Прејди на содржината

Центар Жупа

Координати: 41°28′5″N 20°33′32″E / 41.46806° СГШ; 20.55889° ИГД / 41.46806; 20.55889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Центар Жупа
Вапа

Воздушен поглед на селото Центар Жупа

Центар Жупа во рамките на Македонија
Центар Жупа
Местоположба на Центар Жупа во Македонија
Центар Жупа на карта

Карта

Координати 41°28′5″N 20°33′32″E / 41.46806° СГШ; 20.55889° ИГД / 41.46806; 20.55889
Регион  Југозападен
Општина  Центар Жупа
Област Жупа
Население 354 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1258
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 800 м
Центар Жупа на општинската карта

Атарот на Центар Жупа во рамките на општината
Центар Жупа на Ризницата

Центар Жупа (во минатото Вапа) — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Најголем дел од населението се Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 800 метри.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото првично се викало Вапа, кога се двоело и на Горна и Долна Вапа и било целосно населено од христијанско население.

Подоцна, во него се населуваат муслимански семејства од сите други села од областа Дебарска Жупа и тоа било создадено како нова населба наречена Центар Жупа. Ова се случило по 1981 година.[б 1]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953—    
1961—    
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991511—    
1994466−8.8%
2002800 71.7%
2021354−55.8%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Горна Вапа имало 15 домаќинства со 47 христијани (Македонци), додека селото Долна Вапа имало 15 домаќинства со 43 христијани (Македонци).[4]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Горна Вапа имало 116 жители, сите Македонци христијани, додека Долна Вапа имало 60 жители, сите Македонци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вапа имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 800 жители, од кои се изјасниле:[8] 80 Македонци, 4 Албанци, 714 Турци и 2 останати.

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани, како и сите останати жители на селото. Сите жители во селото го говорат македонскиот јазик како нивен мајчин јазик.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 33 Македонци, 4 Албанци, 304 Турци и 13 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 176 320 [б 1] [б 1] [б 1] [б 1] [б 1] 511 466 800 354
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Значаен број од населението се наоѓаат на привремена работа во странство.[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Центар Жупа било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0561 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.312 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 356 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[17]
Споменици

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Навистина овој регион во минатото, па и денес е потенцијален извор на борачи во слободен стил. Традиционалните Ѓуреши, турнири во слободно борење секогаш биле вистинско задоволство за населението од општината и надвор од неа. Последните 4 години, се организирани традиционални турнири во мал фудбал од активисти во општината кои исто така се масовно посетени.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Торбеши“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1497. Text "series " ignored (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ценевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1600. Text "series " ignored (help)
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 184-185.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 11 февруари 2023.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Населеното место Центар Жупа не постоело за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971 и 1981 година. Како населено место е формирано подоцна.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]