Томахавка
Изглед
Томахавка или томахавк — ладно оружје, вид мала секира што е карактеристична и користена од северноамериканските Индијанци. Се користи во блиска борба и како фрлачко оружје. Рачката е долга околу 50 до 60 см и е од дрво, додека масата на сечилото е 250 — 500 грама, а може да биде во различни облици и големини. Многу томахавки биле комбинирани со луле за пушење. Во почетокот остриот дел бил од камен, а подоцна од бакар и железо.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Haskew, Mike (2003-09-01). „Pipe Hawks“. Blade Magazine. 30 (9): 26–34.
- ↑ „томахавка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Дела поврзани со Томахавка на Викиизвор
|