Прејди на содржината

Тиџеј ван Гардерен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тиџеј ван Гардерен
Ван Гардерен на Париз-Ница 2013
Лични податоци
Цело имеТиџеј ван Гардерен
Роден12 август 1988(1988-08-12)(36 г.)
Такома,  САД
Висина1,86 м[1]
Маса72 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улога
  • возач (пензиониран)
  • спортски директор
Вид на возач
  • специјалист за искачување
  • специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2004–2005
2005–2006
2007
Рио Гранде
Тим 5280
ВМГ Рејсинг/САД Репрезентација
Професионални клубови
2008–2009
2010–2011
2012–2018
2019-2021
Континентал Рабобанк
Тим ХТЦ-Колумбија
Аксент.џобс-Вилемс Веранда
ЕФ Едукејшн Фирст
Менаџер на клубови
2022–ЕФ Едукејшн-ИзиПост
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2012)
2 ТТТ етапи (2015, 2018)
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2017)
Вуелта а Еспања
3 ТТТ етапи (2010, 2015, 2017)

Етапни трки

Сиркуито Монтањес (2009)
Трка околу Калифорнија (2013)
САД Про Сајклинг Челинџ (2013, 2014)

Тиџеј ван Гардерен (англиски: Tejay van Garderen; р. 12 август 1988 во Такома, Вашингтон) — поранешен американски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2008-2021 за екипите Рабобанк Континентал Тим, ХТЦ-Хајроад, Ванти-Груп Гобер и ЕФ Едукејшн-Нипо. По неговото повлекување како велосипедист, Ван Гардерен станал спортски директор за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[2]

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Тиџеј ван Гардерен е роден во Такома, Вашингтон, но поголемиот дел неговото детство го поминал во Монтана. Има холандско потекло и прилично добро го говори холандскиот јазик.[3] Започнал да вози на 10 години. Со 14 веќе го искачувал врвот Еванс за околу два часа..[4] Освоил 10 јуниорски национални првенства во друмски велосипедизам (друмска трка, критериум и хронометар) и велокрос.[5] Две од неговите рани екипи биле Тим Рио Гранде (2004–2005)[6] и Тим 5280 (2005–2006, сега дел од Гармин-Сервело)[7]

Под 23 години (2007–2009)

[уреди | уреди извор]

Прва голема сениорска трка на Ван Гардерен била на 18 години на Трката околу Калифорнија 2008, како дел од репрезентацијата. Ја напуштил трката на етапата 4.[8] Тој возел во САД и Европа во 2007 и завршил 20. на Тур де л’Авенир.

Ван Гардерен му се придружил на Рабобанк Континентал во 2008. Живеел во Холандија и бил втор на Флеш ду Суд и Сиркуто Монтањес. Освоил етапа на Тур де л’Авенир и дошол 24. на Светското друмско првенство за под 23 години во Варезе, Италија.

Ван Гардерен имал високи очекувања за Тур де л’Авенир во 2009. Двајца француски возачи, вклучувајќи го фаворитот, Ромен Сикар, оствариле голема разлика од 1 и пол минута од главната група на првата етапа. Ван Гардерен бил втор во генералниот пласман на една етапа до крајот. Ромен Сикар бил сигурен за победа, но бил казнет 2 минути за недозволена промена на велосипедот и неговото водство паднало на само 1 секунда, но доволно да го задржи Ван Гардерен од неговата најголема победа во неговата кариера.

Ван Гардерен му се приклучил на Тим ХТЦ-Колумбија следната година.[9]

ХТЦ-Колумбија (2010–2011)

[уреди | уреди извор]
Ван Гардерен на Тур де Франс 2011

Ван Гардерен дошол во екипата со најмногу победи во 2009, благодарение на спринтерите Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Завршил 9. на неговата прва етапна трка, Волта ао Алгарве, искачувајќи се 5. на етапата до врвот Алто до Малхао. На Трката околу Турција, дошол втор на две етапи и втор во генералниот пласман, 29 секунди зад Џовани Висконти.

Ван Гардерен го поддржувал водачот Мајкл Роџерс на 6. и 8. етапа на Трката околу Калифорнија. Завршил 28. во генералниот пласман, додека Роџерс ја освоил трката.

Ван Гардерен го започнал Критериум ду Дофине 2010 како заеднички водач на ХТЦ-Колумбија со Канстанцин Сивцов и Петер Велитс. Откако скоро го изненадил Алберто Контадор на прологот, тој стигнал до четвртото место на хронометарот на етапата 3 и се поместил до второто место во генералниот пласман. Сепак, изгубил време на планинските етапи и завршил трет.

