издавачката куќа од T.I., Grand Hustle. На албумот имало гостувања од: Лупе Фијаско, T.I., Playboy Tre, Хејли Вилијамс, Риверс Куомо, Рико Барино, Жанел Мона и Бруно Марс. Албумот добил претежно позитивни критики. Со 84 000 продадени примероци во првата недела албумот дебитирал на прво место на Билборд 200 и со тоа B.o.B станал тринаесетти соло-пејач чиј деби албум дебитирал на прво место на топ-листата. Самиот B.o.B, неговиот албум и неговите синглови биле номинирани за: BET Awards, Награди по избор на тинејџерите, MTV видео награда и за новата Suckerfree Summit награда. „Airplanes“ била вклучена во трејлерот од претстојниот филм Чарли Сент Клауд, а неговиот сингл „Magic“ бил вклучен во рекламната кампањата „Magic“ од Адидас. B.o.B најавил дека ќе настапи на доделувањето на MTV Video Music Awards во 2010 година. Тој бил додаден во составот на: Еминем, Линкин Парк, Кање Вест, Дрејк, Ашер, Paramore, Florence and the Machine и Џастин Бибер.[17]
На 14 август 2010 година, Хејли Вилијамс објавила дека B.o.B ќе биде главна поддршка за ноемвриската турнеја на Paramore во Велика Британија.[18] B.o.B, исто така, ги отворал концертите од турнејата на Еминем и Џеј-Зи во паркот Комерика. На 7 декември 2010 година B.o.B го објавил неговиот седми микс, No Genre. На 2 август 2016 година, BoB Presents: The Adventures of Bobby Ray бил сертифициран за двојно платинест од RIAA.[19]
2011–2012: Издавање на албумот Strange Clouds
[уреди | уреди извор]На 30 јануари 2011 година, Џеси Џеј во соработка со B.o.B објавила сингл под наслов „Price Tag“. Песната брзо стигнала до прво место на топ-листата во Обединетото Кралство. На 22 март 2011 година, Electronic Arts го објавиле трејлерот од играта Crysis 2, кој содржел песна од B.o.B насловена „New York New York“. Целосната песна подоцна се појавила на неговиот осми микс EPIC (Every Play Is Crucial).[20] B.o.B се појавил и на официјалниот ремикс на хит-синглот од Кеша „Blow“. Ремиксот бил објавен на iTunes на 17 мај 2011 година.[21][22]
Летото 2011 година, B.o.B бил прогласен за ново лице на линијата за облека од T.I., AKOO. На 27 септември 2011 година, B.o.B на iTunes го објавил водечкиот сингл од неговиот истоимен албум „Strange Clouds“. „So Good“ бил издаден како втор сингл од албумот и бил објавен на 21 февруари 2012 година; песната била продуцирана и на неа пее Рајан Тедер.
Вториот студиски албум на B.o.B, бил објавен на 1 мај 2012 година и добил пофалби од критичарите. Албумот дебитирал на петто место на американската Билборд 200 топ-листа.[23] „Both of Us“ бил објавен како трет сингл од албумот. Во песната гостува американската пејачка Тејлор Свифт.
2012–2017: Следни албуми и изданија
[уреди | уреди извор]На 15 ноември 2012 година, B.o.B го објавил неговиот деветти микс, под наслов Fuck 'Em We Ball. На микстејпот има гостувања од: T.I., Juicy J, Mac Miller, Playboy Tre, Snoop Lion, Spodee и Iggy Azalea, а најголем дел од нумерите биле продуцирани од самиот B.o.B.[24]
На 13 мај 2013 година, радио-личноста Funkmaster Flex премиерно го емитувал „HeadBand“ (со 2 Chainz), водечки сингл од третиот албум на B.o.B, Underground Luxury.[25] B.o.B во интервју на почетокот од септември открил дека албумот ќе биде објавен во декември 2013 година.[26]
На 10 септември 2013 година, на iTunes бил објавен вториот сингл од Underground Luxury, насловен како „Reаdy“. Во септември 2013 година, B.o.B открил дека планира да основа сопствена издавачка куќа.[26][27][28] B.o.B го нарекол неговиот трет албум како „Проект за промена на кариерата“ и додал дека албумот ќе се однесува за промените во неговиот живот откако станал популарен.[27][26][29]
Underground Luxury бил издаден на 17 декември 2013 година, дебитирал на 22-ро место на Билборд 200[30] и добил мешани критики. Имало голем пад на продажбата во споредба со неговите први два албума.[31] [32]
