Прејди на содржината

Чедо Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чедо Христов
Роден 1 мај 1938
Струмица, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 30 мај 2011(2011-05-30) (возр. 73)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Чекор пред времето
Време, води
Жена од малтер
Едно лето
Занимање глумец

Чедо Христов (1 мај 1938 во Струмица30 мај 2011 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1970 Ветар ви кутиче кибрит ТВ-филм
1970 Детективи ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Стојан
1979 Жена од малтер ТВ-филм Работник
1980 Време, води ТВ-филм Митрус
1981 Булки крај шините ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија Таткото
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Жан
1987 Трето доба ТВ-филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Адам Валевски
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
2003 Чекор пред времето ТВ-филм

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Струмица, 1938 година.

Христов завршува на отсекот за сликарство на Вишата педагошка школа.

Во 1958 година се вработува во струмичкиот Театар „Антон Панов“ каде останал до 1964 година, кога преминал во Македонски народен театар во Скопје каде останал се до неговото пензионирање во 1996 година. Тој покрај актерството, се занимава и со сценографија на повеќе театарски куќи во Македонија, каде има добиено и награди.

Во 1964 година ја добива наградата од Здружението на драмски уметници за улогата на ликот Ник во претставата „Матуранти“. Христов има добиено неколку награди за најдобра сценографија на претстави на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп меѓу кои: „Смеа низ сокаците“ (1969) и „Тутунскиот пат“ (1972) во изведба на Народен Театар од Струмица, „Смртта на трговскиот патник“ (1977) и „И Адам и Ева“ (1980) во изведба на Народен театар „Војдан Чернодрински“. Во 2010 година ја добил наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]