Прејди на содржината

13 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

13 декември — 347-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (348-и во престапна година). Остануваат 18 денови до крајот на годината.

Настани:

1294  По пет месеци по изборот, папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа.
1545  Започнал Соборот од Тренто, XIX вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години.
1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот Европеец кој стигнал до Нов Зеланд.
1992  На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1995  Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на јадрените проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.

Родени:

1521  Сикст Vримски папа.
1553  Анри IV — крал на Франција.
1797  Хајнрих Хајне — германски поет.
1816  Вернер фон Сименс — германски пронаоѓач и индустријалец.
1869  Анри Матис — француски сликар и вајар.
1873  Валериј Брјусов — руски писател.
1943  Мануел Вилар Јр. — филипински стопанственик и политичар.
1948  Тед Нуџент — американски рок-музичар.
1949  Том Верлејн — американски рок-музичар.
1953  Бен Бернанке — американски економист и претседател на Системот на федерални резерви.
1957  Стив Бушеми — американски глумец.
1966  Јуре Здовц — словенечки и југословенски кошаркар и тренер.
1967  Џејми Фокс — американски глумец, комичар и пејач.
1969  Сергеј Федоров - руски хокеар.
1981  Ејми Ли — американска пејачка, членка на групата „Еванесенс“ (Evanescence).
1984  Санти Касорла — шпански фудбалер.
1984  Михал Кадлец — чешки фудбалер.
1989  Тејлор Свифт — американска поп-пејачка.
1989  Микел Ланда — шпански велосипедист.
1989  Хелен Обири — кениска атлетичарка.

Починале:

558  Хилдеберт I — франкиски крал.
1124  Каликст II — римски папа.
1754  Махмуд I — отомански султан.
1881  Август Шеноа — хрватски писател.
1922  Џон Вилијам Годварданглиски неокласичен академски сликар.
1931  Гистав Ле Бон — француски социопсихолог и социолог.
1944  Василиј Кандински — руски сликар.
1983  Никита Станеску — романски поет.
1992  Александар Тирнаниќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1993  Јон Исаја — македонски глумец.