Шри Сатја Саи Баба
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Шри Сатја Саи Баба, родено име Сатјанарајана Раџу (23.11.1926 – 24.04.2011) е индиски гуру, духовна икона, мистик, филантроп и учител. Тој тврдел, а неговите поклоници му верувале, дека е реинкарнација на Саи Баба од Ширди, духовен светец и чудотворец кој го напушти своето тело во 1918 година и чие учење е хармоничен сплет од хиндуистички и муслимански верувања. Материјализацијата на вибути (свет прав) од страна на Саи Баба и други мали предмети како прстени, ланчиња и часовници, која служеше како извор на слава и контроверзност, поклониците ја сметаа за знак на неговата божественост, додека скептиците ја гледаа како магионичарски трик. Кон крајот на втората половина на 20 век Саи Баба доживеа огромна популарност во целиот свет со широко распространета верба во него, слава, но и контроверзност кои го претворија во културна икона. Неговите фотографии се изложени во милиони домови, на контролни табли од автомобили, а приврзоци со неговата слика се носат како амајлии.
Поклоници, институции и финансии
[уреди | уреди извор]Извештаите од Организацијата Сатја Саи даваат проценки дека има 1 200 центри „Сатја Саи Баба“ во 114 држави. Меѓутоа, многу е тешко да се определи бројот на поклониците. Проценките варираат од 6 милиони па сè до 100 милиони луѓе. Во Индија поклоници на Саи Баба најчесто се луѓе од високата средна класа, од урбаните слоеви на општеството кои се „најдобро образовани, ситуирани и се најмногу изложени на западните идеи“. Тој беше културна икона во Индија која привлече публика во која имаше претседатели, премиери на влади од Индија и подалеку, кои станаа негови поклоници. Во 2002, тој тврдеше дека има поклоници во 178 земји. Во 2011, кратко пред напуштањето на неговото тело, беше запишан во книгата на Воткинс Ривју (Watkins Review) како еден од 100-те луѓе кои имаат најголемо духовно влијание во светот.
Сатја Саи Баба основаше голем број на училишта и колеџи, болници и други добродетелски институции во Индија и во странство, чија вредност се проценува на 400 000 000 000 рупии или 9 милијарди американски долари. Меѓутоа има и проценки кои достигнуваат 1.4 трилиони рупии (околу 31.5 милијарди американски долари). По напуштањето на неговото физичко тело нетранспарентниот начин на кој организацијата раководеше со финансиите, водеше кон шпекулации за несовесно работење. Дури некои извештаи соопштуваа дека торби полни со злато се одземeни од неговите лични работи.
На 17 јуни 2011 година официјални претставници од организацијата на друштвото „Саи Баба“ ја отвориле неговата соба, која била затворена по неговата смрт и пронашле 98 кг златни орнаменти (украси) со просечна вредност од 210 000 000 рупии (4,7 милиони USD), 307 кг сребрени орнаменти (украси) со просечна вредност од 16 000 000 (0,36 милиони USD) и 116 000 000 рупии (2,6 милиони USD) во кеш. Во јули локалните власти во други 4 соби пронашле предмети во вредност од 7700 000 рупии (0.17 милиони USD), вклучувајќи и вредни часовници. Вкупната вредност е околу 7.8 милиони USD. Исто така властите пронашле и скапоцени камења како што се дијамантите, 750 одори во бела и окер боја, 500 пара чевли и многу шишенца со парфеми и спрејови за коса. Во јули 2011 година во претресот на неговиот ашрам (индиски храм) во околината на Бангалоре се пронајдени 6 кг златни монети и накит, 245 кг сребрени предмети и 800 000 рупии во кеш.
Повлечени се паралели во трнзицијата по смртта на Ошо (Багаван Шри Рајнеш) или Мата Анандамаи кои укашуваат дека транзицијата при раководењето на таква голема организација не е лесно.
