Прејди на содржината

Шу (кралство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Старо Кралство Шу
古蜀王國
Местоположба на Шу
Уредување Монархија

Шу (кинески: ; сечуански пинјин: Su2; поранешна романизација: Shuh[1]), позната и како Древен Шу (кинески: 古蜀) — старо кралство во денешната покраина Сечуан. Се наоѓало во рамницата Ченгду, во западниот дел на Сечуанската Котлина со одредено проширување североисточно до долината на реката Ханшуеј. На исток се наоѓала племенскиот сојуз Ба. Понатаму на исток, долж реките Хан и Јангце се наоѓала државата Чу. На север преку планините Ќинлинг се наоѓала државата Ќин. На запад и на југ имало племенски народи со мала воена моќ.

Независната држава Шу била освоена од државата Ќин во 316 г. пр. н. е. Неодамнешните археолошки откритија во Сансjингдуej и Ѓинша за кои се смета дека ѝ припаѓаат на културата Шу, укажуваат на присуство на единствена цивилизација во оваа област пред освојувањето на Ќин.

Во следните периоди од кинеската историја, областа Сечуан продолжила да се нарекува Шу по оваа древна држава, а подоцнежните држави основани во истиот регион биле наречени и Шу.

Сансјингдуејска култура

[уреди | уреди извор]
Златна сончева птица, за која се верува дека е тотем на стариот народ Шу. [2]
Бронзена фигура што претставува првосвештеник создаден од жителите на Шу во текот на тринаесеттиот или дванаесеттиот век пр. н. е. [3]

Пред 316 г. пр. н. е., Сечуанската Котлина била изолирана од тогашната цивилизација од бронзеното време, чие средиште било на североисток, во сливот на Жолтата Река. Откривањето на Сансјингдуеј во 1987 година било големо изненадување бидејќи укажувало на голема култура во неолитска Кина кој претходно бил непознат. Околу 2050–1250 г. пр. н. е. местото Сансјингдуеј 40 км северно од Ченгду се чини дека бил средиште на прилично големо кралство. Предметите пронајдени во две јами со богатство се во стил различен од предметите пронајдени од подалеку на север. Оваа култура е предложена од многу археолози како култура на кралството Шу.

Државата Шу (10 век пр. н. е.-316 пр. н. е.)

[уреди | уреди извор]

Шу многу малку се спомнува во раните кинески историски записи до 4 век пр. н. е. Иако постојат можни референци за „Шу“ во натписите со пророчки коски на династијата Шанг што укажуваат на врски помеѓу Шу и Шанг, не е јасно дали споменатите Шу се однесуваат на кралството во Сечуан или на устројства на други места.[4] Шу првпат бил спомнат во Шујинг како еден од сојузниците на кралот Ву од Џоу кој помогнал да се порази Шанг во 1046 година пр. н. е. во битката кај Мује.[5] Меѓутоа, кратко време по освојувањето на Џоу, во Јиџоушу било споменато дека подреден на кралот Ву водел поход против Шу.[4] По битката кај Мује, северните влијанија врз Шу се чини дека се зголемиле, а потоа се намалиле, додека Шу останале културно различни. Археологијата сугерира дека постоеле врски со Шу во доцното Шанг и раното раздобје на Џоу, но малубројни се доказите за влијание од подоцнежниот Џоу.[4] Протерувањето на Џоу од долината на реката Веј во 771 г. пр. н. е. веројатно ја зголемило изолацијата на Шу.

Голема бронзена глава со испакнати очи за која се верува дека е приказ на Канконг, полулегендарниот прв крал на Шу

Пишаните извештаи за Шу се во голема мера мешавина од митолошки приказни и историски преданија пронајдени во месните анали и разни белешки,[6] кои го вклучуваат зборникот од Хрониките на кралевите од Шу на династијата Хан и Хрониките на Хуајанг. на династијата Ѓинг.[7] [8] Постојат неколку имиња на полулегендарни кралеви и цареви, како што е Канконг (што значи „грмушка од свилена буба“, се тврди дека бил основач на одгледувањето свилена буба во Сечуан), Богуан („чемпрес-наводнувач“), Јуфу (крал) („корморан“), и Дују („кукавица“). Според Хрониките на Хуајанг, Канконг бил првиот од легендарните кралеви и имал испакнати очи, додека Дују ги учел луѓето за земјоделство и се претворил во кукавица по неговата смрт.[4] [9] Во 666 г. пр. н. е., еден човек од Чу кој се викал Бјелинг („желка дух“) ја основал династијата Кајминг која траела дванаесет поколенија, сè до освојувањето од Ќин. Преданието вели дека Бјелинг умрел во Чу и неговото тело пловело по реката до Шу, по што тој се вратил во живот. Додека бил во Шу, тој успешно се справил со поплава и тогаш Дују абдицирал во негова корист. Подоцнежниот извештај наведува дека кралевите Кајминг го зазеле крајниот југ на Шу пред да патуваат по реката Мин и да го преземат од Дују. [10]

