Прејди на содржината

Хемиски Кореспонденции

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Хемиски Кореспонденции“ (англиски: Chemistry Communications) е научно списание кое го издава Кралското друштво за хемија. Списанието претходно излегувало под различни имиња: „Списание на Хемиското друштво D: Хемиски Кореспонденции“ (1969-1971) и „Списание на Хемиското друштво, Хемиски Кореспонденции“ (1971-1995). Списанието објавува трудови во сите области на хемијата. За каталогизација на ова списание се користи скратеницата Chem. Comm. [1]

Почнувајќи од 2012 година, списанието издава сто броеви секоја година. Во 2019 година, импакт факторот на ова списание бил 6,164. [2]

Од јуни 2015 година, извршен уредник на списанието е Филипа Рос, [3] a од февруари 2016 година, Д-р Вероник Гуверно постанува претседавач на редакцискиот одбор на списанието. [4]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  1. „Chemical Communications“. www.rsc.org (англиски). Посетено на 2019-07-18.
  2. „Chemical Communications“. www.rsc.org (англиски). Посетено на 2019-07-18.
  3. „Личен профил на LinkedIn“. LinkedIn. Посетено на 18 јули 2019.[мртва врска]
  4. „Véronique Gouverneur – our new ChemComm Chair – Chemical Communications Blog“ (англиски). Посетено на 2019-07-18.