Прејди на содржината

Хиџра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиџра
Други имињаПребегнувањето на Мухамед.[1][2] Преселувањето на Мухамед,преселување, хиџра.
УчеснициМухамед и неговите следбеници
МестоАрапски Полуостров
ДатумЧетврток 17 јуни — Петок 2 јули 622 Јулијански календар[3]
ИсходПреименување на Јатриб во „во градот (на пророкот)“ (Медина), непријателствата меѓу племињата Аус и Хазреџ запираат (племињата преминуваат во Ислам), Мухамед станува политички водач и ги обединува новите муслимани.
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Хиџра (арапски: هِجْرَة или хиџрат, хегира - „преселба“) — пребегнувањето на исламскиот пророк Мухамед и неговите следбеници од Мека до Медина во јуни 622 г.[4]

Хиџра на Мухамед

[уреди | уреди извор]

Во 622 година, предупреден за заговор за негово убиство, Мухамед тајно пребегнува од Мека со Абу Бакр.[5] Мухамед и неговите следбеници се пребегнале во градот Јатриб, 320 км северно од Мека. Јатриб подоцна ќе биде наречен Мединат ун-Наби, што во превод значи „градот на пророкот“, но ун-Наби подоцна се отфрла, па името станува Медина, што значи „градот“.[6] Муслиманската година за која се случува хиџра ја означува првата година од исламскиот календар воведен од Омар во 638 г. или 17 п.х. (со значење „по хиџрата“: меѓународно се користи наставката AH — anno hegirae — „од годината на хиџрата“).[6] Во понатамошниот период[6] градот ќе се нарекува Медина, а областа околу истиот Јатриб.

Ден Дата Забелешки
Ден 1
четврток
26 сафер п.х. 1
(17 јуни 622 г.)
Напуштањето на домот во Мека. Засолнувањето во период од три дена во пештерата Таур јужно од Мека.
Ден 9
понеделник
1 Реби I 1 п.х.
(21 јуни 622 г.)
Ја нпушта околината на Мека. И се упатува северно кон областа Јатриб.
Ден 16
понеделник
12 реби I 1 п.х.[7]
(2 јули 622 г.)[8]
Пристигнува во Куба во близина на Медина.
Ден 20
петок
16 Реби I 1 п.х.[9]
(6 јули 622 г.)
Првата посета на Медина за петочните молитви.
Ден 30
петок
26 Rabi' I 1 п.х.
(16 јули 622 г.)
Се преместува од ел-Куба во Медина.

Како забелешка, ел-Бируни не се согласува со Алви, ибн Сад, Абу Џафар и ибни Хишам за погоре наведените дати.[10][11] Претпоставените дати во наназд пресметаниот исламски календар ќе се разликуваат од вистинските дати поради тоа што се пресметани според современиот меѓународен Грегоријански календар. Хиџра се слави годишно на 1 Мухарем, првиот ден од муслиманската година, поради што многу автори го збунуваат првиот ден со самата година, погрешно пишувајќи дека хиџра се случила на 1 мухарем п.х. 1[6] (на пример 18 април 622 г.) па дури и претпоствената дата според грегоријанскиот календар 26 реби I во 1 п.х. е 16 јули 622 г. иако сето тоа се случило на 12 Реби I (2 July 622 г.).

Важно е да се запомни дека со осмислувањето на табеларниот исламски календар од страна на муслиманските астрономи се протега назад во времето и ги менува сиве овие дати за 88 денови или или три месечеви месеци бидејќи првиот ден од годината во кој се случува хиџра 1 Мухарем AH 1, ќе биде погрешно земен како понеделник 19 април 622 г. за разлика од петок 16 јули 622 г. Муслиманските дати за хиџра се оние кои биле забележани во првичниот арапски месечево-сончев календар и истите никогаш не биле правилно префрлени во месечевиот календар за да се надомести разликата од трите интеркалациони месеци кои биле вметнати за период од девет години, за истите подоцна да бидат забранети во годината на последниот аџилак на Мухамед (10 п.х.).

Прва хиџра

[уреди | уреди извор]

Технички, првата хиџра се случила во 615 г. кога група на мулимани била советувана од Мухамед за да го избегнат прогонот во Мека да отпатуваат во Етиопија (Абисинија во тој период), која била владеена од христијанскиот крал, Негус. Мухамед не се придружил во ова преселување. Во таа година неговите следбеници пребегнале од Мека поради племето, Курејш, кои беа испратиле пратеници во Етиопија за да ги вратат назад во Арабија. Движењето кое било во зародиш трпело големото противење и гонење, сè до оној момент кога Мухамед и неговите следбеници добиле покана од луѓето во Јатриб и одлучуваат да ја напуштат Мека.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. "Dates of Epoch-Making Events", The Nuttall Encyclopaedia. (Gutenberg version)
  2. Mahomet is an archaism used for Muhammad... See Medieval Christian view of Muhammad for more information.
  3. Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) p.51-52 Ta-Ha Publishers Ltd.
  4. Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) p.52 Ta-Ha Publishers Ltd.
  5. Moojan Momen (1985),An Introduction to Shi'i Islam: History and Doctrines of Twelver Shi'ism, Yale University Press, New edition 1987, p. 5.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 F. A. Shamsi, "The Date of Hijrah", Islamic Studies 23 (1984): 189-224, 289-323.
  7. Al-Biruni states it was the 8th. cf. Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) p.51 Ta-Ha Publishers Ltd.
  8. Al-Biruni's date would give 28th June 622
  9. Al-Biruni states it was the 12th
  10. Chronology of Prophetic Events, Fazlur Rehman Shaikh (2001) pp.51-52 Ta-Ha Publishers Ltd.
  11. Caussin de Perceval writing in 1847 as reported in 1901 by Sherrard Beaumont Burnaby, Elements of the Jewish and Muhammadan calendars (London: 1901) 374–5.