4 јуни (настани)
Изглед
781 п.н.е. | За првпат во пишаната историја, во Кина е забележано затемнување на Сонцето. |
1896 | Индустријалецот и пронаоѓач Хенри Форд се провозел на својот „квадрицикл“. |
1917 | Доделени се првите Пулицерови награди во САД. |
1920 | Во Париз е склучен Тријанонскиот договор со кој на Унгарија ѝ се одземени околу две третини од територијата и населението. |
1944 | Втора светска војна: Американските и Британските сојузници го зазедоа Рим. |
1989 | Протестите на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, Кина се крваво задушени со употреба на воена сила врз демонстрантите кои барале демократизација на општеството. |
1989 | „Солидарност“ победи на изборите во Полска, што го означи почетокот на распадот на комунистичките режими во источна Европа. |
2010 | Наото Кан е назначен за Премиер на Јапонија, по оставката на неговиот претходник Јукио Хатојама. |