Шимкент
Шимкент | |
---|---|
Држава | Казахстан |
основан | 12 век |
Управа | |
• Аким (градоначалник) | Габидула Абдрахимов |
Површина | |
• Вкупна | 1.162,8 км2 (449,0 ми2) |
Надм. вис. | 506 м |
Население (2018 проценка)[1] | |
• Вкупно | 1,002,291 |
• Густина | 860/км2 (2,200/ми2) |
поштенски број | 160000 |
Повик. бр. | ( 7) 7252 |
Рег. таб. | 17 |
Мреж. место | shymkent.gov.kz/en |
Шимкент (казашки: Шымкент, شىمكەنت, до 1993 познат како Чимкент;[2] узбечки: Чимкент, چىمكېنت; руски: Чимкент) – град во Република Казахстан, еден од трите града кои имаат статус еднаков на област (град со државно значење[3]). Тој е трет најнаселен град во Казахстан, зад Алмати и Нур-Султан со проценето население од 1.002.291 на 1 јуни 2018 година.[1] Според регионалните и градски официјални лица, милионитиот жител на Шимкент е роден на 17 мај 2018 година.[4] Шимкент е главна железничка крстосница на пругата Туркестан-Сибир, а има и меѓународен аеродром. Градот, исто така е значаен културен центар. Шимкент се наоѓа на 690 км западно од Алмати и 120 км северно од Ташкент, Узбекистан.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Зборот Чимкент доаѓа од два согдиски збора, чим што значи 'бусен' и кент што значи 'град', следователно преведено Чимкент би значел „град во трева“.
По добивањето на независност, градот бил преименуван во Шимкент во 1993 година како дел од владината кампања за употреба на казашки имиња на градовите. Новото име се користи само во Казахстан, додека другите земји го користат првичното Чикмент.
Историја
[уреди | уреди извор]Шимкент бил основан во дванаесеттиот век [5] како каравансарај за да се заштити градот Сајрам, 10 км на исток. Шимкент се развил како пазарен центар за трговија меѓу туркиските номади и Согдијанците. Неколкупати бил уништуван: од Џингис-кан, од војниците од јужните ханства и од номадските напади. Во раните години на 19 век станал дел од Кокандското Ханство. Русите го освоиле во 1864 година.[6] Бил преименуван во Чернаев во 1914 година и името Чимкент му било вратено во 1924 година. По руското освојување, Шимкент бил град на трговија меѓу номадските Турци и стационарните Турци и бил познат по својот кумис.[7]
Во близина на Шимкент постоел гулаг и многу луѓе кои зборувале руски дошле во подрачјето преку затворот.[8]
Во јануари 2015 година, власта на Шимкент испратила барање до УНЕСКО градот да биде прогласен за стар град.[9]
До 2018 година, Шимкент бил административен центар на Јужноказахстанската Област. На 19 јуни 2018 година бил изваден од Јужноказахстанската Област и ставен директно под владата на Казахстан. Административен центар на областа станал Туркестан, а областа била преименувана во Туркестанска Област.[10]
Географија
[уреди | уреди извор]Клима
[уреди | уреди извор]Шимкент има континентална средоземна клима која се граничи со средоземната клима. Шимкент има топли, релативно суви лета и студени зими. Зимите тука се значително потопли отколку во посеверните градови како Алмати и Нур-Султан, со средна месечна температура за време на најстудениот месец во градот (јануари) во просек околу -1 °C. Има чести зимски снежни врнежи, иако има и. Просечните годишни снежни врнежи во Шимкент изнесуваат околу 600 милиметри.
