Шеиху Кујате
Шеиху Кујате | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 21 декември 1989 | ||
Роден во | Дакар, Сенегал | ||
Држава | Сенегал | ||
Висина | м | 1,92||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кристал Палас | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Јего Дакар | |||
ФК Брисел | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2007-2008 | ФК Брисел | 10 | (0) |
2008-2014 | Андерлехт | 153 | (4) |
2008–2009 | → Кортријк | 26 | (3) |
2014-2018 | Вест Хем Јунајтед | 129 | (12) |
2018- | Кристал Палас | 9 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Сенегал 20 | 3 | (2) |
2012 | Сенегал 23 | 4 | (0) |
2012- | Сенегал | 50 | (2) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Шеиху Кујате (роден на 21 декември 1989 година) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на Кристал Палас и на сенегалската репрезентација.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Играч опремен со голема физичка сила и енергија, комбинирано со чувство за позиционирање и добра брзина. Главно игра на позицијата централен играч од средниот ред, но често бил користен и како централен дефанзивец, особено во дресот на Вест Хем.
Кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Кујате ја започнал неговата фудбалска кариера во 1996 година во неговиот роден град со екипата Јаго Дакар и бил скаутиран од страна на белгискиот клуб ФК Брисел. Во септември 2006 година тој заминал во Брисел на проби со клубот, а откако се покажал како ветувачки талент за во иднина му бил понуден договор во јануари следната година.[1]
Во текот на следната сезона 2007-2008, тој го направил своето деби за првиот тим на ФК Брисел под водство на тренерот Албер Картје, во поразот со 7-2 на гостувањето кај Вестерло. Од тој натпревар, тој одиграл уште девет натпревари по ред во Белгиската прва лига завршувајќи ја својата прва професионална сезона со 10 настапи без постигнат гол.[2] Сепак, кон крајот на месец март се здобил со тешка повреда која го оддалечила од терените до крајот на сезоната. Додека минувал низ периодот на рехабилитација, тој не бил платен од страна на одборот на клубот. Тоа го разбеснело Кујате, кој барал од клубот да го ослободи од договорот за да може како слободен играч да потпише за Андерлехт, но Брисел не сакал да го испушти сенегалецот бесплатно и доставиле тужба. На крајот судот досудил во корист на Кујате кој добил право да го раскине својот договор со Брисел.
Андерлехт
[уреди | уреди извор]Во јули 2008, Кујате со слободен трансфер потпишал четиригодишен договор со екипата на Андерлехт.[3] Клубот веднаш потоа го позајмил Кујате на Кортријк до крајот на сезоната, каде тој одиграл 30 натпревари во лигата и купот и постигнал 3 гола.
По враќањето во Андерлехт во летото 2009, сенегалскиот играч од средниот ред добил повеќе можности за игра кај тренер Ариел Јакобс. Својот прв гол за виолетовите го постигнал на 21 март 2010, во победата со 4-0 нагостувањето против Локерен. Во својата прва сезона со Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство. Во јули 2010 година тој му помогнал на клубот да триумфира во Суперкупот на Белгија против Гент, постигнувајќи го единствениот погодок во натпреварот. Во текот на сезоната 2010-2011 Кујате имал сериозна конкуренција на неговата позиција во американскиот репрезентативец Саша Кљештан, поради што почесто тој бил надвор од теренот. Како резултат на тоа, тој бил претворен во централен дефанзивец. Во сезоната 2011-2012 ја освоил својата втора титула со Андерлехт. Пред почетокот на сезоната 2012-2013 кон Кујате имало сериозен интерес од некој од клубовите од најсилните европски лиги како Њукасл Јунајтед, Зенит и Борусија Дортмунд.[4] Сепак тој останал во Андерлехт и во текот на сезоната формирал одлично дуо со новодојдениот централен дефанзивец, холанѓанецот Брам Нујтинк. На крајот на сезоната 2012-2013 ја освоил третата шампионска титула со Андерлехт на 19 мај 2013, а следната сезона ја освоил и четвртата.