Ван Гардерен возел силно на Вуелта а Еспања, имајќи две многу силни недели на трката. Потоа, паднал малку во формата, но сè уште бил вреден помагач на Петер Велитс, кој дошол до третото место во генералниот пласман на трката.

Во 2011 година, Ван Гардерен бил втор на етапата 3 на Волта ао Алгарве[10] и втор на воведниот хронометар на Тур де Свис (зад Фабијан Канчелара).[11] Неговата силна форма на Трката околу Калифорнија му ја донела маичката за најдобар млад возач. Тој бил дел од составот за Тур де Франс 2011. Ова бил негов прв Тур де Франс и тој возел во корист на Тони Мартин и Петер Велитс.[12] На осмата етапа, Ван Гардерен освоил доволно бодови на искачувањето од втора категорија за да ја заработи маичката во планинскиот пламсман и наградата за најборбен возач. Тој бил првиот Американец, кој ја облекол точкестата маичка во историјата на Тур де Франс (Грег Лемон кратко водел во планинскиот пласман во текот на Тур де Франс 1986, но бидејќи исто така бил и водач во генералниот пласман, тој не ја носел маичката). во текот на драматичната етапа 8, тој бил наречен „Bozeman Boss“ од коментаторот Фил Лигет[13] На Трката околу Јута, Ван Гардерен го освоил хронометарот на третата етапа.[14]

БМЦ Рејсинг Тим (2012–2018)

[уреди | уреди извор]
Ван Гардерен во текот на хронометарот на деветтата етапа на Тур де Франс 2012

Откако ХТЦ-Хајроад бил распуштен, Ван Гарден му се приклучил на Аксент.џобс-Вилемс Веранда заедно со неговиот колега од ХТЦ Марко Пиноти.[15] Ван Гардерен ја освоил маичката во пласманот за млад возач на Париз-Ница во почетокот на март,[16] носејќи ја маичката целата трка.

Ван Гардерен бил избран за Тур де Франс како еден од главните помошници за бранителот на титулата од претходната година, Кедел Еванс. Во првата недела возел одлично, доаѓајќи на четвртото место на прологот и носејќи ја белата маичка - за најдобро пласиран возач под 25 години во генералниот пласман - до етапата 7, кога загубил малку време на првата завршница на врв на Тур. Повторно се здобил со маичката по четвртото место на етапата 9, поединечен хронометар. На етапата 11, Ван Гардерен се обидел да му помогне на Еванс со неуспешен долг напад и се покажал посилен тој ден, наметнувајќи силно темпо на завршното искачување. На крајот завршил на петтото место во генералниот пласман станувајќи третиот Американец, кој го освоил пласманот за најдобар млад возач, по Грег Лемонд во 1984 и Ендру Хемпстен во 1986. Во август, Ван Гардерен завршил втор на САД Про Сајклинг Челинг 2012 зад Кристијан Ванде Велде (Гармин-Шарп).[17] Претходно победил на втората етапа на трката во спринтот со Ванде Велде, заработувајќи ја жолтата маичка на трката.[18] Ја предал маичката на неговиот сонародник следниот ден, но ја повратил на етапата 4, за повторно да ја изгуби на етапата 6.

Ван Гардерен во текот на хронометарот на шестата етапа на Трката околу Калифорнија 2013

Ван Гардерен ја започна сезоната 2013 со настап на Тур де Сан Луис, каде завршил втор во генералниот пласман. Исто така имал добри резултати на европските велосипедски трки, завршувајќи четвртти на Париз-Ница,[19] и трети на Критериум Интернасионал.[20] Во мај, Ван Гардерен ја освоил првата голема етапна трка во неговата кариера, Трката околу Калифорнија.[21] Возел одлично на сите клучни етапи, завршувајќи втор на втората етапа[22] и освојувајќи го поединечниот хронометар на шестата етапа.[23] Го одбранил водството на седмата етапа, која завршувала на нагорнина.[24] Сепак му недостасувала форма на Тур де Франс 2013, завршувајќи на 45. место.[25] Тиџеј имал добра форма и победил на САД Про Сајклинг Челинџ, кој се одржувал на високи надморски височини низ Колорадо.[26]