На 14 август 2015 година, B.o.B објавил експериментален проект под наслов Psycadelik Thoughtz.[33] Комерцијалниот микс кој бил издаден без промоција и на кој не му претходеле синглови дебитирал на 97-мо место на американската Билборд 200 топ-листа. По објавувањето на проектот B.o.B се разделил од Аtlantic Records. Тврдел дека издавачката куќа го „потиснува“. „Има забрана за B.o.B“, напишал на Твитер, пред да ги изнесе неговите проблеми со неговата тогашна издавачка куќа. „Ме бојкотираат, се плашат да не бидам премногу истакнат“, продолжил тој. „Мојата сопствена издавачка куќа не ги ни промовира моите албуми, микстејпи, емисии или настани... НУЛА промоција“. Откако се разделил со Атлантик, B.o.B основал сопствена издавачка куќа, No Genre и соработувал со Empire Distribution.[34] На 4 декември 2015 година, B.o.B самостојно објавил микс под наслов WATER.[35][36][37]
На 18 јануари 2016 година, B.o.B го издал неговиот микс FIRE.[38][39] На 22 април 2016 година, по повод прославата на Денот на планетата Земја, B.o.B објавил микс под наслов EARTH, кој ја содржел контроверзната песна дека Земјата е рамна, „Ftаtline“, во која тој застапува повеќе теории на заговор.[40][41][42] На 4 ноември 2016 година, B.o.B го издал неговиот прв компилациски албум, Elements, составен од песни од неговите последни четири соло-микстејпи, WATER, FIRE, EARTH и AIR.[43] Микстејпите содржани во него се насочени на неговите политички и филозофски ставови.[44]
2017–денес: Независни албуми
[уреди | уреди извор]На 12 мај 2017 година, раперот го издал неговиот четврти студиски албум, Ether. Ether ја следи тематиката од неговите микстејпи вклучени во компилацијата Elements и наишол на позитивни критики.
На 5 јули 2018 година, B.o.B го издал неговиот шести студиски албум, Naga, кој воопшто не бил успешен.[45] Иако тогаш изјавил дека ова ќе биде негово последно издание,[46] следната година објавил микс под наслов Southmatic.[47] Во 2020 и 2021 година, објавил два дополнителни проекта, неговиот шести студиски албум Somnia и компилацискиот албум Lost Tapes.[48] [49]
Верувања
[уреди | уреди извор]B.o.B е гласен теоретичар на заговор и е познат по неговите ставови против системот, кои ги изразувал во интервјуа, на социјалните мрежи и во неговите песни. Тој, исто така, бил гласен за неколку социјални и политички прашања, како: правата на Афроамериканците, полициската бруталност и американската исклучителност.[50] Тој верува дека Земјата е рамна, дека Аполо 11 не слетал на Месечината, дека настаните од 11 септември се извршени од Американци, дека со Светот ќе завладеат илуминатите и дека американската влада врши клонирање на познати личности.[51][52][53][54][55] Неговата песна „Flatline“ од 2016 година алудира на антисемитските теории на заговор.[56][57][58] Стиховите го привлекле вниманието на Лигата за борба против клевета, која истакнала дека стиховите се однесуваат на антисемитската теорија на заговор која тврди дека Евреите ја контролираат американската влада.[59]
Во јануари 2016 година, B.o.B изјавил дека верува дека Земјата е рамна.[60] Астрофизичарот Нил Деграс Тајсон му одговорил на Твитер и се обидел да го убеди дека Земјата е тркалезна, но раперот не го променил ставот и ја обвинил НАСА дека избегнува некои прашања,[61] а истовремено објавил песна против Тајсон.[62] [63] Во 2016 година B.o.B прифатил членство во Друштвото за рамна Земја.[64] [65]
Во септември 2017 година, B.o.B побарал донации од 200 000 долари за да лансира свои сателити кои ќе ја потврдат формата на Земјата.[66] Набргу барањето го зголемил на еден милион долари за да ги покрие трошоците за многу тестови за кои биле потребни беспилотни летала, метеоролошки балони и сателити.[67]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- B.o.B Presents: The Adventures of Bobby Ray (2010)
- Strange Clouds (2012)
- Underground Luxury (2013)
- Ether (2017)
- Naga (2018)
- Somnia (2020)
- Better Than Drugs (2022)
- A Town Full of Nowhere (2023)
Други комерцијални проекти
- Psycadelik Thoughtz (2015)
- Elements (2016)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „B.o.B Biography, Songs, & Albums“. AllMusic.
- ↑ „Interview With Bobby Ray a.k.a. B.o.B“. Keepittrill.com. Архивирано од изворникот на September 11, 2010. Посетено на May 6, 2017.
