Прејди на содржината

ЧФР Клуж

Од Википедија — слободната енциклопедија
ЧФР Клуж
Целосно имеФудбалски клуб ЧФР 1907 Клуж
Држава Романија
Прекар
  • Ceferiștii
  • Feroviarii (железничари)
  • Alb-vișiniii (бели и темноцрвени)
Основан1907; пред 117 години (1907)
Бои         бордо и бела
СтадионД-р Константин Радулеску
Капацитет23,500[1]
СопственициМаријан Багацеан (62%)
Арпад Пашкани (38%)
Спортски директорРоманија Даниел Станчиу
МенаџерРоманија Дан Петреску
ЛигаЛига 1 Лига 1
2023–2024Лига 1, 2-и
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Фудбалски клуб ЧФР 1907 Клуж или скратено ЧФР Клуж е професионален романски фудбалски клуб од градот Клуж-Напока, Округот Клуж. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал. Клубот бил основан во 1907 година, со моменталното име ЧФР како акроним за Căile Ferate Române (што означува Романски железници).

Поголемиот дел од своето постоење ЧФР Клуж го поминал во пониските лиги, со исклучок на само шест сезони колку биле член на Првата лига на Романија од сезоната 1969-1970 до сезоната 1975-1976, кога повторно испаднале во понизок ранг. Таму се задржале сè додека клубот не добил голема финансиска поддршка во 2002 година од стопанственикот Арпад Пашкани. Клуж се вратил во елитниот ранг во 2004 година, и тогаш обезбедил учество во своето прво европско натпреварување, Интертото купот 2005, каде стигнале до финалето. Во сезоната 2007-2008, клубот првпат во историјата станал шампион во романската Лига 1, и по првпат после 17 година им ја одземал титулата на клубовите од Букурешт, а само шест година претходно се натпреварувале во третото ниво на романскиот фудбал.[2] Како шампион на земјата, Клуж директно се квалификувал за групната фаза од Лигата на шампионите 2008-2009, каде веќе во првото коло приредиле големо изненадување победувајќи ја Рома со 2-1 во Рим а во второто коло одиграле нерешено 0-0 на домашен терен со Челси, меѓутоа по добриот старт потоа ги загубиле сите натпревари и завршиле на четвртото последно место во групата. Од промената на сопственикот во 2002, клубот освоил дури единаесет трофеи: 4 пати првенството, 4 пати купот и 3 пати Суперкупот на Романија.

Својте домашни натпревари ЧФР Клуж ги игра на стадионот Д-р Константин Радулеску кој има капацитет од 23,500 седечки места. ЧФР има жестоко соперништво со Университатеја Клуж, а натпреварите помеѓу двата клуба се познати како Дерби на Клуж.

Откако се приклучил во првата лига во 2004 година, клубот се потпирал на странски играчи, највеќе на португалци, но исто така и на Африканци, јужноамериканци и во поново време Европејци.

Лига 1:

  • Победник (8) : 2007-2008, 2009-2010, 2011-2012, 2017-2018, 2018-19, 2019-20, 2020/2021.

Лига 2:

  • Победник (2) : 1968-1969, 2003-2004

Лига 3:

  • Победник (7) : 1946-1947, 1982-1983, 1985-1986, 1988–89, 1990-1991, 1995-1996, 2001-2002.

Куп на Романија:

  • Победник (4) : 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2015-2016

Суперкуп на Романија:

  • Победник (3) : 2009, 2010, 2018.

Интертото куп:

  • Финалист : 2005.
Стадионот Д-р Константин Радулеску

Клубот својте домашни натпревари ги игра на стадионот Д-р Константин Радулеску во Клуж-Напока, кој е со капацитет од 23.500 седечки места.

Со инвестиција од 10 милиони евра, од есента 2006 до јуни 2007, била поставена нова поквалитетна трева, нови рефлектори и била унапредена самата инфраструктура на стадионот. Целата работа била завршена за стогодишнината на клубот, кога на него бил одигран првиот официјален пријателски натпревар против португалската Бенфика. Откако Клуж се квалификувал за групната фаза на Лигата на шампионите 2008-2009, стадион повторно бил реновиран во 2008 година и бил проширен капацитетот од 23.500 места. Стадионот спаѓа меѓу најмодерните во Романија, а постојат планови за негово понатамошно проширување.

