Прејди на содржината

Тегобност (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тегобност
АвторЖан Пол Сартр
Изворен насловLa Nausée
ПреведувачМирјана Чепинчиќ Јовановска
Јазикфранцуски
ИздавачКултура
Издадена
1966
Страници275 страници

Тегобност (француски: „La Nausée“) е роман на филозофот егзистенцијалист Жан Пол Сартр издаден во 1938 година. Тоа е негов прв роман.[1] и според негово мислење, едно од неговите најдобри дела.[2]

Романот се случува во Бувил (француски 'Bouville' што буквално би значело, 'Каллив град') град налик Ле Авр,[3] и се однесува на еден историчар, кој станува убеден дека неживите предмети и ситуации ја загрозуваат неговата способност да се дефинира себеси, дека влијаат врз неговата интелектуална и духовна слобода, до степен на тегобност.

Овој роман е едно од канонските дела на егзистенцијализмот[4] и се смета за едно од најдобрите остварувања во егзистенцијалната литература. Ликот Антоан Рокантен е всушност самиот Сартр дури и многу детали од романот се поклопуваат со моментите од животот на авторот.

Делото на македонски за првпат било преведено во 1966 и објавено од издавачката куќа Култура.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Интиутивното осознавање на физичкото битие е темата на Сартровиот роман „Тегобност“. Романот претставува филозофско размислување или една обемна анализа на психолошката состојба на главниот јунак Антоан Рокантен. Дејството, односно отсуството на дејство преточено во анализа се одвива во вид на дневник што Рокантен започнува да го води за да ги открие во себе и околу себе причините што ги предизвикува некаква чудна психофизиолошка состојба која се појавува во него, Рокантен е историчар кој по долго патување низ Европа, Централна Африка и Далечниот Исток доаѓа во градот Бувил за да го изучува минатото на маркизот Ролбон и да пишува книга за него.

Еден ден Рокантен со збрканост и страв открива дека нешто се случува во него. Тој почнува да го чувствува оној егзистенцијалистички страв и забележува дека му се јавува одвратност кон реалните нешта. Улиците, низ кои луѓето спокојно се шетаат за него се извор на физичка тегобност, камчето на брегот што ќе го допре со рака, извалканата хартија што се тркала во калта, испотената рака на неговиот познаник... сето тоа го доживува кога ќе ја допре кваката, кога ја гледа чашата со пиво, па дури и кога се гледа себеси во огледалото. Рокантен не може да најде спокојтво ни во сопствената соба каде што е опкружен со обични предмети, ниту на улицата исполнета со луѓе, обични, глупави вршители на секојдневните работи, несвесни за своето постоење.

Бувил за Рокантен претставува работилница составена од подлизурковци и суетни подлеци. Истото чувство го следи и низ прошетката низ уметничката галерија каде што двајца локални прочуени сликари ги имаат направено портретите на сите видни и заслужни личности од градот. За Рокантен тие лица што гледаат спокојно од ѕидовите се само празни траги на нивното некогашно суштествување.

Ова чувство на одвратност кон сè и сешто е предизвикано од неговата немоќ да го разбере надворешниот свет и да го смета за нешто што постои само за себе, а не е измислица на духот. Во романот "Тегобност" Сартр го доведува чувството на мачнина до страв и агонија. Рокантен ќе се обиде да побара спас од ова чувство во враќањето на својата некогашна љубов. Но, наместо очекуваното засолниште, тој ќе најде само стари спомени кои се празно минато и едно суштество кое веќе не може да има ништо заедничко со него.

Кај Антоан Рокантен чувството и сознанието дека постои почнува да се јавува ненадејно, кога во еден градски парк во Бувил го набљудува коренот на едно големо костеново дрво и доаѓа до сознанието дека фактот за постоењето се состои всушност во присутноста/да постоиш тоа значи да бидеш тука, да егзистираш.

Рокантен се труди да ја открие чистата состојба на постоењето, на животот, состојба ослободена од физичкото опстојување. Тој верува дека се доближува до тоа откритие. Оваа верба кај него доаѓа од чувството на среќа што го обзема додека ја слуша плочата со џез музика. Таа мелодија физички не постои, но сепак е тука, таа живее и го исполнува воздухот околу него. Тогаш тој заклучува дека „да постоиш значи да немаш ништо отповеќе“.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Аронсон, Роналд (2004) Ками и Сартр, стр. 11-12[5]
  • Барет, Вилијам (1990) Нерационалниот човек: студија на егзистенцијалната филозофија[6]
  • Бест, Викторија (2002) Вовед во француската книжевност на 20 век[7]
  • Дрејк, Дејвид (2005) Сартр[8]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Jean-Paul Sartre - Biography“. Nobelprize.org. Nobel Media AB. Посетено на 29 Dec 2010.
  2. Charlesworth, Max (1976). The Existentialists and Jean-Paul Sartre. University of Queensland Press. стр. 154. ISBN 0-7022-1150-8. I would like them to remember Nausea, one or two plays, No Exit and The Devil and the Good Lord, and then my two philosophical works, more particularly the second one, Critique of Dialectical Reason. Then my essay on Genet, Saint Genet.... If these are remembered, that would be quite an achievement, and I don't ask for more.
  3. Carruth, Hayden (1964). Jean-Paul Sartre (уред.). Nausea. New York: New Directions. стр. v – xiv. ISBN 0-8112-0188-0.
  4. Crowell, Steven, "Existentialism", The Stanford Encyclopedia of Philosophy (Winter 2010 Edition), Edward N. Zalta (ed.), http://plato.stanford.edu/archives/win2010/entries/existentialism/. Retrieved April 22, 2012. "Existentialism was as much a literary phenomenon as a philosophical one. Sartre's own ideas were and are better known through his fictional works (such as Nausea and No Exit) than through his more purely philosophical ones (such as Being and Nothingness and Critique of Dialectical Reason..."
  5. 1938-, Aronson, Ronald (2004). Camus & Sartre : the story of a friendship and the quarrel that ended it. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226027961. OCLC 52477208.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  6. 1913-1992, Barrett, William. Irrational man : a study in existential philosophy (Anchor books. изд.). Garden City, New York. ISBN 0385031386. OCLC 5976348.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  7. 1969-, Best, Victoria (2002). An introduction to twentieth-century French literature. London: Duckworth. ISBN 0715631667. OCLC 49238987.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  8. 1946-, Drake, David (2005). Sartre. London: Haus. ISBN 1904341853. OCLC 58050910.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)