- ↑ Bain, Becky (April 20, 2010). „B.o.B on Loving Hayley Williams And Hating 'Rap Politics'“. Idolator.[мртва врска]
- ↑ McCall, Tris (April 9, 2010). „Rapper B.o.B connects with the mainstream-pop audience“. The Star-Ledger.
- ↑ Kennedy, Keith. „Featured Artist: B.o.B“. TJsDJs. Архивирано од изворникот на February 14, 2015. Посетено на December 22, 2011.
- ↑ Cordor, Cyril. „B.o.B Biography“. AOL. Архивирано од изворникот на August 23, 2011. Посетено на December 22, 2011.
- ↑ Burnett, John (May 13, 2008). „B.o.B: Hi, My Name Is...“. Hip-Hop DX.
- ↑ „B.O.B - Haterz Everywhere / Cloud 9“. discogs.com. September 24, 2007.
- ↑ „iTunes Preview: Eastside – EP“. Apple. July 24, 2007. Архивирано од изворникот на April 13, 2010. Посетено на May 8, 2010.
- ↑ „iTunes Preview: 12th Dimension – EP“. Apple. June 24, 2008. Архивирано од изворникот на April 25, 2010. Посетено на May 8, 2010.
- ↑ Roberts, Steven (July 17, 2009). „Kid Cudi, Asher Roth Want Hangover Tour To Be A 'Movement'“. MTV News. Архивирано од изворникот (mdy) на August 21, 2009. Посетено на August 28, 2009.
- ↑ Kaufman, Gil (June 3, 2009). „Asher Roth And Kid Cudi Hitting The Road For Great Hangover Tour“. MTV News. Архивирано од изворникот (mdy) на January 11, 2014. Посетено на March 15, 2013.
- ↑ „B.O.B Gets Release Date for Debut Album; New Mixtape [Tracks Included]“. HipHopWired. January 13, 2010. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „Album of the Week: B.o.B "May 25th" Mixtape“. Complex. February 2, 2010. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „May 25th (Mixtape)“. 2DopeBoyz. February 1, 2010. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „B.O.B ON GRAND HUSTLE DEBUT RELEASE DATE, "IF IT DOES CHANGE, IT'LL ONLY MOVE FORWARD AGAIN" [VIDEO]“. SOHH. March 2, 2010. Архивирано од изворникот на March 6, 2010. Посетено на January 8, 2012.
- ↑ „MTV VMAS- About the Show“. MTV. Архивирано од изворникот на July 26, 2010.
- ↑ „B.o.B and fun. To join Paramore on UK tour - Amplified“. Архивирано од изворникот на March 25, 2013. Посетено на February 21, 2013.
- ↑ „Gold & Platinum - RIAA“. RIAA (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „B.o.B - EPIC: Every Play Is Crucial // Free Mixtape @ DatPiff.com“. Mixtape released on November 28, 2011. DatPiff. Посетено на January 1, 2012.
- ↑ „Blow (Remix) [feat. B.o.B.] - Single“. iTunes Store. February 8, 2011.
- ↑ „New Music: Ke$ha f/ B.o.B – 'Blow (Remix)'“. Rap-Up.
- ↑ „B.o.B - Chart history | Billboard“. Billboard.com (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „B.o.B - Fuck Em We Ball // Free Mixtape @ DatPiff.com“. November 15, 2012. Посетено на November 15, 2012.
- ↑ „B.o.B – HeadBand f. 2 Chainz (prod. DJ Mustard)“. 2DopeBoyz. May 14, 2013. Посетено на May 14, 2013.
- ↑ 26,0 26,1 26,2 „B.o.B Is Starting His Own Label, Releasing Album in December“. XXL Mag. September 3, 2013.
- ↑ 27,0 27,1 „B.o.B. Says Eminem Called Him "A Star," Claims "Underground Luxury" Will Be "Monumental"“. HipHopDX. September 3, 2013.
- ↑ Rose Lilah (September 3, 2013). „B.o.B Is Planning To Start His Own Label "Ham Squad"“. HotNewHipHop.
- ↑ „B.o.B – Ready f. Future (Video)“. 2DopeBoyz. October 15, 2013. Посетено на October 15, 2013.
- ↑ Tardio, Andres (December 26, 2013). „Hip Hop Album Sales: The Week Ending 12/22/2013“. HipHopDX. Посетено на December 26, 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Jacobs, Allen (May 9, 2012). „Hip Hop Album Sales: The Week Ending 5/6/2012“. HipHop DX. Посетено на December 30, 2013.
- ↑ „Psycadelik Thoughtz“. iTunes Store. August 14, 2015.