Живот
[уреди | уреди извор]Детство, младост и обајва
[уреди | уреди извор]Скоро сè што знаеме за младоста на Саи Баба потекнува од раскажувањата на оние луѓе, врз чиј живот тој оставил силен впечаток, непишаната жива хагиографија испишана врз животите на тие луѓе, кои тие ја сметаат за жив доказ на неговата божествена природа. Според неговите следбеници, мајката на Сатја Нарајана Раџу е Ишварама, а татко му е Педавенкама Раџу. Тој е роден во селото Путапарти во кое било административното тело од Мадрас во Индија под британска власт. Неговото раѓање, по уверувањето на мајка му Ишварама, се одвивало по божествен план и затоа е најавено со чуда. Неговите браќа и сестри се постариот брат Ратнам Шешам Раџу (починал 1984 година), сестра му Венкама (починала во 1993 година), втората сестра Парватама (починала во 1998 година), и помладиот брат Џанакирамиа (починал во 2003 година). Како дете го опишуваат како невообичаено интелигентно и посветено на добротворни цели. Не бил исклучителен ученик, бидејќи неговиот интерес бил насочен кон духовноста. Бил необично талентиран за духовната музика, танц и драма и ентузијастичен поет за песни и претстави. За него се зборувало дека е способен да материјализира предмети како што се храна и слатки од обичен воздух. Додека живеел со неговиот постар брат Шешама Раџу во Ураваконда, мал град близу Путапарти, на 8 март 1940 година Сатја најверјатно го каснала шкорпија. Неколку часа бил во несвест. Во следните неколку дена се забележала битна промена во неговото однесување, проследена со периоди на смеење и плачење, претерано говорење или тотална тишина. Почнал да пее песни на санскрит, јазик кој претходно не го знаел. За неговото однесување докторите мислеле дека е хистерија. Неговите родители го вратиле Сатја дома во Путапарти. Бидејќи биле загрижени го носеле по разни свештеници, „доктори“ и истерувачи.
На 23 Март 1940 година Сатја ги свикал домашните и демонстративно материјализирал света храна прасад (јадење посветено и понудено на Господ) и цвеќиња за неговите роднини. Татко му збеснал кога го видел, бидејќи си мислел дека син му е магепсан. Земал стап и му се заканил дека ќе го тепа ако Сатја не му открие кој е тој навистина. На ова Сатја сталожено и јасно објавил : „Јас сум Саи Баба“, како Саи Баба од Ширди. Тој се прогласил за отелотворение на Саи Баба од Ширди, светец кој се прославил кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во Махараштра и го напуштил своето тело 8 години пред да се роди Сатја.
Подоцна, истата година, Сатја изјавил дека нема световни врски со никого и отприлика во ова време поклониците почнале да се собираат околу него. Во 1940 година тој почнал да патува до Мадрас и на други места во Јужна Индија, а наскоро имал круг на поклоници од регионот.
Понатамошни активности и организации
Во 1944 година, во близина на селото Путапарти е изграден мандир (храм) за неговите поклоници. Сега тој се нарекува „стариот мандир“, додека изградбата на Прашанти Нилајам, сегашниот ашрам, започна во 1948 година и беше завршена во 1950 година. Во 1954 година во Путапарти, Саи Баба основаше мала бесплатна болница „General Hospital“. Во 1957 година Саи отиде на тура низ северно-индиските храмови.
Во 1963 година Саи Баба имаше мозочен удар и четири силни срцеви удари. Се смета дека тој сам се излечил пред илјадници луѓе насобрани во Прашанти Нилајам, кои се молеле за неговото здравје. При опоравувањето Саи Баба одржал говор објавувајќи дека повторно ќе се роди како Према Саи Баба во соседната држава Карнатака. Изјавил „Јас сум Шива-Шакти (машки и женски аспект на Бог), роден во лозата (готрата) на Бхарадваџа, во согласност со божествениот подарок со кој беше награден овој мудрец од Шива и Шакти“.Шива и Шакти се инкарнираа во мене во оваа лоза. Самата Шакти ќе се инкарнира како третиот Саи (Према Саи Баба) во истата лоза во Мандија, област во државата Карнатака. Тој објави дека повторно ќе се инкарнира по неговото напуштање на физичкото тело на деведесетишест годишна возраст. На 29 Јуни 1968 година Саи Баба единствено и за првпат отпатува на друг континент во Кенија и Уганда. За време на говорот во Најроби Сатја Саи Баба изјавил : „Дојдов за да ја запалам ламбата на Љубовта во вашите срца, гледам дека од ден на ден таа се посилно сјае. Не дојдов во името на ниту една посебна религија. Не дојдов во мисија за публицитет на некоја секта, вера или кауза, ниту пак да соберам следбеници за некоја доктрина. Не планирам да привлечам ученици или поклоници за мене ниту пак за некој друг. Дојдов да ви кажам за оваа обединувачка верба, за овој духовен прицип, овој пат на љубовта, оваа доблест да се сака, оваа должност да се љуби.“ Во 1968 година тој го основаше мандирот Дармакшетра или Сатјам во Мумбаи, во 1973 година мандирот Шивам во Хајдерабад, а на 19 јануари 1981 година свечено го отвори мандирот Сундарам во Ченаи. Во инцидентот кој се случи во 1993 година, четири насилници вооружени со ножеви влегоа во неговата соба или да се обидат да го убијат или пак како дел од борбата меѓу следбениците. Саи Баба се извлече неповреден. За време на борбата меѓу нив, неговите придружници и полицијата загинаа сите четворица натрапници и двајца од придружниците. Официјалната истрага остави многу неодговорени прашања.
