29 септември (настани)
Изглед
1938 | Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. |
1941 | Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Просечен, Крлуково и Кобалишта, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. |
1941 | Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна. |
1991 | Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“. |
1993 | Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. |