Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Бадолен
Изглед
Успение на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Струмичка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°26′34″N 22°57′20″E / 41.44278° СГШ; 22.95556° ИГД |
Место | Бадолен |
Општина | Ново Село |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Успение Богородично |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна псевдобазилика |
Успение на Пресвета Богородица или само Св. Богородица — црква во струмичкото село Бадолен, Општина Ново Село. Ѝ припаѓа на Струмичката епархија на МПЦ - ОА.[1]
Храмот се наоѓа во југоисточниот дел на селото. Претставува трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на трите кораба.[2] За оваа црква во 1889 г. струмичкиот зограф Григориј Пецанов изработил неколку икони.[3] Во црквата работел и зографот Гаврил Атанасов.[4]
Во црквата се празнуваат Голема Богородица (Успение) на 28 август и селската слава на 6 мај. Ја посетуваат жители на Ново Коњарево и Самоилово, преселници од Бадолен.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бадилен“. Општина Ново село. Посетено на 20 декември 2019.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 203.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 219.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 220.
- ↑ „Бадилен“. Општина Ново Село. 4 јануари 2024. Посетено на 6 јануари 2024.