Во март 1995 година Сатја Саи Баба отпочна проект за да им обезбеди вода за пиење на 1.2 милиони луѓе во сушниот регион Рајаласема во областа Анантапур од Андра Прадеш. Во 2001 година тој отвори друга бесплатна болница во Бангалоре за доброто на сиромашните. Во април 1999 година тој свечено го отвори мандирот Ананда Нилајам во Мадураи, државата Тамил Наду.
Старост, болест и смрт
[уреди | уреди извор]Од 2005 година Саи Баба беше во количка, а неговото здравје се нарушуваше па затоа помалку се појавуваше во јавност. Во 2006 година си го скрши колкот кога еден ученик, кој стоеше на железен стол се лизна и падна врз него заедно со столот. По овој настан тој даваше даршан (средба со света личност) од автомобил или пак од количката.
На 28 март 2011 заради проблеми со дишењето го примија во болницата „Шри Сатја Саи Баба Супер Спешиалити Хоспитал“(Sri Satja Sai Super Speciality Hospital) во Прашантиграм во Путапарти. По неполн месец во кој состојбата прогресивно му се влошуваше, Саи Баба на 84-годишна возраст почина на 24 април во 7 часот и 40 минути по индиско време.
Тој предвиде дека ќе умре на 96-годишна возраст и дека ќе остане здрав до тогаш. Откако го напушти телото некои поклоници дадоа сугестии дека тој можеби сметал по месечевите (месечевите) години, а не по сончевите, користејќи го индискиот начин за сметање на возраста земајќи ја предвид годината пред да се роди како дел од неговиот живот. Други поклоници зборуваа за неговото очекувано воскреснување, реинкарнација или пак будење.
Телото го чуваа два дена и потоа го закопаа на 27 април 2011 година. Според проценките 500 000 луѓе му оддадоа почит на погребот, меѓу кои индискиот премиер Манмохан Синг, претседателката на конгресот Соња Ганди, првиот министер на Гуџарат, Нарендра Моди, сојузните министри С.М. Кришна и Амбика Сони, како и други политички водачи и проминентни личности.
Политичките водачи му изразија сочувство на Индискиот премиер Манмохан Синг. Далај Лама исто така даде сочувство. Познатиот спортист, првак во крикет Сачин Тендулкар ја откажа роденденската забава. Весникот „Хинду“ изјави дека пропагирањето на духовноста и проповедањето на Хинду-филозофијата никогаш не му се замешаа при извршувањето на секуларните должности. Владата на Карнатака ги прогласи 25 и 26 април за денови на жалост, а Андра Прадеш за денови на жалост ги прогласи 25, 26 и 27 април.
Верувањето и праксата на поклониците
[уреди | уреди извор]Сатја Саи Баба кажа дека неговите поклоници не треба да се одречат од нивната религија. „Мојата цел е втемелување на вечниот закон (sanatana dharma-санатана дхарма на санскрит), верување дека постои еден Бог кој се манифестира во сите основачи на религиите. Па така никој не треба да се откаже од својата религија или божество.“
Во меѓународни рамки поклониците на Саи Баба се собираат секој ден или секоја седмица во недела или четврток или пак и во двата дена, за да пеат поклонички песни, молитви, да практикуваат медитација, да и служат на заедницата (сева) и да учествуваат во „Наобразба за човекови вредности“(SSEHV) попознато како „Bal Vikas“ (Процут на детето) кое исто така би можело да се опише како Сатја Саи неделно училиште.
Првичен аспект на учењето на Баба е духовната добробит од даршанот за неговите ученици. За ова време тој може да комуницира со со луѓето, да ги прима писмата, материјализира и дава вибути (свет прав) или пак да вика групи или поединци на интервју. Поклониците сметаат дека е голема привилегија да имаш интервју, а посебно кога поединец, група или пак семејство е покането на приватно интервју. Формална објавена доктрина или пак правилник не постои кај движењето на Саи Баба.
