Црногрла стрнарка
Црногрла стрнарка | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Стрнарки |
Род: | Emberiza |
Вид: | Црногрла стрнарка |
Научен назив | |
Emberiza cirlus Linnaeus, 1766 |
Црногрлата стрнарка (науч. Emberiza cirlus) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae.
Се размножува низ јужна Европа, на средоземните острови и северна Африка. Таа е постојан жител во овие потопли краишта и не се сели зимно време. Ја има и во Македонија. Живее во сите видови отворени предели со грмушки или дрвја, но ги претпочита сончевите падини.
Промените во земјоделската практика имаат негативно влијание на овој вид на северните граници од својот опсег, а во Англија, каде некогаш била распространета низ голем дел од југот на земјата, сега е ограничена на јужен Девон.
Опис
[уреди | уреди извор]Црногрлата стрнарка е како мала жолтогрла стрнарка, со должина 15-16.5 см и распон на крилјата 22-22.5 см[2] со дебело кусо клунче како на сите птици што се хранат со семиња. Мажјаците имаат светложолта глава, со црна круна, црна линија над окото и црно грло и има зеленкава линија преку градите кои инаку се жолти како и останатиот долен дел од телото. Грбот му е многу ишаран во линии со кафеаво. Женките се како жолтогрлата стрнарка, но се сивокафеаво избразденошарени над опашката и имаат костенливи рамења.
Песната му е монотоно чрчорење слично на трскарите.[2]
Поведение
[уреди | уреди извор]Живеалиштето на црногрлата стрнарка се обработливите земјишта, мешавината од трева и нива, полињата поделени со густа жива ограда и сл.[3] Тие можат да толерираат извесен степен на урбанизација и се среќаваат во зелените површини на градовите, дури и во Рим.
Во летниот период овие птици се хранат со безрбетници, на пример, скакулци и штурци со кои ги хранат и своите пилиња. Зимно време се хранат со мали семиња од стрништата, ораниците, со жито или сено. Тие имаат тенденција да се хранат во јата во текот на зимата.
Гнездото го прават на земја засолнето под густата покривка на растенијата, како што се живите огради, капините, глогот и сл. Сезоната на парење трае од април до средината на септември, и имаат 3 легла годишно. Тие не се селат, и не се оддалечуваат многу од својата територија. Лете, одат само 250 метри во потрага по храна, а зиме до 2 км да пронајде стрништа. Несат 2-5 јајца со специфични шарки на стрнарките, како влакненца.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Emberiza cirlus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 The Birds of the Western Palearctic [Abridged]. OUP. 1997. ISBN 0-19-854099-X.
- ↑ / Images/cirlbunting_tcm9-148726.pdf "Фарми за птици - црногрла стрнарка RSPB" брошура
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Возраст и пол (PDF; 4.8 MB) од Javier Blasco-Zumeta and Gerd-Michael Heinze Архивирано на 26 декември 2011 г.
- RSPB Опис и пеење на црногрла стрнарка
- ARKive Архивирано на 11 мај 2008 г. Опис и видео