Вкупно, Кујате направил 153 лигашки настапи за Андерлехт, постигнувајќи четири гола во пет сезони во клубот. Тој освоил четири лигашки шампионски титули во Белгија со клубот (2009–2010, 2011–2012, 2012–2013 и 2013–2014) и три Суперкупа на Белгија (2010, 2012, 2013).[2][5]
Вест Хем Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 18 јуни 2014 година, Кујате потпишал четиригодишен договор со Вест Хем Јунајтед.[6] Тој го направил своето деби за чеканите на 16 август 2014 година во поразот со 1-0 од Тотенхем. Неговиот настап бил опишан како "импресивен" од страна на БиБиСи.[7] На 28 декември, Кујате го постигнал својот прв гол за Вест Хем во поразот со 1-2 од Арсенал.[8] Неговиот втор гол за сезоната дошол на 8 февруари 2015 година во ремито 1-1 со Манчестер Јунајтед. До крајот на сезоната тој постигнал уште два гола во Премиер лигата, во ремито 2-2 на гости кај Тотенхем и во поразот со 2-1 од Лестер Сити.[9][10] Својата прва сезона во Англија, Кујате ја завршил со 31 настап и 4 гола во Премиер лигата и еден натпревар во ФА Купот.
Следната сезона тој ја започнал со гол против Арсенал во победата со 2-0 на Емирати на 9 август 2015.[11] Потоа тој бил стрелец и во поразот со 3-4 на домашен терен од Борнмут на 22 август.[12] Својот трет погодок за сезоната го постигнал во последните минути од натпреварот против Норич Сити со кој спасил бод за својот тим во ремито 2-2.[13] Во март 2016 година, Кујате потпишал нов, петгодишен договор со Вест Хем, кој би можел да го задржи во клубот до 2021 година.[14] Во текот на сезоната 2015-2016 Кујате на двапати бил исклучен од игра заради добивање на црвен картон, но и во двата случаи картонот бил поништен од ФА после одигрувањето на натпреварите. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 5 гола во лигата и му помогнал на својот клуб да се пласира во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.
На 4 август 2016 година, Кујате го постигнал првиот гол на новиот стадион на Вест Хем, Олимпискиот стадион во Лондон, кој дошол по само осум минута игра во натпреварот од Лига Европа против Домжале. Тој, исто така, го постигна вториот гол за Вест Хем во натпреварот, а чеканите победиле со 3-0.[15]
Кристал Палас
[уреди | уреди извор]На 1 август 2018, Кујате се преселил во Кристал Палас за 9.5 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со лондонскиот клуб.[16][17]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Кујате бил повикан на возраст од 18 години да настапува во сенегалската репрезентација под 20 години, во истата година кога го направил своето деби за ФК Брисел. Тој постигнал два гола во само три натпревари за селекцијата во 2007 година.
Во февруари 2012 година, Кујате бил повикан во сениорската репрезентација. Во истата година, тој бил избран во Олимписката репрезентацијата на Сенегал за олимписките игри. Тој играл во секој натпревар на Сенегал на турнирот, а неговата репрезентација својот настап го завршила во четвртфиналето.