Ашрами и мандири
[уреди | уреди извор]Путапарти, местото каде што Саи е роден и живееше било мало оддалечено јужно индиско село во Андра Прадеш. Сега таму има огромен универзитски комплекс, специјализирана болница, Чеитања Џоти ( музеј на сите светски религии, кој добил неколку меѓународни награди за дизајн), планетариум, железничка станица, огромен стадион, административна зграда, аеродром, затворен стадион и многу други нешта. Индиски политичари на добар глас како поранешниот индиски претседател д-р А.П.Ј. Абдул Калам, поранешниот премиер Атал Бихари Вајпаје, поранешниот прв министер на Андра Прадеш, Кониџети Росаиа и првиот министер на Карнатака Б. С. Џедурапа биле официјални гости во ашрамот во Путапарти. Пренесено е дека на неговиот 80. роденден дека повеќе од милион луѓе присувствуваа на забавата, како и 13 000 индиски делегати и од 180 други земји.
Во тоа време Саи Баба повеќе престојуваше во неговиот главен ашрам Прашанти Нилајам (престојувалиште на врховниот мир) во Путапарти. За време на жешкото лето одеше во неговиот друг ашрам Вриндаван во Кадугоди, Вајтфилд, гратче околу Бангалоре. Понекогаш го посетуваше ашрамот Саи Шрути во Кодаиканал
Тој основаше три основни мандири (духовни центри) во Индија. Првиот, основан во Мумбаи во 1968 година е наречен „Дармакшетра“ или „Сатјам“, вториот основан во Хајдерабад во 1973 година е наречен „Шивам“, а третиот свечено отворен на 19 јануари 1981 година во Ченаи се вика „Сундарам“
Институции, организации и проекти
[уреди | уреди извор]Саи поддржуваше многу бесплатни образовни институции, болници и други добротворни дела во повеќе од 166 земји. „Институтот зА високо образование Шри Сатја Саи “ (сега преименуван во Универзитет „Шри Сатја Саи“) во Прашанти Нилајам е единствениот колеџ во Индија кој има добиено оцена „10 “(А ) од страна на Националниот совет за оценување и акредитација (автономно тело основано од универзитетските комисии за стипендии). Универзитетот„Шри Сатја Саи “ на кој Баба беше декан има три кампуса, мачки кампус во Путапарти , втор машки во Вајтфијлд, и еден женски во Анантапур. Неговото милосрдие го поддржуваше институтот за индиска класична музика, наречен „Шри Сатја Саи Мирпури “. Покрај одличното академско знаење образовните институции на Баба имаа за цел да го вклучат во образовниот процес и култивирањето на карактерот со акцент на човековите вредности и етиката. Тој претседаваше со Училиштето „Муденахали-Сатја Саи Лока Сева“ и образовните институции „Шри Сатја Саи Лока Сева Траст“ во регионите Муденахали-Канивенарајанапура. Понатаму се изградија и универзитетот „Сатја Саи Баба “ и медицинското училиште, како и болница од светски ранг со институт за истражување на 200 акри (0,81 км2) за да му служат на сиромашното население. Баба рече дека кампусот ќе биде изграден по примерот на Путапарти и покрај академско знаење ќе се предава и духовност. Институтот за напредни медицински науки „Шри Сатја Саи“ во Путапарти, којшто го отвори премиерот Нарасимха Рао, обезбедува бесплатни хируршки операции и нега за населението и има капацитет од 220 легла. Институтот за напредни медицински науки „Шри Сатја Саи“ во Бангалоре е наменет за сиромашните луѓе и има 333 легла. Оваа болница беше отворена на 19 јануари 2001 година од страна на премиерот Атал Бехари Вајпаје. До сега болницата обезбедила бесплатна медицинска нега за 250 000 пациенти. Главната болница „Шри Сатја Саи Џенерал Хоспитал“ е отворена во Вајтфијлд (Whitefield), Бангалоре во 1977 година обезбедува бесплатна храна, лекови и комплексни хируршки зафати до сега на повеќе од 2 милиони луѓе. Централниот фонд на Саи „Шри Сатја Саи Сентрал Траст“ раводи со неколкуте главни болници, две специјалистички болници, очни болници и подвижни диспанзери и спроведува медицински кампови во руралните области и сиромашните краишта од Индија. Фондот даде пари за неколку огромни проекти за обезбедување на вода за пиење. Еден од нив беше завршен во 1996 година и им обезбедува вода за пиење на 750 села во многу сушната област Анантапур во Андра Прадеш. Вториот проект беше завршен во 2004 година и обезбеди вода во Ченаи со реизградба на веќепостоечкиот канал „Сатја Саи Ганга Канал“. Главниот министер на државата Тамил Наду го пофали трудот на Саи за проектот. Други проекти беа завршени во областа Медак, каде што 450 000 луѓе се снабдија со вода за пиење во 179 села, а во проектот за областа Махбубнагар 350 000 во 141 село добија вода. Во јануари 2007 година центалниот фонд на Саи објави дека ќе отпочне