Прејди на содржината

21 (албум на Адел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„21“
Студиски албум од Адел
Издаденјануари 19 2011 (2011-01-19)
(видете историја на издавање)
Снимен2010; AirStudios, Angel Studios, Eastcote Studios, Harmony Studios, Metropolis Studios, Myaudiotonic Studios, Patriot Studios, Serenity Sound, Shangri La Studios, Sphere Studios, Wendyhouse Productions
ЖанрПоп, рок, алтернатива, R&B, соул
Траење48:12
Издавачка куќаXL, Columbia
ПродуцентЏим Абис, Адел Адкинс, Паул Епворт, Рик Рубин, Фрејзер Т. Смит, Рајан Тедер, Дан Вилсон
Адел — Хронологија
19
(2008)
21
(2011)
Издадени песни од 21
  1. "Rolling in the Deep"
    Издадена: 29 ноември 2010
  2. "Someone Like You"
    Издадена: 16 февруари 2011
  3. "Set Fire to the Rain"
    Издадена: 25 февруари 2011
  4. "Rumor Has It"
    Издадена: 2012

21 е вториот студиски албум на британската пејачка-текстописец Адел. Албумот бил издаден на 21 јануари 2011 година во Обединетото Кралство и ширум Европа, а на 22 фавруари, 2011 бил издаден во Северна Америка. Во продолжение на нејзиниот прв албум од 2008, 19, 21 бил наречен по возраста на пејачката во времето на продукцијата на албумот. Покрај тоа што се потпира на фолк и Motown влијанијата од нејзиниот прв албум, во новиот албум Адел истражува различни жанрови и стилови од кантри и блуз до поп и Р&Б. Албумот се смета како албум за разделби, бидејќи повеќето од песните се фокусираат на аспекти на неодамна завршените врски на пејачката.

21 содржи продукции од Рик Рубин, Паул Епворт и Рајан Тедор покрај другите и бил издаден со позитивни критики, а критичарите ја пофалиле вокалната изведба на Адел и нејзиното интроспективно пишување. Претходен од водечкиот сингл „Rolling in the Deep“, албумот се искачил на првото место на Бритнаската табела за албуми, продавајќи 208,000 копии, а исто така се искачил на првото место и во десет други држави вклучувајќи ги Канада, Германија и Ирска. 21 се искачил и на првото место на Билборд 200 табелата во САД со 352,000 копии и претставува албум кој продал најмногу копии во првата недела во САД за 2011.

Во 2008, додека го славела успехот на нејзиниот прв студиски албум 19, Адел исто така ја завршила својата прва сериозна врска која била инспирација за албумот. Неколку месеци за време на нејзината американска и европска промоционална турнеја An Evening with Adele која траела од 2008 до 2009, 20-годишната пејачка започнала нова врска со маж кој бил десет години постар од неа.[1] Според пејачката, врската станала „најголемата работа во [нејзиниот] цел живот“.[1] Постар и пософистициран од нејзините претходни љубовници,[2] нејзиниот дечко го зголемил нејзиниот видик и ја сменил како личност.[1] 18 месеци подоцна, врската го достигнала својот крај,[3] по што следел период на алкохолизам и депресија за пејачката.[1][4] Напишан како реквием за нејзината завршена врска, албумот ги прикажувал скршеното срце и тагата на пејачката за нејзината врска.[5] Сепак, таа објаснила дека 21 не е само за лутината кон нејзиниот поранешен љубовник, туку и искрено ги прикажувал „[нејзините] сопствени мани“.[5]

Список на песни

[уреди | уреди извор]

Официјалниот список на песни издаден преку iTunes Store UK на 30 ноември 2010.[6]

Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) Траење
1. Rolling in the Deep“  Адел Адкинс, Паул ЕпвортЕпворт 3:48
2. Rumour Has It“  Адкинс, Рајан ТедерТедер 3:43
3. Turning Tables“  Адкинс, ТедерЏим Абис 4:10
4. Don't You Remember“  Адкинс, Дан ВилсонРик Рубин 4:03
5. Set Fire to the Rain“  Адкинс, Фрејзер Т. СмитСмит 4:02
6. „He Won't Go“  Адкинс, ЕпвортРубин 4:38
7. „Take It All“  Адкинс, Ег ВајтАбис 3:48
8. „I'll Be Waiting“  Адкинс, ЕпвортЕпворт 4:01
9. „One and Only“  Адкинс, Дан Вилсон, Грег ВелсРубин 5:48
10. Lovesong“  Роберт Смит, Симон Галуп, Роге Оу Донел, Порл Томпсон, Лол Толхурст, Борис ВилијамсРубин 5:16
11. Someone Like You“  Адкинс, ВилсонВилсон, Адкинс 4:45
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Still, Jennifer (23 февруари 2011). „Adele: 'Writing album broke my heart'. Digital Spy. Hachette Filipacchi (UK) Ltd. Посетено на 24 април 2011.
  2. Hicklin, Aaron (17 мај 2011). „Adele: Lady Sings the Blues“. Out. Regent Entertainment Media. Посетено на 22 јули 2011.[мртва врска]
  3. Mark McInnis (Creator and Executive Producer). (16 March 2011). Adele Plays with MTV News. [Television production]. Toronto, Canada: MTV Live, MTV Canada. Bell Media. http://www.mtv.ca/news/video_content.jhtml?id=1660115. 
  4. Harmsworth, Andrei (23 February 2011). „Adele: Bitter break-up drove me to drink“. Metro. London: Associated Newspapers. Архивирано од изворникот на 2014-01-31. Посетено на 12 May 2011.
  5. 5,0 5,1 Thrills, Adrian (20 January 2011). 'I'm a failure...that's why I sing': Never mind the hits, Adele reveals that she is fuelled by pain and insecurity“. Daily Mail. London: Associated Newspapers; Daily Mail and General Trust plc. Посетено на 1 May 2011.
  6. 21 by Adele - Download 21 on iTunes“. Itunes.apple.com. 21 јануари 2011. Посетено на 27 април 2011.
  7. Wood, Mikael (28 January 2011). „Adele: The Billboard Cover Story“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 24 април 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]