Тој бил член на репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации 2015[18] и Африканскиот куп на нации 2017. Во моментов Кујате е капитен на својата репрезентација.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
29-2-2012 | Дурбан | Јужна Африка | 0 – 0 | Сенегал | Пријателска | - | ||
25-5-2012 | Маракеш | Мароко | 0 – 1 | Сенегал | Пријателска | - | ||
2-6-2012 | Дакар | Сенегал | 3 – 1 | Либија | Квал. за СП 2014 | - | ||
8-9-2012 | Абиџан | Брег на Слоновата Коска | 4 – 2 | Сенегал | Квал. за АКН 2013 | - | ||
13-10-2012 | Дакар | Сенегал | 0 – 2 | Брег на Слоновата Коска | Квал. за АКН 2013 | - | ||
14-11-2012 | Нијамеј | Нигер | 1 – 1 | Сенегал | Пријателска | - | ||
5-2-2013 | Сен-Ле-ла-Форе | Сенегал | 1 – 1 | Гвинеја | Пријателска | - | ||
14-8-2013 | Сен-Ле-ла-Форе | Замбија | 1 – 1 | Сенегал | Пријателска | - | ||
7-9-2013 | Дакар | Сенегал | 1 – 0 | Уганда | Квал. за СП 2014 | - | ||
12-10-2013 | Абиџан | Брег на Слоновата Коска | 3 – 1 | Сенегал | Квал. за СП 2014 | - | ||
5-3-2014 | Сен-Ле-ла-Форе | Сенегал | 1 – 1 | Мали | Пријателска | - | ||
25-5-2014 | Каруж | Сенегал | 3 – 1 | Косово | Пријателска | - | ||
5-9-2014 | Дакар | Сенегал | 2 – 0 | Египет | Квал. за АКН 2015 | - | ||
10-9-2014 | Габороне | Боцвана | 0 – 2 | Сенегал | Квал. за АКН 2015 | - | ||
15-11-2014 | Каиро | Египет | 0 – 1 | Сенегал | Квал. за АКН 2015 | - | ||
19-11-2014 | Дакар | Сенегал | 3 – 0 | Боцвана | Квал. за АКН 2015 | - | ||
9-1-2015 | Казабланка | Сенегал | 1 – 0 | Габон | Пријателска | - | ||
13-1-2015 | Казабланка | Сенегал | 5 – 2 | Гвинеја | Пријателска | - | ||
19-1-2015 | Монгомо | Гана | 1 – 2 | Сенегал | АКН 2015 - 1 фаза | - | ||
23-1-2015 | Монгомо | Јужна Африка | 1 – 1 | Сенегал | АКН 2015 - 1 фаза | - | ||
27-1-2015 | Малабо | Сенегал | 0 – 2 | Алжир | АКН 2015 - 1 фаза | - | ||
28-3-2015 | Ле Авр | Сенегал | 2 – 1 | Гана | Пријателска | - | ||
13-6-2015 | Дакар | Сенегал | 3 – 1 | Бурунди | Квал. за АКН 2017 | - | ||
5-9-2015 | Виндхук | Намибија | 0 – 2 | Сенегал | Квал. за АКН 2017 | 1 | ||
13-10-2015 | Алжир | Алжир | 1 – 0 | Сенегал | Пријателска | - | 66' | |
13-11-2015 | Антананариво | Мадагаскар | 2 – 2 | Сенегал | Квал. за СП 2018 | - | 80' | |
17-11-2015 | Дакар | Сенегал | 3 – 0 | Мадагаскар | Квал. за СП 2018 | 1 | 87' | |
26-3-2016 | Дакар | Сенегал | 2 – 0 | Нигер | Квал. за АКН 2017 | - | ||
28-5-2016 | Кигали | Руанда | 0 – 2 | Сенегал | Пријателска | - | 72' | |
4-6-2016 | Бужумбура | Бурунди | 0 – 2 | Сенегал | Квал.за АКН 2017 | - | ||
3-9-2016 | Дакар | Сенегал | 2 – 0 | Намибија | QCoppa Africa | - | ||
8-10-2016 | Дакар | Сенегал | 2 – 0 | Брег на Слоновата Коска | QMondiali | - | 83' | |
12-11-2016 | Полокване | Јужна Африка | 2 – 1 | Сенегал | QMondiali | - | ||
11-1-2017 | Бразавил | Конго | 0 – 2 | Сенегал | Пријателска | - | ||
15-1-2017 | Франсвил | Тунис | 0 – 2 | Сенегал | АКН 2017 - 1 фаза | - | 88' | |
19-1-2017 | Франсвил | Сенегал | 2 – 0 | Зимбабве | АКН 2017 - 1 фаза | - | 84', 32' | |
29-1-2017 | Франсвил | Сенегал | 0 – 0 | Камерун | АКН 2017 - Четвртфинале | - | 109', 93', | |
Вкупно | Настапи | 37 | Голови | 2 |
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 2 мај 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2007-2008 | Брисел | Про | 10 | 0 | КБ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 10 | 0 |
2008-2009 | Кортријк | Про | 26 | 3 | КБ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 |