проект за обезбедување вода за пиење во областа Латур, Махараштра. Во 2008 година поради поплавата во државата Ориса беа погодени 2 милиони луѓе. Како олеснителна мерка организацијата „Шри Сатја Саи Сева “ изгради 699 куќи како дел од нивната прва фаза завршена во март 2009 година во 16 села. Програмата на Саи „Едукеар“(Educare) сака да основа школи низ светот со цел да се образуваат децата во духот на петте човечки вредности. Според нивната страница на интернет тие основале такви школи во 33 земји меѓу кои се Австралија, Мексико, Велика Британија и Перу. Весникот „Тајмс“ од Замбија го објави следново „Позитивното влијание како она од Сатја Саи образованието до сега не е забележано во образовните извештаи од Замбија. Идеалите кои се втемелени во неговиот метод кој се темели на човековите вредности во образованието им го покажуваат вистинскиот пат на образовните работници во Замбија. “ Во Канада институтот „Фрејзер“, независна канадска организација за истражување на образованието го рангираше Училиштето на Саи во Канада „Sathya Sai School of Canada“ како едно од најдобрите 37 основни училишта во Онтарио. Училиштето освои одлични 10 од 10 бода од рангирањето на институтот за академски достигнувања. На 23 ноември 1999 година државната служба за пошта во Индија ја пушти во употреба поштенската марка во чест на несебичната служба на Саи при решавањето на проблемите за обезбедување вода за пиење во руралните краишта. На 23 ноември 2001 година отпочна со работа мрежата за дигитално радио „Радио Саи за глобална хармонија“ преку Светската вселенска организација на Обединетите нации. Д-р Михаел Олеиников Нобел (далечен роднина на Алфред Нобел и еден од патроните на радиото) рече дека радиото ќе ја шири пораката на Саи за мир во светот и хармонија. Во јануари 2007 година се одржа настан на стадионот во Ченаи „Нехру“ , кој го организираше Советот на жителите од Ченаи за да му се заблагодарат на Саи Баба за проектот кој им донесе вода од реката Кришна, која се наоѓа во Андра Прадеш, до градот Ченаи. Четири министри присувствуваа на приемот, одржан по повод успешното реализирање на проектот вреден 2 000 000 000 рупии.
Глас за чуда и видовитост
[уреди | уреди извор]Поклониците кажуваат дека го набљудувале Сатја Саи Баба како материјализира вибути (света пепел), понекогаш храна и мали предмети како прстени и часовници. Во многу книги, весници, филмувани интервјуа и написи, следбениците на Сатја Саи Баба пријавиле чуда од различен вид кои му ги припишувале нему. Насекаде, следбениците пријавувале дека вибути, кумкум, тумерски прав, света вода, лингами (симболи на богот Шива), статуи на божества ( од бакар и злато), шеќерни бонбони, овошја, растенија, амрита (напитокот на бесмртноста – сличен како мед со убав мирис), скапоцени камења, обоени конци, написи во пепелта и многу други супстанци спонтано се манифестираат и се материјализираат на ѕидовите, мебелот, на сликите и олтарите на Сатја Саи Баба. Неговите поклоници веруваат дека тој ги ослободува од болка, преземајќи ја на себеси. Најпрвата белешка за чудата на Саи Баба од странец, е направена од Хауард Марфет во неговата книга од 1971 – Саи Баба – Човек на чудата. Ерлендур Харалдсон – пензиониран професор по психологија, запиша дека не добил дозвола од Сатја Саи Баба да го проучува под контролирани услови, но дека ги истражувал наводните чуда и манифестации на гуруто преку интервјуа со сегашни и поранешни поклоници. Некои од споменатите чуда вклучуваат левитација ( како надвор така и внатре) , билокација(физичко присувство на 2 или повеќе места во исто време), физички исчезнувања, менување на мермерот во шеќер од трска, менување на водата во друг пијалак, менување на водата во бензин, произведување на предмети по барање, менување на бојата на неговата облека додека ја носи, множење на храната, лекување на акутни и хронични болести, појавување во соништа и визии, правење различни плодови да се појавуваат на кое било дрво висејќи на вистински стебла, контролирање на времето, физичко трансфоримрање во различни божества и физичко испуштање на брилијантна светлина. Харалдсон запишал дека најголемиот наводно материјализиран предмет кој го видел бил – мангаласутра гердан, долг 32 инчи, широк 16 инчи на секоја страна. Тој изјави дека некои чуда кои му се припишуваат на Сатја Саи Баба биле слични на оние опишани во Новиот завет, но дека, иако излекувањата навистина постоеле во гласините за Саи Баба, тие не играле важна улога во активностите на Саи Баба како во оние на Исус.