Рано во 2014 година ја освоил четвртата етапа на Волта а Каталуња, завршница до скијачкото одморалиште Валтер 2000.[27] На крајот ја завршил трката на третото место, седум секунди зад победникот на трката Хоаким Родригес.[28] Тур де Франс започнала со ридски терен во Јоркшир, каде Ван Гардерен завршил деветти на втората етапа до Шефилд, која ја освоил Винченцо Нибали.[29] Откако изгубил две минути во однос на Нибали на петтата етапа, која вклучувала калдрма – истата не ја одобрувал[30] – Ван Гардерен изгубил дополнителна минута два дена по пад.[31] Неговата екипа Ванти-Груп Гобер исто така го загубила Дарвин Атапума, кој скршил нога во истиот пад.[32] На остатокот од трката, Ван Гардерен завршувал шести или подобро на пет етапи, со што на крајот завршил петти,[33] откако трката завршила во Париз.[34] Го повторил својот успех од претходната година на САД Про Сајклинг Челинџ,[35] освојувајќи го генералниот пласман и две етапи,[36][37] завршувајќи ја сезоната со златен медал на екипниот хронометар на Светското друмско првенство.[38]

Во 2015 година, Ван Гардерен ја започнал својата сезона на Трката околу Оман, каде го освоил второто место зад Рафаел Валс.[39] Ван Гардерен дошол до неговата прва победа во сезоната на четвртата етапа на Волта а Каталуња, која претставувала кралска етапа на трката. Меѓутоа, бил далеку во генералниот пласман за да има некакво значење неговата победа.[40] Во јуни возел на Критериум ди Дофине како подготовка за Тур де Франс. Се борел со Крис Фрум, кој го победил во генералниот пласман за десет секунди, поради што завршил втор.[41] И покрај силните први две недели,[42] го напуштил Тур де Франс 2015 во текот на седумнаесеттата етапа поради болест еден ден по вториот ден за одмор. При напуштањето од трката се наоѓал на третото место во генералниот пласман.[43]

Одбрал да не учествува на Летните олимписки игри поради гружа за вирусот зика.

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[44] Ја освоил осумнаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2017,[45] со што стигнал до прва етапна победа на некоја голема трка. На Вуелта а Еспања 2017 имал добар почеток со победата на екипниот хронометар со Тим БМЦ на првата етапа и десеттото место во генералниот пласман, со што третпат успеал да заврши меѓу најдобрите десет на некоја голема трка.

На Тур де Франс 2018 бил вклучен во редок случај на израмнување за жолтата маичка по екипниот хронометар, кој го освоил БМЦ. Бидејќи немало поединечен хронометар за да ги измери времињата на возачит до илјадитиот дел од секундата, неговиот колега Ван Авермат ја добил жолтата маичка поради повисоките пласмани во рамки на главната група на претходните етапи.[46]

ЕФ Едукејшн Фирст (2019–2021)

[уреди | уреди извор]

Ван Гардерен се преселил во екипата ЕФ Едукејшн Фирст кога БМЦ го променил називот во Тим ССС, чија цел главно биле еднодневните трки.[47] На последното издание на Трката околу Калифорнија ја носел водечката маичка неколку етапи и завршил деветти. Потоа, имал добар резултат на Критериум ди Дофине завршувајќи на второто место.

Пред да пандемијата на КОВИД-19, Ван Гардерен имал цел да вози на Џиро и на Тур во 2020 година.[48]

Објавил дека ќе се повлече по националното друмско првенство 2021.[49]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2005
Национални јуниорски друмски првенства
2. Друмска трка
3. Хронометар
2006
1. Национално јуниорско хронометарско првенство
2008
1. Етапа 5 (ТТТ) Волта а Љеида
2. Краен пласман Флеш ди Сид
1. Етапа 2
2. Краен пласман Сиркуито Монтањес
4. Краен пласман Гран при Гијом Тел
1. Етапа 4
8. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 9
2009
1. Краен пласман Тур ди О-Анжу
1. Краен пласман Сиркуито Монтањес
2. Краен пласман Тур де По де Савоја
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
3. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Краен пласман Трка Олимпија
1. Пролог (ТТТ)
1. Етапа 5
6. Краен пласман Истарски пролетен трофеј
7. Де Вламсе Пејл
2010
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Трка околу Турција
3. Краен пласман Критериум ду Дофине
4. Краен пласман Тур де л’Ен
1. Пласман за млад возач
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
2011
1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Јута
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
3. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Пласман за млад возач
Тур де Франс
Награда за борбеност на етапата 8
2012
Светски друмски првенства
2. Екипен хронометар
4. Хронометар
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 2
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Пласман за млад возач
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Пласман за млад возач
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
2013
1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 6 (ITT)
1. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 5 (ITT)
2. Краен пласман Тур де Сан Луис
3. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Пласман за млад возач
4. Краен пласман Париз-Ница
7. Краен пласман Тур де Свис
2014
1. Светско првенство во екипен хронометар
1. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 3
1. Етапа 6 (ITT)
2. Краен пласман Трка околу Оман
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
5. Краен пласман Тур де Франс
6. Краен пласман Трка околу Баскија
2015
1. Етапа 9 (ТТТ) Тур де Франс
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Етапа 4 Волта а Каталуња
2. Краен пласман Трка околу Оман
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 3 (ТТТ)
2016
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Етапа 4 (ITT)
5. Краен пласман Волта а Каталуња
6. Краен пласман Тур де Свис
1st Stage 7
7. Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Тур де Романди
2017
1. Етапа 18 Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
2. Светско првенство во екипен хронометар
5. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 2 (ТТТ)
6. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
2018
1. Прилог Трка околу Јута
1. Етапа 3 (TTT) Тур де Франс
1. Етапа 1 (TTT) Тур де Свис
2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 4 (ITT)
3. Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Тур ди Финистер
2019
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
9. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2020
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка Колумбија
2021
3. Национално хронометарско првенствп

