Футуна
Футуна (валиски, футунски и француски: Futuna) — остров во Тихиот Океан. Заедно со островот Алофи ги сочинуваат Хорнските Острови, кои пак се дел од француската територија Валис и Футуна.
Географија
[уреди | уреди извор]Двата острова, Алофи и Футуна, се остароци од мртви вулкани, денес обиколени од корални гребени. Островот има вкупна површина од 83 км2. Според пописот од 2003 година, Футуна имала население од 4.871 жител. Островот е поделен на традиционалните кралства Ало и Сигаве. Ало има население од 2.991 жител и има површина од 30 км2. Сигаве имало население од 1.880 жители и површина од 53 км2. Највисока точка на островот е Маун Пуке со 524 метри.
Образование
[уреди | уреди извор]На островот има шест основни училишта.[1] На островот има и две нижи средни (колеџи) и средно училиште (колеџ).[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "LIVRET D'ACCUEIL Wallis et Futuna Архивирано на 10 октомври 2017 г.." Wallis and Futuna. p. 22 (22/28). Посетено на September 14, 2016.
- ↑ "Cartographie des établissements du second degré." Wallis and Futuna. June 24, 2016. Посетено на September 14, 2016.
Литература
[уреди | уреди извор]- Cartes institut géographique national (4902F)
- Robert Kerr (1824): Voyage round the world, in 1615-1617, by William Cornelison Schouten and Jacques le Maire, going round Cape Horn. The comments of the editor to the original ship's journals are completely wrong, however.
- Percy Smith (1892): "Futuna; or, Horne Island and its People" Архивирано на 4 февруари 2018 г., Journal of the Polynesian Society, vol.1, pp. 33–52
Поврзано
[уреди | уреди извор]14°17′S 178°09′W / 14.283° ЈГШ; 178.150° ЗГД