- ↑ „Stream B.o.B's New Album 'Ether' With Lil Wayne, Usher, T.I. & Ty Dolla $ign“. Billboard. 12 May 2017.
- ↑ „B.o.B. - WATER EP“. Nah Right. December 4, 2015. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „New EP: B.o.B. 'WATER'“. Rap Radar. December 5, 2015. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „B.o.B. - #WATER (EP Stream)“. ILLROOTS. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „New EP: B.o.B. 'Fire'“. Rap Radar. January 18, 2016.
- ↑ „B.o.B - Fire EP“. Rap Dose.
- ↑ „B.o.B Takes Flat Earth Theory to the Next Level with New Track“. Архивирано од изворникот на 2016-02-03. Посетено на 2016-01-27.
- ↑ „B.o.B "E.A.R.T.H." Mixtape Stream, Cover Art, Tracklist & Download“. HipHopDX.com (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ B.o.B - EARTH | Download & Listen [New Mixtape], April 22, 2016, Посетено на April 14, 2017
- ↑ „Elements by B.o.B on Apple Music“. iTunes (англиски). November 4, 2016. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ Shake. „B.o.B – "Air Bender"“. 2DOPEBOYZ. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „Stream B.o.B's Last Project "NAGA"“. HotNewHipHop. July 5, 2018. Посетено на September 9, 2019.
- ↑ Goddard, Kevin (July 5, 2018). „B.o.B Drops Final Album 'Naga'“. Rap-Up (англиски). Посетено на September 9, 2019.
- ↑ „New Album: B.o.B. 'Southmatic'“. Rap Radar (англиски). June 21, 2019. Посетено на September 9, 2019.
- ↑ „B.o.B. Somnia“. Album Of The Year (англиски). Посетено на March 17, 2021.
- ↑ „Zaytoven & B.o.B Lost Tapes“. Album Of The Year (англиски). Посетено на March 17, 2021.
- ↑ Henderson, Nia-Malika (December 13, 2014). „How Ferguson and Eric Garner show the political power of hip-hop“. Washington Post. Посетено на May 12, 2020.
- ↑ Phillips, Yoh (January 21, 2016). „B.o.B. is Now Rap's Leading Conspiracy Theorist“. DJBooth. Посетено на May 12, 2020.
- ↑ Norton, Ben (January 28, 2016). „"Flat Earth" rapper B.o.B has even more extreme, dangerous views: He promotes Holocaust denial“. Salon. Посетено на May 12, 2020.
- ↑ Vince, Joe (January 26, 2016). „What's This Celebrity Cloning Theory B.o.B. and Tila Tequila Are Talking About?“. Upvoted. Архивирано од изворникот на October 3, 2018. Посетено на May 12, 2020.
- ↑ „Rapper B.o.B. Insists The Earth Is Flat, Illuminati Helpless To Stop Him“. The Frisky. January 25, 2016. Архивирано од изворникот на July 1, 2017. Посетено на April 14, 2017.
- ↑ „7 Other Conspiracy Theories That B.o.B Probably Believes In“. Complex (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Holocaust Denier Endorsed By B.o.B. Says He "Will Now Take A Greater Interest In American Rap"“. The Fader (англиски). December 20, 2015. Посетено на 2020-06-26.
- ↑ „ADL Troubled by B.o.B Rap Lyrics Promoting Anti-Semitic Conspiracy and Invoking Holocaust Denier by Name“. Anti-Defamation League. January 27, 2016. Посетено на February 15, 2016.
- ↑ Lauren Said-Moorhouse (January 26, 2016). „Rapper B.o.B thinks the Earth is flat, has photographs to prove it“. CNN. Посетено на January 29, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Feinberg, Ashley. „B.o.B. Just Started a Rap War With Neil DeGrasse Tyson Over His Flat Earth Tweets“. Gawker (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ Ellen Brait (January 26, 2016). „Flat earth rapper B.o.B releases Neil deGrasse Tyson diss track“. The Guardian. Посетено на January 29, 2016.
- ↑ Manon, Tiannon. „Flat Earthers: Dumb, Crazy or Just Free Thinkers?“. Open Mic. Архивирано од изворникот на November 7, 2018. Посетено на July 28, 2016.
- ↑ „The Flat Earth Society :: The Flat Earth Society Welcomes B.o.B“. Theflatearthsociety.org (англиски). Посетено на April 14, 2017.
- ↑ Bell, Chris (September 26, 2017). „Rapper B.o.B. raising funds to check if Earth is flat“. BBC News. Посетено на September 26, 2017.
- ↑ „Show BoB The Curve“. Go Fund Me. October 4, 2017. Архивирано од изворникот на October 4, 2017. Посетено на October 4, 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|