1290
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1290 MCCXC |
Ab urbe condita | 2043 |
Ерменски календар | 739 ԹՎ ՉԼԹ |
Асирски календар | 6040 |
Балиски календар | 1211–1212 |
Бенгалски календар | 697 |
Берберски календар | 2240 |
Будистички календар | 1834 |
Бурмански календар | 652 |
Византиски календар | 6798–6799 |
Кинески календар | 己丑年 (зем. вол) 3986 или 3926 — до — 庚寅年 (мет. тигар) 3987 или 3927 |
Коптски календар | 1006–1007 |
Етиопски календар | 1282–1283 |
Еврејски календар | 5050–5051 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1346–1347 |
- Сачка ера | 1211–1212 |
- Кали-југа | 4390–4391 |
Холоценски календар | 11290 |
Игбоански календар | 290–291 |
Ирански календар | 668–669 |
Исламски календар | 688–689 |
Јапонски календар | Шоо 3 (正応3年) |
Јавански календар | 1200–1201 |
Јулијански календар | 1290 MCCXC |
Корејски календар | 3623 |
Мингуо-календар | 622 пред Р. Кина 民前622年 |
Нанакшахи | −178 |
Тајландски сончев календар | 1832–1833 |
Тибетски календар | 阴土牛年 (женска земја-вол) 1416 или 1035 или 263 — до — 阳金虎年 (машко железо-тигар) 1417 или 1036 или 264 |
1290 (MCCXC) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1290 година од новата ера, 290. од вториот милениум, 90. од XIII век и прва од 1290-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6798 и 6799 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6040 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5050 и 5051 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2043.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1290 година се протега во 3926 и 3927, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3986 и 3987 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1833. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 688 и 689 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По место
[уреди | уреди извор]Америка
[уреди | уреди извор]- На власт во Тавантинсују доаѓа четвртиот Сапа Инка Мајта Капак, наследувајќи го Локе Јупанки.
Европа
[уреди | уреди извор]- Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[1].
- 1 март - Универзитет Коимбра е основан во Лисабон, Португалија од страна на кралот Денис Португалски.
- 10 јули - Ладислав IV Унгарски е убиен од тројца кумани.
- 18 јули - Со издадениот едикт, кралот Едвард I им наредува на сите Евреи (во тоа време најверојатно броеле околу 2.000) да ја напуштат Англија до 1 ноември (Ден на сите светии)[2].
- 23 јули - Андреј III Унгарски е крунисан во Секешфехервар од Лодомер.
- 1 август - Основана е Влашка според традиционалната дата.
- Декември - Дванаесетте Еленорски крстови се градат помеѓу Линколншир и Лондон во Англија, бидејќи кралот Едвард I ја оплакува смртта на неговата кралица, Елеонора Кастилска.
- 18 декември - По смртта на Магнус III Шведски, тој е наследен од неговиот 10-годишен син Биргер Магнусон. Иако Шведска е изборна монархија во тоа време, Биргер е назначен за наследник.
- Завршена е изградбата на Ландафската катедрала во Кардиф, Велс, 170 години откако беше започната.
- Монголската Златна Орда го напаѓа регионот Молдавија.
- Кралот Денис Португалски донесува акт според кој португалскиот јазик е службен јазик на Португалија, заменувајќи го класичниот латински.
Азија
[уреди | уреди извор]- 27 септември - Земјотрес во Чиле во сила од 6,8 степени според Меркалиевата скала, при што загинауваат помеѓу 7.270-100.000 луѓе.
- Основачката династија на Мамелучкиот Султанат во Делхи е соборена од Џалал уд дин Фируз Калџи.
Родени
[уреди | уреди извор]- 4 август - Леополд I, војвода на Австрија (п. 1326)
- Маргарита Бургундска (п. 1315)
Починале
[уреди | уреди извор]- 10 мај - Рудолф II, војвода на Австрија
- 8 јуни - Беатриче Портинари, љубената на Данте Алигиери (р. 1266)
- 23 јуни - Хенрик IV Пјаст, војводата од Вроцлав (р. 1258)
- 10 јули - Ладислав IV Унгарски, крал на Унгарија од 1272 (р. 1262)
- 26 септември - Маргарета Норвешка, Кралица на Шкотска (р. 1283)
- 10 ноември - ел-Мансур Калавун, султан Египет од 1279 (р. 1222)
- 28 ноември - Елеонор Кастилска, кралица на Едвард I од Англија]] (р. 1241)
- 18 декември - Магнус III Шведски, крал на Шведска од 1275 (р. 1240)
- Патријарх Григориј II Цариградски (р. 1241)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kington, J. Climate and Weather, HarperCollins Publishers, 2010
- ↑ Mundill, Robin R. (2002). England's Jewish Solution: Experiment and Expulsion, 1262-1290. Cambridge University Press. ISBN 0-521-52026-6. p. 27.