Сатја Саи Баба објасни дека феноменот на манифестирањето претставува чин на божествено создавање, но не дозволи да му се истражуваат неговите дела, под експериментални услови. Во еден говор во 1974, тој изјави„ Сетилото за вид не може да ја види вистината. Дава само лажна и извртена информација. На пример, има многу луѓе кои ги набљудуваат моите дела и почнуваат да изјавуваат дека сум таков и таков“. За неговите чуда кажа дека „Оние кои проповедаат дека ме разбираат, учените, јогите, пундитите, мудреците, сите тие се свесни само за најмалку важното, обичната надворешна манифестација на еден бескраен дел на таа моќ, таканаречена – чудо! – Така било во сите времиња. Луѓето можеби, физички се многу блиску до Аватарот, но тие ги минуваат своите животи несвесни за нивното богатство, тие ја пренагласуваат улогата на чудата, кои се исто толку небитни, во споредба со мојата слава и царство, како комарецот во споредба со слонот на кој стои. Притоа, кога зборувате за овие чуда, во себе се смеам од сожалување дека си дозволувате толку лесно да ја изгубите скапоцената свесност за мојата реалност.“
Критички испитувања
[уреди | уреди извор]Во Април 1974, Х. Нарасимаја- физичар, рационалист и вице -советник на Универзитетот во Бангалоре, основаше и претседаваше со советот „ за да ги објасни и научно да ги истражи чудата и другите веродостојни суеверија “ . Нарасимаја му пиша три писма на Сатја Саи Баба кои беа нашироко објавувани, во кои јавно го предизвикуваше да ги изведе своите чуда под контролирани услови. Сатја Саи Баба кажа дека го игнорира предизвикот на Нарасимаја бидејќи чувствува дека неговиот пристап е несоодветен, додавајќи дека -„Науката мора да ги ограничи своите испитувања само на работи кои припаѓаат на човечките сетила, додека духовноста ги надминува и трансцендентира сетилата. Ако сакаш да ја разбереш природата на духовната моќ, можеш само по патеката на духовноста, а не науката. Она што науката е способна да отркие е само дел од космичките феномени...“ – Советот на Нарасимаја бил разрешен во август 1977. Според Ерлендур Харалдсон, формалниот предизвик од советот дојде до крај, поради негативниот став на советот, и можеби поради сето перчење кое го опкружуваше. Нарасимаја се држеше до тоа дека фактот што Сатја Саи Баба ги игнорира писмата е еден од неколкуте докази дека неговите чуда се лажни. Како резултат на оваа епизода, јавната расправа неколку месеци превираше во индиските весници. Индискиот рационалист Басава Премананд во еден документарец на Би Би Си дека го истражувал Сатја Саи Баба од 1968 и дека , според него, неговите материјализации се лажни. Тој го тужеше Саи Баба во 1986 за прекршување на Актот Голд Контрол, наведувајќи ги наводните материјализации на Сатја Саи Баба на златни предмети. Кога случајот беше распуштен, Премананд безуспешно се пожали по основ дека утврдената духовна моќ не е одбрана по закон. Магионичарот Џејмс Ранди, за Сатја Саи Баба и Премананд изјави – „Истражувањето во филмовите и видеокасетите на вистинските изведби на Саи Баба, покажува дека тие се едноставни трикови, исти како оние кои ги изведуваат другите индиски џадували или улични изведувачи. – Способностите на Саи Баба никогаш не беа изтражувани под контрола, така што неговите тврдења се целосно недокажани. Парсимони овде изјавува. Главниот откривач на тврдењата на луѓето – богови на Индија, кои ја заразуваат земјата, славниот Премананд, ги повторува сите трикови на Саи Баба и со тоа таквото разобличување го обиколува светот. – ТВ документарецот Гуру Бастерс „Guru Busters“ од 1995, продуциран од страна на Роберт Игл на британскиот канал Канал 4, слично го обвинува Сатја Саи Баба за лажни материјализации. Дел од филмот беше споменат во Декан Кроникал (Deccan Chronicle), на 2 Ноември 1992, на насловната страна под насловот – Касетата ДД ја открива магијата на Баба.