Распоред на резултатите

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Џиро 20 84
Тур 82 5 45 5 СО 29 32 СО 91
Вуелта 35 СО СО 10 СО 113
Распоред на резултатите на поважните етапи трки
Етапна трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
Париз-Ница 31 5 4 СО 16 СО 19 СО
Тирено-Адријатико 25 21
Волта а Каталуња 62 СО 3 30 5 5 17 СО НСО 70
Трка околу Баскија 65 СО 6 11
Тур де Романди СО СО 10 6 45 57
Критериум ди Дофине 3 14 13 2 2 82
Тур де Свис 11 7 6 35 37 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

  1. 1,0 1,1 „Tejay van Garderen profile“. Архивирано од изворникот на декември 27, 2013. Посетено на декември 27, 2013.
  2. Cash, Dane. „TEJAY VAN GARDEREN WILL BE A DS WITH EF EDUCATION-NIPPO“. Cycling Tips. Посетено на August 13, 2021.
  3. „De Nederlandse stamboom van Tejay Van Garderen“. ZIE.nl. 16 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 19 мај 2013.
  4. Врв Еванс 7/25/03 Архивирано на 21 септември 2010 г.. bicyclerace.com
  5. Интервју со Тиџеј ван Гардерен Архивирано на 14 јули 2014 г., Velocity Nation
  6. Околу тимот | Тим Рио Гранде Архивирано на 9 август 2012 г.. Riograndecycling.com. 22 август 2011.
  7. www.cyclingnews.com. Autobus.cyclingnews.com. 22 август 2011.
  8. Two world champs go one-two in SLO. Трка околу Калифорнија – 2.HC САД, 18-25 февруари 2007. Етапа 4 – 22 февруари: Сисајд до Сан Луис Обиспо, 213,4 км. CyclingNews
  9. Американецот Тиџеј ван Гардерен оди во Колумбија-Хајроад следната година Архивирано на 15 септември 2016 г., VeloNews
  10. Тиџеј ван Гардерен - Тим ХТЦ – Хајроад Архивирано на 24 септември 2011 г.. Highroadsports.com. 2011-08-22.
  11. АФП: Канчелара победи на воведниот хронометар на Тур де Свис. Google.com (2011-06-09). 2011-08-22.
  12. Ван Гардерен како поддршка на Кевендиш и Мартин на Тур де Франс. Cyclingnews.com (2011-06-29). 2011-08-22.
  13. One and Done? | Bicycling Magazine Архивирано на 1 јули 2012 г.. Bicycling.com. 2011-08-22.
  14. Трка околу Јута: Тиџеј ван Гардерен добил роденденски подарок со етапната победа | The Salt Lake Tribune. Sltrib.com. 2011-08-22.
  15. „БМЦ потпишува со Пиноти и Ван Гардерен“. Cycling News. Future Publishing Limited. 1 септември 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
  16. „Вигинс не така лесно на Ез“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. 11 март 2012. Посетено на 11 март 2012.
  17. „Vande Velde stuns Leipheimer, taking overall victory“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 август 2012. Посетено на 24 октомври 2012.
  18. John Henderson (22 август 2012). „Tejay van Garderen wins second stage of USA Pro Challenge“. TheDenverPost. 2012 The Denver Post. Посетено на 25 октомври 2012.
  19. „Париз-Ница 2013 – Извештај за трката“. Cyclingen. Cyclingen. 16 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 25 март 2013.
  20. „Chris Froome wins Criterium International in Impressive SKY One-Two“. Cyclingen. Cyclingen. 24 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 25 март 2013.
  21. „Peter Sagan takes finale as Tejay van Garderen wins 2013 Amgen Tour of California“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 19 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 26 мај 2013.
  22. Кајл Мур (13 мај 2013). „Tour of California: Janier Acevedo conquers hellish stage two summit finish“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 13 мај 2013.
  23. „Tejay van Garderen wins Tour of California 6th stage“. USA Today. The Associated Press. 17 мај 2013. Посетено на 18 мај 2013.
  24. Лора Вајсло (18 мај 2013). „Tour of California: Konig king of Mt Diablo“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 19 мај 2013.
