Халкида
Халкида Χαλκίς | |
---|---|
Крајбрежјето во Халкида | |
Местоположба во областа 2011 Dimos Chalkideon.png | |
Координати: 38°28′N 23°36′E / 38.467° СГШ; 23.600° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Грција |
Округ | Евбеја |
Површина | |
• Општина | 412,4 км2 (1,592 ми2) |
• Општ. един. | 30,8 км2 (119 ми2) |
Најг. вис. | 5 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2001)[1] | |
• Општ. | 102.223 |
• Општ. густина | 25/км2 (64/ми2) |
• Општ. един. | 59.125 |
• Општ. един. густина | 190/км2 (500/ми2) |
Час. појас | EET (UTC 2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC 3) |
Пошт. бр. | 341 00 |
Повик. бр. | 22210 |
Рег. таб. | ΧΑ |
Мреж. место | www.dimos-xalkideon.gr |
Халкида или Халкис (грчки: Χαλκίδα) — административен центар на округот Евбеја во периферијата Централна Грција. Тој е еден од најважните и најголемите градови на подрачјето на Грција северно од Атина. Исто така, градот спаѓа помеѓу петте најголеми градови на грчките острови.
Географска положба
[уреди | уреди извор]Халкида се наоѓа релативно блиску до Атина за грчки услови - 75 километри северно од главниот град. Сместен е недалеку од главниот државен пат Атина - Солун.
Халкида се развила на стратешки важно место на западниот брег на островот Евбеја, на местото каде островот е најблиску до копното, односно на протокот помеѓу него и копното, таканаречен Еврипски Проток (35 метри). Денес, тој проток е премостен на две места, така да градот преку мал дел се проширил и на копното.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Халкида се споменува како Халкис уште во Илијада. На подрачјето на градот се откриени и гробишта од Микенското време. Градот најмногу се развил во текот на старогрчкото време, кога грчките колонисти основале многу колонии на островот Сицилија.
Халкида се покажа како многу важен град, бидејќи долго време бил тврдина за надгледување на пошироката околина - прво во времето на Стар Рим, а потоа и во Византија. Во 1470 година, градот потпаѓа под Османлиско Царство и станал седиште на пашата. Во 1688 година, градот успешно се справи со нападот на Млетјаните.
Градот стана дел од современа Грција во 1830 година, а кон крајот на 19 век стана седиште на денешната префектура. Во тоа време градот брзо напредува. Меѓутоа, во 1894 година се случува голем земјотрес, каде после тоа, во 1904 година е изграден современиот град, кој добива и железничка пруга.
Население
[уреди | уреди извор]Денес, населението на градот брои околу 60.000 жители, од кои мнозинството се Грци. Во поширокото градско подрачје, пак, живеат над 102.000 жители.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- www.chalkidacity.gr Официјална страница на градот Архивирано на 30 август 2018 г.