Климатски податоци за Шимкент (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 22,2 | 25,2 | 30,7 | 33,0 | 37,8 | 43,0 | 42,6 | 42,2 | 39,2 | 34,4 | 30,5 | 25,4 | 43,0 (nil) |
Прос. висока °C (°F) | 4,1 | 6,6 | 12,9 | 19,2 | 25,1 | 30,0 | 32,7 | 32,1 | 27,2 | 18,8 | 12,1 | 6,0 | 18,9 |
Сред. дневна °C (°F) | -0,7 | 1,6 | 7,6 | 13,6 | 19,1 | 23,7 | 26,3 | 25,3 | 19,9 | 12,3 | 6,4 | 0,9 | 13,0 |
Прос. ниска °C (°F) | -4,8 | -2,7 | 3,0 | 8,3 | 12,9 | 16,7 | 19,1 | 17,9 | 12,8 | 6,6 | 1,7 | -3,1 | 7,4 |
Најниска забележана °C (°F) | -31,1 | -28,9 | -23,9 | -5,0 | -2,8 | 5,5 | 7,8 | 6,2 | -1,1 | -12,0 | -30,0 | -26,1 | -31,1 (nil) |
Прос. врнежи мм (ин) | 73 (2.87) |
70 (2.76) |
83 (3.27) |
69 (2.72) |
56 (2.2) |
16 (0.63) |
12 (0.47) |
4 (0.16) |
10 (0.39) |
41 (1.61) |
67 (2.64) |
75 (2.95) |
576 (22.68) |
Прос. бр. дождливи денови | 5 | 7 | 9 | 9 | 9 | 5 | 4 | 3 | 3 | 6 | 6 | 6 | 72 |
Прос. бр. снежни денови | 8 | 7 | 4 | 0,3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0,4 | 3 | 6 | 29 |
Прос. релативна влажност (%) | 75 | 73 | 67 | 63 | 56 | 44 | 39 | 34 | 39 | 55 | 69 | 75 | 57 |
Извор: Pogoda.ru.net[11] |
Растителност
[уреди | уреди извор]Растителноста[12] е позната по својата екстремна разновидност. Дрвја како даб, брест, топола, јавор, врба, костен, акација, ајлант, туја, бор, смрча во градот. Широко распространети се хортикултурни култури од цреша, кајсија, слива, калинка, орев, дуња, разни сорти на грозје.
На север од градот во 1980 година бил изграден „Дендропарк“. Зафаќа површина од 150 хектара и има половина милион дрвја и грмушки од 1360 различни видови. Најголемиот број од нив се ретки и егзотични видови.
Демографија
[уреди | уреди извор]- Казаци 64,76%
- Руси 14,52%
- Узбеци 13,70%
- Татари 1.54%
- Други 5,48% (Украинци 0,54%, Корејци 1,00%)[13]
Според владините проценки во 2012 година, градот броел 669.326 жители.[14]
Во 2009 година, населението на Шимкент броело
603,499 жители (2009);[15] во 1999 било 423,902 жители (1999).[15]
На почетокот на 2015 година, на Шимкент му се приклучиле околните подрачја. Така, населението се зголемило на 858.147 жители во рамките на новите граници.[16] Во тоа време, претходното подрачје на Шимкент броело 711.783 жители [17]. На 1 јуни 2018 година, населението на Шимкент достигнало 1.002.291 жител.[1]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Порано доминирала експлоатацијата на рудници на олово, индустрискиот раст почнал во 1930-тите години.
