Прејди на содржината

Хуманизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микеланџело Буонароти: Создавање на човекот

Хуманизамренесансно културно и филозофско-научно движење кое тежнеело кон воздигнување на личноста според античките примери. Хуманизам се појавил во Европа кон крајот на 14 и почеток на 15 век.

Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.

Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.

Секуларен хуманизам

[уреди | уреди извор]
„Среќно човеково битие“, симбол на секуларен хуманизам

Секуларен хуманизам или едноставно „хуманизам“ е прогресивна животна филозофија која, без натприродното, ја потврдува способноста и одговорноста на човековите битија да водат етички животи на лични исполнувања кои тежнеат кон поголемо добро на човештвото.[1]


  1. Humanism and Its Aspirations (Humanist Manifesto III), American Humanist Association