2009-2010 | Андерлехт | Про | 16 5[19] | 1 0[19] | КБ | 3 | 1 | ЛЕ | 9 | 0 | - | - | - | 33 | 2 |
2010-2011 | Про | 14 9[19] | 0 1[19] | КБ | 2 | 0 | ЛШ ЛЕ | 3[20] 4 | 0 | СБ | 1 | 1 | 33 | 2 | |
2011-2012 | Про | 28 10[19] | 0 | КБ | 0 | 0 | ЛЕ | 10 | 0 | - | - | - | 48 | 0 | |
2012-2013 | Про | 23 10[19] | 1 0[19] | КБ | 4 | 0 | ЛШ | 6[21] | 0 | СБ | 0 | 0 | 45 | 1 | |
2013-2014 | Про | 28 10[19] | 0 1[19] | КБ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СБ | 1 | 0 | 47 | 1 | |
Вкупно Андерлехт | 109 44[19] | 2 2[19] | 11 | 1 | 40 | 0 | 2 | 1 | 206 | 6 | |||||
2014-2015 | Вест Хем Јунајтед | ПЛ | 31 | 4 | ФАКуп ЛК | 1 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 4 |
2015-2016 | ПЛ | 33 | 5 | ФАКуп ЛК | 5 1 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 41 | 5 | |
2016-2017 | ПЛ | 29 | 1 | ФАКуп ЛК | 0 2 | 0 1 | ЛЕ | 3 | 2 | - | - | - | 34 | 4 | |
Вкупно Вест Хем Јунајтед | 94 | 10 | 9 | 1 | 5 | 2 | - | - | 108 | 13 | |||||
Вкупно во кариерата | 283 | 17 | 24 | 1 | 45 | 2 | 2 | 1 | 354 | 21 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Андерлехт
[уреди | уреди извор]- 2009–2010, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014
- 2010, 2012, 2013
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ FC BRUSSELS Players Архивирано на 30 април 2009 г. on www.rwdm-brussels.be
- ↑ 2,0 2,1 „CHEIKHOU KOUYATE“. www.whufc.com. Архивирано од изворникот на 15 January 2015. Посетено на 1 February 2015.
- ↑ Cheikhou Kouyaté moet van de rechter naar Anderlecht on www.nieuwsblad.be
- ↑ Newcastle wil diep in de buidel tasten voor Kouyaté[мртва врска] Sport.be, 29 november 2012
- ↑ Шеиху Кујате на soccerway
- ↑ Hammers complete Kouyate transfer Архивирано на 28 октомври 2014 г. on www.whufc.com
- ↑ Rose, Gary (16 August 2014). „West Ham United 0–1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 6 November 2015.
- ↑ „West Ham United 1–2 Arsenal“. Jamaica Observer. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 29 December 2014.
- ↑ „Tottenham 2–2 West Ham“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ „Leicester City 2–1 West Ham United“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2015.
- ↑ Osborne, Chris (9 August 2015). „Arsenal 0–2 West Ham“. BBC Sport. Посетено на 10 August 2015.
- ↑ „West Ham United 3 - 4 AFC Bournemouth Match report - 22/08/2015 Premier League — Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2015-09-26.
- ↑ „West Ham United 2–2 Norwich City“. BBC. Посетено на 2015-09-26.
- ↑ „Cheik's in for five more years!“. www.whufc.com. 18 March 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 25 March 2016.
- ↑ [1]
- ↑ „Kouyate Signs For Palace“. cpfc.co.uk (англиски). Посетено на 1 August 2018.
- ↑ Aarons, Ed (1 August 2018). „Crystal Palace sign Cheikhou Kouyaté and close on Swansea's Jordan Ayew“. theguardian.com. Посетено на 1 November 2018.
- ↑ „Senegal off to the perfect start“. www.whufc.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-21. Посетено на 21 January 2015.
- ↑ 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 Во Плејофот за шампион.
- ↑ Во квалификациите за Лигата на шампионите
- ↑ 2 во плејофот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Шеиху Кујате на soccerway
- Шеиху Кујате на transfermarkt
- Шеиху Кујате на espn
- Шеиху Кујате на goal.com Архивирано на 9 мај 2017 г.
- Шеиху Кујате на whoscored