Прејди на содржината

Трета македонско-римска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трета македонско-римска војна
Дел од Македонско-римските војни
Датум 171 п.н.е. - 168 п.н.е.
Место Македонија, Илирија
Исход Победа на Римската Република
Територијални
промени
Македонија била поделена на 4 мериди
Завојувани страни
Римска Република, со Евмен II (Пергам) Македонија
Команданти и водачи
Лукиј Емилиј Павле Македоник Персеј

Третата македонско-римска Војна се одвивала од 171 п.н.е. до 168 п.н.е. Војната се водела помеѓу Римската Република и македонскиот крал Персеј.[1] Во 179 п.н.е. македонскиот крал Филип V умрел и неговиот честољубив и надарен син Персеј го наследил престолот. Персеј се оженил со Лаодика, ќерка на кралот Селевк IV и со тоа го зголемил бројот на својата армија. Исто така Персеј направил сојуз со племиња од Илирија и Тракија. Кралот изјавил дека ќе направи реформи и ќе ги поврати изгубените територии, мислејќи на карпестата и пуста Грција.

По почетните успеси на Персеј тој бил поразен од војската на Римската Република во Битката кај Пидна, 168 п.н.е. 27 000 македонски војници биле поразени бидејќи македонската фаланга не дејствувала соодветно. Кралот бил фатен и однесен во Рим. Голем број на македонски градови и села биле уништени.

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 886. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.