Прејди на содржината

Тихи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тихи
Тихи во август 2009
Тихи во август 2009
Грб на Тихи
Држава Полска
Војводство Шлеско Војводство
Површина
 • Вкупна81,64 км2 (3,152 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно129.322
 • Густина1.600/км2 (4,000/ми2)
Мреж. местоhttp://www.umtychy.pl

Тихи (полски: Tychy) — град во Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство, на околу 20 километри јужно од Катовице. Сместен на јужната граница на горношлеската индустриска област, градот граничи со Катовице на север, Миколув на запад, Бјеруњ на исток и Кобјур на југ. Низ него тече реката Гостиња, која е притока на Висла.

Од 1999 година, Тихи е дел од Шлеското Војводство, област која содржи 71 локален град. Тихи е исто така и еден од градовите основачи на Горношлеското метрополско здружение, економски и политички сојуз формиран со цел доведување на најнаселените шлески подрачја под едно заедничко управно тело.

Тихи е познат по својата пиварска индустрија и по својот меѓународно познат бренд Tyskie, кој датира од 17 век. Од 1950 година, Тихи брзо се развива, главно како резултат на повоените социјалистички политики за раширување на населението во индустриската Горна Шлеска.