Прејди на содржината

Унас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Унас
Oenas, Onnos, Unis, Wenis
Црн саркофаг од пирамидата на Унас
Фараон на Египет
Владеелне е сигурно; 15 до 30 години во средина на 24 век п.н.е., Петта дианстија
ПретходникЏедкаре Исеси
НаследникТети
СопружнициНебет, Кенут
Татковеројатно Џедкаре Исеси
Мајканепознато
ЗакопанУнасова пирамида

Унас или Венис, исто и Унис (староегипетски: wnjs, хеленизирана форма Oenas или Onnos), бил фараон, деветти и последен владетел од петтата династија на Египет за време на Старото Кралство. Унас владеел од 15 до 30 години во средината на 24 век п.н.е. (околу 2345-2315 п.н.е.), наследувајќи го Џедкаре Исеси, кој можеби бил негов татко.

Малку е познато за активностите на Унас за време на неговото владеење, што било време на економски пад. Египет ги одржувал трговските односи со брегот на Левант и Нубија, а во јужниот дел на Ханаан можеби се случила и воена акција. Растот и децентрализацијата на администрацијата, заедно со намалувањето на моќта на кралот, продолжиле за време на Унас, и конечно, придонеле за падот на Старото Кралство, околу 200 години подоцна.

Унас изградил пирамида во Сакара, најмалата од кралските пирамиди завршени за време на Старото Кралство. Придружниот мртовечки комплекс со високи и ниски храмови поврзани со 750 метри долг насип, биле раскошно украсени со насликани релјефи, чиј квалитет и разноликост ја надминуваат вообичаената кралска иконографија.[6] Понатаму, Унас бил првиот фараон кој ги напишал текстовите на Пирамидата и насликал на ѕидовите од коморите на неговата пирамида, главна иновација која била следена од неговите наследници до Првиот среден период (околу 2160-2050 година п.н.е.). Овие текстови го идентификуваат кралот со Ра и со Озирис, чиј култ бил во пораст во времето на Унас, и требало да му помогнат на кралот да стигне во задгробниот живот.

A yellow spherical jar inscribed with a falcon wrapping around the circumference.
Вазна од алабастер на Унас, Музеј Лувр[7]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Barsanti 1901, стр. 254.
  2. 2,0 2,1 Petrie 1917, p. 18 & p. 63.
  3. 3,0 3,1 Leprohon 2013, стр. 41, footnote 65.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Baker 2008, стр. 482.
  5. Leprohon 2013, стр. 40.
  6. Malek 2000a, стр. 102.
  7. Ziegler in Allen et al. 1999, стр. 361–362, "123. Jar inscribed with the name of king Unis".

Библиографија

[уреди | уреди извор]