  25. Даниел Бенсон (21 јули 2013). „Кител победи на Шанзелизе“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 август 2013.
  26. „Тиџеј ван Гардерен победи на САД Про Челинџ“. USA Today. Associated Press. 25 август 2013. Посетено на 16 октомври 2013.
  27. „Van Garderen wins stage 4 of Volta a Catalunya“. VeloNews. Competitor Group. March 27, 2014. Посетено на June 5, 2022.
  28. Fotheringham, Alasdair (March 30, 2014). „Rodriguez triumphs on home soil in Volta a Catalunya“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на June 5, 2022.
  29. „Tour de France 2014: Vincenzo Nibali wins stage two in Yorkshire“. BBC Sport. BBC. July 6, 2014. Посетено на June 5, 2022.
  30. Decaluwé, Brecht (July 9, 2014). „Van Garderen feels Tour de France should not include cobbled stages“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на June 5, 2022.
  31. Bull, Nick (July 11, 2014). „Tejay van Garderen downplays Tour de France stage seven crash“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на June 5, 2022.
  32. Keaten, Jamey (July 11, 2014). „Van Garderen takes tumble at Tour de France“. Fort Collins Coloradoan. Gannett. Associated Press. Посетено на June 5, 2022.
  33. Benson, Daniel (July 26, 2014). „Van Garderen seals top five in Tour de France as Bardet flats“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на June 5, 2022.
  34. „Classements à l'issue de l'étape 21“. Le Tour de France. Amaury Sport Organization. July 2014. Архивирано од изворникот на September 4, 2017. Посетено на September 18, 2014.
  35. Wynn, Nigel (August 25, 2014). „Tejay van Garderen wins USA Pro Challenge“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на June 5, 2022.
  36. „USA Pro Challenge: Van Garderen triumphs on Monarch Mountain“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. August 20, 2014. Посетено на June 5, 2022.
  37. Malach, Pat (August 23, 2014). „USA Pro Challenge: Van Garderen repeats as Vail time trial winner“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на June 5, 2022.
  38. Fotheringham, Alasdair (September 21, 2014). „World Championships: BMC win men's TTT“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на June 5, 2022.
  39. O'Shea, Sadhbh (February 22, 2015). „Brändle wins final stage of Tour of Oman“. cyclingnews.com. Посетено на February 23, 2015.
  40. „Волта а Каталуња: Ван Гардерен победи на кралската етапа“. Cyclingnews.com. Future plc. 26 март 2015. Посетено на 26 март 2015.
  41. „Фрум победи на крај и трката на Критериум ди Дофине“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 јуни 2015. Посетено на 30 јуни 2015.
  42. „Американецот Тиџеј ван Гардерен педалира кон подиум на Тур де Франс“. Richmond Times Dispatch. 23 јули 2015.
  43. „Тиџеј ван Гардерен морал да го напушти Тур де Франс поради болест на седумнаесеттата етапа“. The Guardian. 22 јули 2015. Посетено на 22 јули 2015.
  44. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  45. „Giro d'Italia: Van Garderen wins in St. Ulrich“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 25 мај 2017. Посетено на 3 јули 2017.
  46. Закарди, Ник (9 јули 2018). „Tejay van Garderen misses Tour de France yellow jersey on tiebreak“. NBC Sports. Посетено на 3 август 2018.
  47. „EF Education First Pro Cycling“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на January 2, 2019. Посетено на January 3, 2019.
  48. Dreier, Fred (December 12, 2019). „Tejay van Garderen hoping for Giro-Tour double in 2020“. VeloNews. Pocket Outdoor Media. Посетено на August 23, 2020.
  49. „Tejay van Garderen to retire following U.S. national championships“. VelowNews. Pocket Outdoor Media. Посетено на August 13, 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]