Ба-Шу култура

[уреди | уреди извор]

Како што државата Чу се ширела на запад до долините Хан и Јангце, го потиснувала народот Ба на запад кон Шу. Во 5 и 4 век пр. н. е. во Сечуан, археолозите сметаат дека ова заемодејство помогнало да се создаде културата Ба-Шу. Имало и одредено влијание од Чу врз државата Шу. Во 474 г. пр. н. е. претставници од државата Шу ѝ подариле подароци на државата Ќин, што е првата запишана врска меѓу овие две држави. Подоцна трупите на Шу ги преминале планините Ќинлинг и се приближиле до главниот град на Јонг, Ќин, а во 387 година пр. н. е. трупите на Шу и Ќин се судриле во близина на Ханџонг во горниот дел на реката Хан.

Шу под Ќин и Хан

[уреди | уреди извор]

Освојување од Ќин во 316 п.н.е

[уреди | уреди извор]
Сечуанската Котлина пред освојувањето од Ќин, 5 век пр. н. е.

Околу 356–338 пр. н. е. Шанг Јанг ја зајакнал државата Ќин така што ја централизирал. Во 337 г. пр. н. е. претставниците на Шу му го честитале на кралот Хуивен од Ќин неговото доаѓање на престолот. Отприлика во тоа време, Камениот говедски пат бил изграден над планините за да ги поврзе Ќин и Шу. Околу 316 г. пр. н. е., маркизот Зу, кој држел дел од Камениот говедски пат, се вмешал со Ба и се скарал со неговиот брат, дванаесеттиот крал Кајминг. Маркизот бил поразен и побегнал во Ба, а потоа во Ќин. Џанг Ји предложил Ќин да ги пренебрегне овие варвари и да продолжи со ширење кон исток кон средишната рамнина. Сема Куо предложил Ќин да ја искористи својата надмоќна војска за да го припои Шу, да ги развие своите средства и да ја искористи дополнителната сила за подоцнежен напад кон исток. Предлогот на Сема Куо бил прифатен и двајцата советници биле испратени на југ како генерали. Двете војски се сретнале во близина на Хајменг на реката Ѓјалинг на територијата на Ба. Кралот Кајминг изгубил неколку битки и се повлекол на југ во Вујанг каде бил заробен и убиен. Ќин потоа се свртел кон своите сојузници и го ја припоил Ба.

Владеење на Ќин и Хан

[уреди | уреди извор]

Во 314 г. пр. н. е., синот на покојниот крал Кајминг бил назначен за маркиз Јаотонг од Шу за да управува заедно со управникот од Ќин. Во 311 г. пр. н. е., еден чиновник по име Чен Џуанг се побунил и го убил Јаотонг. Сема Куо и Џанг Ји повторно го нападнале Сечуан и го убиле Чен Џуанг. Друг член од семејството Кајминг викан Хуи бил именува за маркиз. Во 301 година пр. н. е. тој бил вклучен во интрига и избрал самоубиство кога се соочил со војската на Сема Куо. Неговиот син, Ван, последниот маркиз Кајминг, владеел од 300 до 285 година пр. н. е. кога бил убиен. (Некои велат дека Ан Дуонг Вонг во виетнамската историја бил член на семејството Кајминг кој го водел својот народ кон југ.)

Освојувањето ја зголемило повеќе од двојно територијата на Ќин и му дала област безбедна од другите држави освен од Чу, но земјата морала да се развие пред нејзините даноци да се претворат во воена сила. Шу бил направен „јун“ или командерија и станал пробно место за овој вид на управа. Ченгду бил опкружен со огромен ѕид. Земјиштето било прераспределено и поделено на правоаголни делови. Десетици илјади доселеници биле донесени од север. Многумина биле осуденици или луѓе раселени заради војните на север. Тие биле пешки одведени на југ во редици надгледувани од чиновници на Ќин. Со големиот систем за наводнување Дуѓангјуан почнало да се пренасочува реката Мин на исток кон рамнината Ченгду. Дејствијата на Ќин во Ба биле понеобемни, очигледно за да се избегне отуѓување на воинствен народ на границата со Чу.

