Темјанушковидни
Изглед
Темјанушковидни (науч. Violales) — ред на цветни растенија наречен по семејството темјанушки (Violaceae) што ја содржи. Фигурира во неколку системи, со тоа што некои го користат називот Parietales за слични групирања. Во постариот, но влијателен Кронквистов систем (верзија 1981), редот темјанушковидни бил сместен во поткласата дилении (Dilleniidae) и се состоел од долунаведените семејства. Системот на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG)[1] воопшто не го признава овој ред.[2] Темјанушките се сместени во редот малпигиовидни (Malpighiales), а другите семејства се распоредени по разни други редови (укажани подолу).
- ред Темјанушковидни (Violales)
- семејство анцистрокладови (Ancistrocladaceae) → ред каранфиловидни (Caryophyllales)
- семејство ахарии (Achariaceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство бегонии (Begoniaceae) → ред тиквовидни (Cucurbitales)
- семејство бикси (Bixaceae) → ред слезовидни (Malvales)
- семејство врежови (Tamaricaceae) → ред каранфиловидни (Caryophyllales)
- семејство датиски (Datiscaceae) → ред тиквовидни (Cucurbitales)
- семејство дионкофили (Dioncophyllaceae) → ред каранфиловидни (Caryophyllales)
- семејство лавадани (Cistaceae) → ред sлезовидни (Malvales)
- семејство лацистеми (Lacistemataceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство лоази (Loasaceae) → ред дреновидни (Cornales)
- семејство малшербии (Malesherbiaceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales), изборно во часовничиња (Passifloraceae)
- семејство папаи (Caricaceae) → ред зелковидни (Brassicales)
- семејство перидискови (Peridiscaceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство стахиури (Stachyuraceae) → ред крососомовидни (Crossosomatales)
- семејство часовничиња (Passifloraceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство сцифостегии (Scyphostegiaceae) → ставени во семејството врби (Salicaceae), ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство темјанушки (Violaceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство тернери (Turneraceae) → ред малпигиовидни (Malpighiales), изборно во часовничиња (Passifloraceae)
- семејство тикви (Cucurbitaceae) → ред тиквовидни (Cucurbitales)
- семејство флакуртии (Flacourtiaceae) → ставени во семејството врби (Salicaceae), ред малпигиовидни (Malpighiales)
- семејство франкении (Frankeniaceae) → ред каранфиловидни (Caryophyllales)
- семејство Фукјерии (Fouquieriaceae) → ред вресовидни (Ericales)
- семејство Хоплестигми (Hoplestigmataceae) → неутврдена положба
- семејство хуи (Huaceae) → еврозиди I (непосредно ставени)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ APG II и APG III
- ↑ Таксономски статус на Темјанушковидните (Violales) - ITIS (англиски)