Ad majorem Dei gloriam
Ad maiorem Dei gloriam или Ad majorem Dei gloriam (кога "i" во латинскиот јазик има функција на согласка, тоа најчесто се чита "j")(македонски: За поголема Божја слава), познато и по кратенката AMDG е мотото на Исусовото општество, монашки ред во Римокатоличката црква, чии членови со познати како Исусовци. Оваа фраза се смета дека ја смислил основачот на редот Игнасио Лојололски и го претставува основниот принцип на дејствување на редот. Суштината во користењето на оваа фраза е сè што се прави во животот (работа, студии, молитва) да се прави за поголема слава на Бога.
Оваа фраза често е парафразирана и гласи:Ad majorem homini gloriаm (мак.За поголема човекова слава).
Фразата A.M.D.G. често била дел од потписите на Јохан Себастијан Бах[1] и на покојниот папа Јован Павле II[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ PCUSA.org: A.M.D.G. — Мајкл Л. Линдвал, The Соѕидана презвитеријанската црква во Њујорк Архивирано на 12 август 2006 г.(Проповед на тема на ова мото.); Посетено на 18 декември, 2006.
- ↑ Catholic.net. „Човек на годаината: Јован Павле II“. Посетено на 2007-12-08.
Оваа статија од областа на религијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |