Турбе
Во исламската архитектура, турбе или туљбе[1] претставува надгробен споменик, мавзолеј. Како такво турбето нема свои втемелување во самата исламска традиција, но под влијание на надворешни фактори се појавило помеѓу самите муслимани, првенствено Турците. Особено се исполило во традицијата на самите суфии, односно муслиманските аскети (езотеристи). Пресудно влијание за денешниот изглед на турбето извршиле Селџуците, кои делувале на промената на поединечните персиски елементи.
Овие надгробни објекти биле доста често градени по населбите низ Македонија. Во нив биле погребувани позначајни верски и световни личности и обично се наоѓааат во дворовите на џамиите или се поставувани слободно низ населбата, на некоја височинка со доминантна позиција. Може да биде потполно оградено со ѕидови или пак да почива врз столбови, односно отворено.
На територијата на Македонија позначајни се турбињата на Мустафа - паша во Скопје, турбето на Гази-Баба, турбето на Крал К'зи, турбето во Алаџа џамија, турбето на Али-паша од Дагестан и турбето во дворот на Шарената џамија во Тетово.