Прејди на содржината

Хрватска народна банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска народна банка
Hrvatska narodna banka
Поглед кон објектот каде е сместена банката
Поглед кон објектот каде е сместена банката
СедиштеПлоштад на хрватските великани 3
Загреб
Координати45°48′44″N 15°59′03″E / 45.81222° СГШ; 15.98417° ИГД / 45.81222; 15.98417
Основана21 декември 1990
гувернерБорис Вујчиќ, Предлошка:IPA-sh
Централна банка наХрватска
Валутахрватска круна
HRK (ISO 4217)
Резерви11,420 милијарди € [1] декември 2011
Мрежно местоhnb.hr

Хрватска Народна Банка (хрватски: Hrvatska narodna banka) е главната банкарска институција во Хрватска, а воедно ја претставува и највисоката институција на монетарната власт. Хрватска Народна Банка е централна банка на Хрватска.

Цели и задачи на Хрватската Народна Банка

[уреди | уреди извор]

Хрватската Народна Банка (НБХ) е одговорна, во рамките на своите права и должности, за стабилноста на валутата и општата ликвидност на плаќањата во земјата и во странство. Хрватската народна банка во својата работа е независна, но за својата работа одговара пред хрватскиот парламент. Добивката на Хрватската народна банка му припаѓа на државниот буџет. Позицијата на ХНР се уредува со законот за Народна Банка.

Според член три на Законот за Народната Банка на Хрватска, главна цел на ХБН е одржување на ценовната стабилност, како и поддржување на хрватската економска политика во согласност со принципите на отворената пазарна економија и слободна конкуренција.[1]

  1. Цел на Народната Банка на Хрватска е одржување на стабилноста на цените.
  2. Без да се доведе во прашање остварувањето на нејзината цел, Народната Банка на Хрватска ќе ја подржи економската политика на Република Хрватска и притоа ќе делува, согласно со принципите на отворената пазарна економија и слободна конкуренција.

Што се однесува до функциите и должностите на Народната Банка на Хрватска, тие се регулирани со член 4 на истоимениот закон. Таа е самостојна и независна во согласност со Уставот и законите на Република Хрватска во целокупното работење од своја надлежност. Генерално гледано, должностите на НБХ се слични со народните банки на другите држави и се слични на функциите на народните банки кои ги даваат теориите по монетарна економија.

Надлежностите и задачите на Народната Банка на Хрватска се:

  • Формулирање и спроведување на монетарната политика и девизниот курс,
  • Одржување и управување со девизните резерви на Хрватска,
  • Издавање книжни и ковани пари,
  • Издавање и одземање на лиценци и одобренија во согласност со законите со кои се регулира работата на кредитните институции, кредитните унии, институциите за платен промет и системите за исплата на трансакции, девизно работење и овластени менувачници,
  • Надзор и мониторинг, во согласност со законите со кои се регулира работењето, на кредитни институции, кредитни унии, институциите на платен промет и системи за плаќање, институции и платните системи за порамнување трансакција - водење на сметки на кредитни институции и ефикасноста на платните трансакции на овие сметки, давање на кредити на кредитните институции и примање на депозитни средства од тие институции,
  • Воспоставување и унапредување на платниот систем,
  • Должности предвидени со законите на Република Хрватска,
  • Донесувањето на подзаконските акти во работите од своја надлежност, и
  • Извршување други работи утврдени со закон.[2]

Хрватската народна банка може, со цел да се реализира монетарната политика и политиката на девизниот курс, да донесе мерки и инструменти кои се неопходни за регулирање на кредитните активности и ликвидноста на кредитните институции и регулирање на количината на пари во оптек т.е. воведување мерки поврзани со каматните стапки и девизниот курс на домашната валута. Генерално, законот за Народна Банка на Хрватска, монетарната и девизната политика на НБХ ја регулира во овие области:

  • надлежности и овластувања за спроведување на монетарната и девизната политика,
  • работа на отворен пазар,
  • одобрување кредити на кредитни институции,
  • дисконтно работење,
  • каматни стапки на дискотното и кредиторното работење,
  • задолжителни резерви,
  • тргување со девизи и ефективни пари,
  • девизните резерви на Република Хрватска,
  • отворање на сметки во странство за меѓународни плаќања.[3]

Органи на Народната Банка на Хрватска

[уреди | уреди извор]

Како органи на Народната Банка на Хрватска се:

  • Советот на Народната Банка на Хрватска и
  • Гувернерот на Народната Банка на Хрватска.

Советот на Народната Банка на Хрватска

[уреди | уреди извор]

Советот на Народната Банка на Хрватска се состои од гувернерот, заменик и вице гувернери. Советот на Хрватската народна банка има до осум надворешни членови. Советот на Хрватската народна банка e одговорен за постигнување на целите и задачите на Хрватската народна банка. Тој воспоставува политики кои се однесуваат на активностите на Хрватската народна банка.

Како фунции на Советoт на НБХ се јавуват:

  • утврдување на монетарната политика и политиката на девизниот курс,
  • донесување на Статутот и финансискиот план на НБХ,
  • усвојување на финансиските извештаи: НБХ двапати годишно доставува извештај до хрватскиот парламент за финансиската состојба, степенот на стабилност на цените и спроведувањето на монетарната политика, а месечно до Министерството за финансии поднесува скратен биланс на НБХ,
  • утврдување на условите на кредитирање кредитни институции,
  • поставување на каматните стапки,
  • уредување на задолжителните резерви,
  • издавање и одземање на лиценци наа кредитни институции со седиште во Република Хрватска и филијалите на кредитни институции со седиште надвор од Хрватска,
  • определување на несолвентност, давање предлози за покренување на стечајна постапка и одземање на лиценца на кредитни институции,
  • одобрување за спојување на кредитните институции и други компании,
  • одобрение за назначување на претседател и членови на одборот на кредитни институции,
  • издавање и одземање на лиценци за работа на системот за порамнување на трансакции,
  • одлучувањето за деноминации и одлики на книжните и кованите пари и нивното пуштање и повлекување од оптек,
  • определување на стратегии и политики за девизните резерви,
  • одлучување за членство НБХ во меѓународни институции и организации,
  • одлучува за основање и затворање на филијали и претставништва на НБХ.[4]

Гувернерот на Народната Банка на Хрватска

[уреди | уреди извор]

Гувернерот на НБХ е одговорен за спроведување на одлуките на Хрватската народна банка. Во прилог на организирањето и управувањето со Хрватската народна банка, Гувернерот на НБХ, меѓу другото, ги врши и овие должности:

  • ја претставува Хрватската народна банка,
  • обезбедува подобри услови и начини за супервизија на кредитни институции,
  • обезбедува решенија во процесот на супервизија на кредитни институции,
  • донесува подзаконски акти, одлуки и општи акти од делокругот на НБХ, а кои со законот за НБХ не се ставени како надлежности на Советот на НБХ.[5]

<references>

Официјално мрежно место

[уреди | уреди извор]

Хрватска народна банка

  1. „Закон за Народната Банка на Хрватска, член 3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-18. Посетено на 2013-05-22.
  2. „Закон за Народната Банка на Хрватска, член 4“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-18. Посетено на 2013-05-22.
  3. „Закон за Народната Банка на Хрватска, член 9-20“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-18. Посетено на 2013-05-22.
  4. „Закон за Народната Банка на Хрватска, член 42“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-18. Посетено на 2013-05-22.
  5. „Закон за Народната Банка на Хрватска, член 43“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-18. Посетено на 2013-05-22.