- Како и да е Харалдсон изјави дека при истражувањето на ДД видеото, истражувачите не нашле доказ за лажна материјализација како што се тврдеше во Декан Кроникал . Според Харалдсон, видеото е однесено во компанија која истражува корпоративна измама. Со цел да се подобри замачканоста на видеото со лош квалитет со помош на подобрени филтри и спроведувајќи го низ системи за напредна обработка на слики, Харалдсон изјави дека ДД видеото не дале цврст доказ за тоа дека се работи за трик. Британскиот новинар Мик Браун, во 1998, во неговата книга „Духовниот патник“, изјави дека тврдењто на Сатја Саи Баба го воскреснал американскиот следбеник Волтер Коун во 1971, веројатно не е вистина. Неговото мислење се темели врз основа на писмата од присутните доктори приложени во магазинот „Индиски скептик“(Indian Skeptic), објавен од Премаманд. Во истата книга, Браун ги спомена неговите доживувања на манифестирањето на вибути од сликите на Сатја Саи Баба, во куќите во Лондон, за кои смета дека се лажни или резултат на трикови. Браун, во однос на сезнаењето на Сатја Саи Баба, напиша дека „Скептиците нашле документации кои јасно го покажуваат несогласувањето помеѓу написите на Баба во врска со историските настани и библиските пророштва, и обавените сознанија.“ Во Декември 2000, магазинот Индија денес објави насловна статија за Саи Баба со акцент на лажните трикови направени од П.С. Соркар Јуниор. Документарците од Би Би Си и Данската Емитувачка Корпорација, ги анализираа видеата за наводните чуда, за кои тврдат дека можат да се објаснат како трикови. Во својата книга Покајаниски Средби – Трите модерни стилови во Хинду традицијата, Лоренс а Баб, за Сатја Саи Баба, напиша „Кој и да е, тој сигурно е повеќе од обичен магионичар, за кој многу од критичарите тврдат дека е“.
Критика и контроверзија
[уреди | уреди извор]Ванкувер Сан во 2001 изјави дека Сатја Саи Баба им кажал на своите приврзаници да не пребаруваат на интернет поради обвинувањата кои брзо се шират на неколку мрежни места и во неколку весници. Во еден јавен говор во 2000, Сатја Саи Баба кажа „ Овие учења ( Ведите) се во голема тајност. Денес луѓето се спремни да веруваат во сè што ќе видат на телевизија и интернет, но не ја прикажуваат нивната верба во Ведиските изјави. Интернетот е како канта за отпадоци. Следете ја внатрешната мрежа(Innernet) а не интернет(Interne) мрежата.(игра со зборови на англиски јаз.) “ Непотврдени обвинувања на Сатја Саи Баба од страна на кодоши и бивши следбеници вклучуваат – перење пари, измама во изведувањето на службените проекти, сексуална злоупотреба на деца и убиство. Во 2004, во Обединетото Кралство како и интернационално, Би Би Си и други национални мрежи го емитуваа документарецот „Тајниот Свами“ како дел од сериите „Светот-откриен“. Една од главните теми на документарецот на Би Би Си биле обвиненијата на Алаја Рам против Сатја Саи Баба, за сексуална злоупотреба. Во документарецот беа интервјуирани тој заедно со Марк Роше, кој посветил 25 години од животот на движењето и го обвини Саи Баба за злоупотреба. Еден водител на Би Би Си за Азиски Глас изјави дека документарецот се смета во голема мера избалансиран и фер и дека приказната е кризна и дека во крајност претставува предавство на верата. Друг документарец „Заведен од Саи Баба“, содржеше интервјуа со обвиненија за злоупотреба. Направен од Данската насицонална телевизија и радио емитувачка компанија, Данско Радио( ДР). Во интервјуто на магазинот „Азиски Глас“, повереникот на Саи организацијата во Британија- Ашок Баџани, кажа дека обвинувањата во Тајниот Свами се без основа и без факти. Баџани Кажа дека следбениците никогаш не се среќавале насамо со Саи Баба. Ниту Саи Баба, ниту било која организација поврзана со него, била обвинета или осудена поради сексуална злоупотреба или било кој друг криминал по законот.
