Ундина
- За други значења на зборот, погл. Ундина (појаснување)
Ундина или Ондина се елементали, обележани како водни елементали во алхемијата на Парацелзус. Исто така се појавуваат во европскиот фолклор како бајколики суштества; се вели дека ундините добивале душа, венчајќи се за некој смртник и раѓајќи му дете.
Ундина била водна нимфа во Германската митологија. Таа била многу убава и (како и сите нимфи) бесмртна. Единствена закана за вечната среќа на нимфите претставува нејзиното вљубување во некој смртник, зашто доколку роди негово дете, таа престанува да биде бесмртна.
Се вљубила во прекрасниот витез - Лоренс и се венчала со него. Кога ги кажувале нивните заклетви, Лоренс рекол: "Секој мој здив ќе биде завет за мојата љубов и верност кон тебе." Година по свадбата, Ундина му родила дете на Лоренс. Од тој момент таа почнала да старее. И како што таа стареела и ја губела својата убавина, Лоренс сè повеќе го губел својот интерес за неа.
Едно утро, Ундина одела крај една штала, кога го случнала препознатливото ’рчење на маж ѝ. Кога влегла внатре во шталата го видела него легнат во прегратките на друга жена. Ундина го разбудила својот маж, го вперила прстот кон него и ја кажала својата клетва: "Ми се заколна на верност со секој твој здив и јас ја прифатив твојата заклетва. Така и нека биде. Сè додека си буден ќе го имаш својот здив и ќе можеш да дишеш, но штом заспиеш, здивот ќе ти биде одземен и ти ќе умреш!"
Според една теорија на Парацелзус, Ундина е водна нимфа или воден дух, самиот елементал на водата. Обично се наоѓа крај шумски извори и водопади. Имаат убав глас, кој некогаш може да се наслушне низ звукот на водата. Според некои легенди, ундините не можат да ја добијат својата душа, освен ако не се венчаат со некој смртник. Овој аспект на нивното постоење им овозможил да станат популарен мотив во романтичната и трагичната литература.
Клетвата на Ундина
[уреди | уреди извор]„Клетвата на Ундина“ денес е медицински поим кој се однесува на една многу ретка состојба во која се губи неволевата контрола на дишењето, што резултира со потреба секој здив свесно да биде вдишуван и инициран. Доколку не се подложени на третман, пациентите кој го имаат овој редок синдром - како и мажот на Ундина во легендата - умираат кога ќе заспијат.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ундина“ на Ризницата ? |
- Легенди за водните духови
- Митови за божицата Ундина Архивирано на 14 јуни 2019 г.