Прејди на содржината

Црква „Пресвета Богородица Неракотворна“ - Солун

Координати: 40°38′5.9″N 22°56′52.3″E / 40.634972° СГШ; 22.947861° ИГД / 40.634972; 22.947861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресвета Богородица Неракотворна
Παναγία Αχειροποίητος
Поглед на црквата
Карта
40°38′5.9″N 22°56′52.3″E / 40.634972° СГШ; 22.947861° ИГД / 40.634972; 22.947861
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаV век
Управа
ЕпархијаСолунска
Апсидата на црквата

Пресвета Богородица Неракотворна (грчки: Παναγία Αχειροποίητος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Од 1988 г. црквата е дел од светското наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Храмот се наоѓа на главната солунска улица „Егнатија“, во западниот крај на античката агора.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според тулите и мозаиците, црквата датира од околу 450470 г. Храмот претрпил архитектонски уште во VII век, а поозбилни промени датират од доцновизантискиот период во XIV – XV век. Црквата е трикорабна базилика со дрвени настрешници на покривот, која завршува на исток со полукружна апсида. Останати се неколку мозаици од V век, кои се истакнуваат поради високата уметничка изведба. Има живопис од XIII век. Црквата е изградена врз римска бања. Базиликата се споменува во писмени извори како црквата на Дева Марија, па дури и како Голема катедрала на Успението Богородично. Името Неракотворна (Ахиропиитос) е за првпат посведочено во документ од 1320 г.[1]

„Пресвета Богородица Неракотворна“ е првата црква претворена во џамија веднаш по освојувањето на Солун во 1430 г. од Мурат II и останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Ески Џума[4] или Ески-џамија (Стара џамија). Иако претрпела доста обнови во нејзината долга историја, црквата се смета за еден од најдобро зачуваните и значителни примери за типичните базилики со галерии од византискиот период.[1]

Натписот од султанот Мурат е зачуван во северната колонада, на осмиот столб од исток.[5]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Αχειροποίητος“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2016-08-16. Посетено на 2 јуни 2014.
  2. „Paleochristian and Byzantine Monuments of Thessalonika“. UNESCO. Посетено на 11 јули 2016.
  3. „ΠΑΓΚΟΣΜΙΑ ΠΟΛΙΤΙΣΤΙΚΗ ΚΛΗΡΟΝΟΜΙΑ UNESCO: Παλαιοχριστιανικά και Βυζαντινά μνημεία Θεσσαλονίκης“. Hellenic National Commission for UNESCO. Архивирано од изворникот на 2016-12-24. Посетено на 11 јули 2016. Занемарен непознатиот параметар |език= (help)
  4. Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.54
  5. Kourkoutidou-Nikolaidou, E.; Tourta, A. (1997). Wandering in Byzantine Thessaloniki. Kapon Editions. стр. 185–191. ISBN 960-7254-47-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]