За време на освојувањето, Чу сè уште бил врзан на исток со анексијата на Јуе. Во 312 пр. н. е., трупите на Ќин и Чу се судрија на горниот дел на реката Хан. Џанг Ји користеше мешавина од закана и блеф за да го блокира секое мешање од Чу. Подоцна, генералот на Чу по име Жуанг Киао се турнал на запад и ја окупирал племенската територија јужно од Јангце јужно од Шу. Во 281 година пр. н. е. Сема Куо ја преминал Јангце и го отсекол од Чу. Тој одговорил со тоа што се прогласил за независен крал и тој и неговите трупи постепено се вклопиле во месното население. Почнувајќи од 280 г. пр. н. е. или порано, генералот Бај Ќи ја преминал реката Хан и да го зазел главниот град Чу (278 г. пр. н. е.). Во 277 пр. н. е. била заземена областа Три Клисури. Целта била да се создаде нова граница на Ќин источно од Сечуан.

Сечуан останал мирен за време на војните пред и по династијата Ќин, што покажува дека политиката на претопување на Ќин била успешна. Археолошките остатоци во Шу од ова раздобје се многу слични со оние од северна Кина, додека областа Ба останала малку различна. Кога Лиу Банг го започнал својот поход за основање на династијата Хан, Сечуан бил важно место за снабдување. Во 135 г. пр. н. е., под експанзионистичкиот цар Ву од Хан, генералот Танг Менг, обидувајќи се посредно да пристапи кон Кралството Нанјуе, освоил подрачје јужно од реката Јангце и малку подоцна Сема Сјангру освоил дел ридската земја западно од Сечуан. Овие походи за племенска територија се покажале поскапи отколку што вредеел и во 126 г. пр. н. е. двата биле откажани за да се префрлат средствата за војните Сјунгну на север. Истата година Џанг Сјен се вратил од запад и пријавил дека е можно да се стигне до Индија преку Сечуан. Обидот да се направи ова бил запрен од ридските племиња. Во 112 г. пр. н. е. Танг Менг ги продолжил своите експанзионистички војни кон југ. Неговите сурови методи предизвикале речиси бунт во Сечуан и Сема Сјангру бил донесен за да спроведе поумерена политика. До тоа време кинеската експанзија низ рамната земјоделска земја стигнала до природната географска граница. Проширувањето во ридската земја на југ и запад бил многу побавно.

Шу во астрономијата

[уреди | уреди извор]

Шу е претставена со ѕвездата Алфа Серпентис во астеризмот Десен ѕид, (види Кинески соѕвездија), [11] како и со Ламбда Серпентис во делата на Рален. [12]

  1. . Chengtu. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. Li, Hsing-jung; Fêng, Ming-i; Yü, Chih-yung (1 November 2014). 導遊實訓課程 (кинески). Taipei: E-culture. стр. 331. ISBN 9789865650346.
  3. Te Winkle, Kimberley S. (2005). „A Sacred Trinity: God, Mountain and Bird. Cultic Practices of the Bronze Age Chengdu Plain“ (PDF). Sino-Platonic Papers (149): 13. ISSN 2157-9679. Посетено на March 9, 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Terry F. Kleeman (1998). Ta Chʻeng, Great Perfection – Religion and Ethnicity in a Chinese Millennial Kingdom. University of Hawaii Press. стр. 19–22. ISBN 0-8248-1800-8.
  5. Shujing Original text: 王曰:「嗟!我友邦塚君御事,司徒、司鄧、司空,亞旅、師氏,千夫長、百夫長,及庸,蜀、羌、髳、微、盧、彭、濮人。稱爾戈,比爾干,立爾矛,予其誓。」
  6. Sanxingdui Museum; Wu Weixi; Zhu Yarong (2006). The Sanxingdui site: mystical mask on ancient Shu Kingdom. 五洲传播出版社. стр. 7–8. ISBN 7-5085-0852-1.
  7. Sun Hua (2013). „Chapter 8: The Sanxingdui Culture of Sichuan“. Во Anne P. Underhill (уред.). A Companion to Chinese Archaeology. Wiley. ISBN 978-1-118-32578-0.
  8. Rowan K. Flad, Pochan Chen (2013). Ancient Central China: Centers and Peripheries Along the Yangzi River. Cambridge University Press. стр. 72. ISBN 978-0521899500.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  9. Chang Qu. „Book 3 (卷三)“. Chronicles of Huayang (華陽國志). стр. 90–91.
  10. Steven F. Sage (January 1992). Ancient Sichuan and the Unification of China. State University of New York Press. стр. 45–46. ISBN 978-0791410387.
  11. (на кинески) AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 6 月 24 日 Архивирано на 22 мај 2011 г.
  12. Star Names, R.H.Allen p.376