Одговори на критиките
[уреди | уреди извор]Воопшто, следбениците ги побиваа ваквите обвинувања, како оние од типот на сексуално злосторство, наложувајќи дека бившите следбеници биле одмаздољубиви и лажливи луѓе кои порано ги пееле молитвите на Сатја Саи Баба и потоа се свртеле против него кога некоја нивна желба не била исполнета. Вториот најчест одговор бил дека, дури и ако некој од обвинувањата од критичарите се точни, едноставно ним им недостасувала визија за да ги разберат работите во нивниот вистински духовен контекст, или дека не успеале да го разберат значењето на лилата или божествената игра на Сатја Саи Баба. Следбеникот Бик Атикен беше цитиран во „The Week“ , каде вели дека репутацијата на Сатја Саи Баба не била нарушена од негативните приказни против гуруто. Тој кажа дека , колку повеќе противници се бунтуваат протв Саи Баба, толку повеќе следбеници одеа да го видат. Во написот „Божественото спуштање“, објавен во „Дејли Телеграф“(Daily Telegraph), Анил Кумар, поранешниот директор на Образовниот Институт Сатја Саи Баба, смета дека контраверзијата е дел од божествениот план на Баба и дека сите големи религиозни учители морале да се соочат со критиката во текот на нивните животи. Анил Кумар уште кажа дека обвинувањата го следеле Сатја Саи Баба уште во детството, но со секоја критика тој станувал сè поголем победник. Во официјалното писмо објавено во декември 2001, Атал Бихари Вајпајеи ( тогашниот премиер на Индија и следбеник на Сатја Саи Баба), П.Н. Багавати ( поранешниот главен судија на вишиот суд на Индија), Ранганат Мисра ( Претседател, Меѓународен комисар за човекови права на Индија и поранешен Главен Судија на врховниот суд на Индија), Најма Хептула ( Претседател на Внатре – парламентарната унија, истакнат амбасадор за хуман равој на УНДП и Шиврај Патил ( Член на Парламентот на Индија, Поранешен Член на Лок Саба и Министер на унијата) сите го потпишаа писмото кое гласеше -„Ние сме длабоко погодени и потресени од дивите, бесмислени и измислени обвинувања од страна на одредени стекнати интереси и луѓе против Багаван Шри Сатја Саи Баба. Очекуваме дека одговорните медиуми ќе ги земат предвид вистинските факти пред да печатат такви колумни – особено кога личноста глобално е почитувана како олицетворение на љубовта и несебичната служба на човештвото. Бидејќи оваа професионална етика не е испочитвана од дел на медиумите, ние решивме јавно да ја објавиме оваа потпишана изјава“.
„The Times of India“ на 26 Декември 2000 кажа дека Сатја Саи Баба – им се нафрлил на неговите обвинители со редок прилив на гнев- мислејќи на критиките објавени во магазинот. The Times го цитираше како вели „ Исус Христос помина низ многу маки и беше распнат на крстот поради љубомора. Многумина околу него не можеа да ги поднесат добрите дела кои ги правел и големиот број на следбеници кои ги собирал. Еден од неговите апостоли, Јуда, го предаде. Тогаш имаше еден Јуда, но денес има илјадници. Како што тој Јуда беше искушен да го предаде Исус, денешните Јуди, исто така, се поткупени за да лажат.“ Љубомората била мотив за сите обвинувања протв него.
Сатја Саи Баба јавно одговори на обвинувањата на 25 Декември 2000 – „Некои луѓе поради нивните злобни умови се обидуваат да го извалкаат ликот на Саи Баба. Јас не сакам име и слава. Така, јас не губам ништо поради нивните лажни обвинувања. Мојата слава ќе продолжи да расте од ден на ден. Никогаш нема да исчезне ни малку, ако тие ги објавуваат нивните лажни обвинувања во целиот свет со букви во болд. Се чини дека некои следбеници се преобратени од овие лажни изјави. Тие воопшто не се вистински следбеници. Знаејќи ја величествената моќ на Саи, зошто би се плашеле од гракањето на чавките? Не треба да бидете замаени од сето она што е напишано на ѕидовите, кажано на политичките состаноци или од вулгарните приказни разнесувани по печатените медиуми.“
|