Прејди на содржината

Шириме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Податотека:Funny shirime picture.jpg
Комична репрезентација на шириме створот.

Шириме (尻目, бук. „око од задникот“) — чуден јоокаи што има око на местото на неговиот анус. Тесно е поврзано со ноппера-боу суштествата, бидејќи и тие и шириме немаат никакви фацијални особини.

Приказната гласи:

Одамна, еден самурај одел во текот на ноќта по патот до Кјото, кога слушнал некој повикувајќи го да го почека. „Кој е таму?!“ запрашал тој нервозно, вртејќи се и наоѓајќи човек што започнал да се соблекува, и кој веднаш го свртел својот гол задник директно во видно поразениот патник самурај. Огромно блескаво око веднаш потоа се отворило од местото каде што анусот требало да се наоѓа на чудниот човек.

Шириме нацртан од Јоса но Бусон.

Освен „оптимистичкото“ однесување, Шириме не му штети на никого во наративот и се чини дека ужива само да ги плаши оние што одат во темницата на ноќта. Се вели дека суштеството нема никакво лице, и затоа корените на овој мит се поврзани со ноппера-боу суштествата (јоокаи без лице). Во овој случај, створот само сака да се „шегува“ со минувачите. Името шириме станала поговорка на јапонски (шириме но миру) што значи да се „следи некого“. Според Јошира Санкуро, шириме, со поинаков поглед кон обичните луѓе, „ја претставува фројдовата психа на гротескниот реализам“.

Ова суштество, толку многу му се допаднало на хаику поетот и сликар Јоса но Бусон, што тој го вклучил во многу од неговите јоокаи слики.[1]

  1. Murakami, Kenji (2000). Yōkai Jiten, p.192. Tokyo: The Mainichi Newspaper Company. ISBN 4-620-31428-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]