На 6 септември 2008 романската репрезентација го одиграла својот прв официјален натпревар на овој стадион, и прва во Клуж после 85 години, а тоа бил натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2010 против Литванија, во кој жолтите победиле со 3-0.

Соперници

[уреди | уреди извор]

Университатеа Клуж Университатеа Клуж

ЧФР Клуж има силно соперништво со своите локални противници Университатеја Клуж.[3] Според новинарот Разван Тома, првиот натпревар помеѓу двете екипи се одиграл на 13 октомври 1920 година, кога ЧФР ја прегазил Университатеја со 8-0 на централниот парк во Клуж-Напока.[4] Се верува дека дербито е засновано на етнички конфликт меѓу заедниците во градот; но ова тврдење, сепак, може да се побие бидејќи двете екипи имале играчи од унгарско потекло низ историјата.[4] Мрежното место за историја и статистика Romanian soccer смета дека поразот од 1-3 на ЧФР - кој штотуку се споил со Ферар Клуж - од Универистатеја на 7 декември 1947 бил првиот меѓусебен двобој помеѓу овие два клуба во Лига 1.[5] Оттогаш па наваму двата тима одиграле вкупно 36 натпревари (30 во Лига 1, 2 во Лига 2 и 4 во Купот на Романија), а ЧФР е поуспешен со 16 победи, наспроти 6 на Университатеја, додека 14 натпревари завршиле нерешено.

Натпреваување Одиграно Победи на ЧФР Нерешени Победи на Универистатеја
Лига 1 30 14 11 5
Лига 2 2 2 0 0
Куп на Романија 4 0 3 1
Вкупно 36 16 14 6

Клубот, исто така, има поблаги соперништва со Стеауа Букурешт, Динамо Букурешт, Рапид Букурешт, Университатеја Крајова и Политехника Темишвар.

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Шпанија ГМ Хесус Фернандес
5 Хрватска СР Мате Малеш
6 Романија ОД Кристијан Манеа
7 Романија СР Александру Паун
8 Хрватска СР Дамјан Џоковиќ
9 Франција НП Билел Омрани
10 Романија СР Чипријан Деак
14 Португалија СР Тјери Мутињо
18 Романија СР Валентин Костаке
19 Аргентина СР Емануел Кулио
20 Романија НП Георге Цукудеан
21 Брег на Слоновата Коска ОД Кевин Боли
22 Унгарија ОД Адам Ланг
Бр. Позиција Играч
26 Романија НП Кристијан Буд
28 Романија СР Овидиу Хобан
29 Романија ОД Разван Хор
30 Романија ОД Андреј Мурешан
31 Романија СР Александру Јоница
33 Романија ГМ Адријан Рус
37 Романија СР Михај Бордеану
45 Португалија ОД Камора
55 Бразил ОД Пауло Винисиус
62 Романија СР Клаудиу Петрила
77 Романија ОД Андреј Петелеу
87 Литванија ГМ Гиедриус Арлаускис
  1. „Stadion – Info utile“ [Stadium – Useful info] (романски). CFR Cluj. Посетено на 2 јуни 2017.
  2. „Scolari forewarned“. BBC News. 28 септември 2008. Посетено на 28 април 2010.
  3. „ŢINE-ŢI RESPIRAŢIA! TOP 10 rivalităţi din fotbalul românesc“ [HOLD YOUR BREATH! TOP 10 rivalries in Romanian football] (романски). ProSport. 10 June 2010. Посетено на 5 September 2017.
  4. 4,0 4,1 „DESTINAȚIE: ROMÂNIA/ U Cluj - CFR 1907, povestea celei mai lungi rivalități din fotbalul românesc“ [DESTINATION: ROMANIA/ U Cluj - CFR 1907, the story of the oldest rivalry in Romanian football] (романски). Agerpres. 30 August 2014. Архивирано од изворникот на 2019-04-11. Посетено на 5 September 2017.
  5. „Divizia A Etapa 15 1947-1948 - Romania“ [Division A Fixture 15 1947-1948 - Romania] (романски). Romanian Soccer. Посетено на 5 September 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]