Топилница на олово била отворена во Шимкент во 1934[18] или 1938 година.[19] Таа го задоволувала најголемиот дел од потребите од метали во СССР, бакар и олово, но и други метали, вклучувајќи и три четвртини од сите куршуми испукани од Црвена армијаЦрвената армија. Топилницата продолжила со работа до 2008 година предизвикувајќи екстремни нивоа на загадување (олово, кадмиум и др.) во околното земјиште и потоа контроверзно била рестартирана во 2010 година во рамките на една голема компанија од Обединетото Кралство, Казахмис.[18]
Во градот исто така има индустрии кои произведуваат рафиниран цинк, прехранбени и фармацевтски производи. Исто така, градот има рафинерија од средна големина со која управува Петро Казахстан.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во Шимкент функционира систем за изнајмување велосипеди со 40 станици низ градот.[20]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Град | Земја | Година |
---|---|---|
Стивениџ | Обединето Кралство | |
Измир | Турција | |
Адана | Турција | |
Могиљев | Белорусија | |
Гросето | Италија | |
Патаја | Тајланд | |
Хучанд | Таџикистан | |
Хургада[21] | Египет | 2018 |
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на крстосницата меѓу авенијата Тауке-кан и булеварот Кунаев од Трговскиот центар
-
Поглед на Трговскиот центар во Шимкент, познат како ЦУМ ЦУМ од советско време
-
Фонтани во близина на Трговскиот центар (ЦУМ)
-
Поглед на локалната Медицинска академија
-
улица Туркестанскаја
-
Планини на периферијата на Шимкент
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Об изменении численности населения Республики Казахстан с начала 2018 года до 1 июня 2018 года“. Архивирано од изворникот на 2022-04-07. Посетено на 2019-04-17.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 6 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 165.
- ↑ Nurlan Sauranbayev. „Congratulation of Shymkent city akim N. Sauranbayev with the acquisition the city of republican significance“. Архивирано од изворникот на 2018-06-22.
- ↑ Shymkent's Akimat. „A millionth resident of Shymkent received an apartment as a gift“. Архивирано од изворникот на 2018-06-13.
- ↑ Peoples of central Asia. By Lawrence Krader. Published by Indiana University, 1971
- ↑ http://www.britannica.com/EBchecked/topic/111610/Shymkent
- ↑ Through Russian central Asia. By Stephen Graham. Published by The Macmillan Company, 1916
- ↑ The Gulag Archipelago, 1918–1956: an experiment in literary investigation. By Aleksandr I. Solzhenitsyn, H. T. Willetts, Thomas P. Whitney. Published by Westview Press, 1997
- ↑ „Shymkent Seeks UNESCO Recognition As 2,200-Year-Old City“. www.astanatimes.com.
- ↑ „Публичное подписание Указа «О некоторых вопросах административно-территориального устройства Республики Казахстан»“ (руски). President of Kazakhstan. 19 June 2018.
- ↑ „Weather and Climate - The Climate of Shymkent“ (руски). Weather and Climate (Погода и климат). Архивирано од изворникот на 25 November 2016. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ https://ru.wikipedia.org/wiki/Шымкент#Растительность
- ↑ www.stat.kz Архивирано на 16 ноември 2012 г.
- ↑ „List of Localities with Population - Akimat of the South Kazakhstan Region“. ontustik.gov.kz (англиски). 29 September 2015. Архивирано од изворникот на 2018-09-07. Посетено на 2019-04-17.
- ↑ 15,0 15,1 „Население Республики Казахстан“. Департамент социальной и демографической статистики. Посетено на 8 December 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „kz2009Census“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Численность населения Республики Казахстан по областям, городам и районам на начало 2015 года“. Архивирано од изворникот на 2021-02-04. Посетено на 2019-04-17.
- ↑ „Численность населения Республики Казахстан по областям, городам и районам на 1 января 2015 года“. Архивирано од изворникот на 2017-08-16. Посетено на 2019-04-17.
- ↑ 18,0 18,1 People & Power (TV programme), Al Jazeeera English, Robin Forestier, 20 February 2014
- ↑ The USSR. By John C. Dewdney. Published by Dawson, 1976
- ↑ Shymkent Bike
- ↑ „اتفاقية توأمة بين الغردقة وإقليم جنوب كازاخستان لتنشيط السياحة |صور“. بوابة الأهرام (арапски). Посетено на 2018-07-14.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Шимкент“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Shymkent. |
- shymkent.com
- shymkent.ru
- shymkentonline.com Архивирано на 30 мај 2008 г.
- chimkent.kz
- shymkent.kz
|
|