1411
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1411 MCDXI |
Ab urbe condita | 2164 |
Ерменски календар | 860 ԹՎ ՊԿ |
Асирски календар | 6161 |
Балиски календар | 1332–1333 |
Бенгалски календар | 818 |
Берберски календар | 2361 |
Будистички календар | 1955 |
Бурмански календар | 773 |
Византиски календар | 6919–6920 |
Кинески календар | 庚寅年 (мет. тигар) 4107 или 4047 — до — 辛卯年 (мет. зајак) 4108 или 4048 |
Коптски календар | 1127–1128 |
Етиопски календар | 1403–1404 |
Еврејски календар | 5171–5172 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1467–1468 |
- Сачка ера | 1332–1333 |
- Кали-југа | 4511–4512 |
Холоценски календар | 11411 |
Игбоански календар | 411–412 |
Ирански календар | 789–790 |
Исламски календар | 813–814 |
Јапонски календар | Оеј 18 (応永18年) |
Јавански календар | 1325–1326 |
Јулијански календар | 1411 MCDXI |
Корејски календар | 3744 |
Мингуо-календар | 501 пред Р. Кина 民前501年 |
Нанакшахи | −57 |
Тајландски сончев календар | 1953–1954 |
Тибетски календар | 阳金虎年 (машко железо-тигар) 1537 или 1156 или 384 — до — 阴金兔年 (женско железо-зајак) 1538 или 1157 или 385 |
1411 (MCDXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1411 година од новата ера, 411. од вториот милениум, 11. од XV век и втора од 1410-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6919 и 6920 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6161 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5171 и 5172 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2164.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1411 година се протега во 4047 и 4048, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4107 и 4108 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1954. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 813 и 814 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]Јануари-декември
[уреди | уреди извор]- 1 февруари – Првиот Торуњски мир е потпишан во Торн во Монашката држава на тевтонските витези, со што завршила Полско-литванско-тевтонската војна.
- 6 јули – Адмиралот Џенг Хе од династијата Минг се вратил во Нанѓинг по неговото второ патување и го претставил синхалскиот крал, заробен во текот на војната Минг-Коте, на царот Јонле.
- 24 јули – Водена е Битката кај Харлоу во Шкотска помеѓу Доналд и војската предводена од Александар Стјуарт (гроф на Мар).
- 21 септември – Кралот Хенри IV го свикал деветтиот парламент.
- 30 ноември – Хенри IV го распуштил принцот Хенри V и неговите поддржувачи од владата.
Непознат датум
[уреди | уреди извор]- Бил основан Сент Ендрускиот универзитет со папска була.
- Под водство на царот Јонле од династијата Минг започнале работите на древниот Голем кинески канал, кој не се користел во текот на претходната династија Јуан. Помеѓу 1411 и 1415, вкупно 165.000 работници го ископале коритото на каналот во Шандонг, изградиле нови канали, насипи и брани. Четири големи езера во Шандонг биле ископани со цел да се регулира нивото на водата наместо да се користат пумпи. Голема брана била изградена за пренасочување на водата од реката Вен југозападно во Големиот канал.
- Цариград бил на кратко освоен од отоманскиот принц Муса Челебија поради византиската поддршка за Сулејман Челебија во текот на Отоманскиот интеррегнум.
Родени
[уреди | уреди извор]- 21 септември – Ричард (Трет војвода од Јорк) — војвода од Јорк (п. 1460)
- непознат датум – Хуан де Мена — шпански писател (п. 1456)
Починале
[уреди | уреди извор]- 18 јануари – Јошт Моравски — владетел на Моравија, крал на Римјаните
- 6 февруари – Исав де Буонделмонти — владетел на Епир
- 3 јуни – Леополд IV (војвода на Австрија) (р. 1371)
- септември – Ана Мортимер — грофица на Кембриџ (р. 1390)
- 4 ноември – Халил Султан — владетел на Трансоксијана (р. 1384)
- веројатно – Хасдај Крескас — еврејски филозоф